Врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 275/19 и 122/21) и Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад бр. 41-6169/5 од 11.07.2023 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/23 од 17.07.2023 година), Агенцијата за администрација објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад


Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик.

Преземањето на движните ствари е без надомест.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари кои се предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно законските прописи.

Движните ствари кои се предмет на јавниот повик се детално опишани во Прилог 1 и истите се наоѓаат во просториите на Агенцијата за администрација на следната локација: ул. „Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје и

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање преработка и рециклирање и уништување на отпад, издадена од надлежен орган.

Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Неда Даниловска, телефон за контакт: +389 23094 231, 076 446 819, електронска адреса: n.danilovska@aa.mk.

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично во просториите на Агенцијата за администрација, ул. ,,Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје (лоцирана во зградата на Министерството за економија) или електронски, објавена на веб страната на Агенцијата за администрација на следниот линк

Инструкции по јавен повик (линк)

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 15.09.2023 година до 15:00 часот.

                                                           

Комисија за расходување на основни средства

во Агенцијата за администрација

    Претседател,

     Горан Цветковски