СПИСОК НА ВРАБОТЕНИ ВО АА:


УПР0101А02000 Генерален секретар
м-р Александар Алексовски
Тел: +389 2 3094-232; Факс: +389 2 3082-937
е-маил: a.aleksovski@aa.mk

Ниво и звање: А2 - Генерален секретар
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: Директорот на Агенцијата 

Работни цели:
- oбезбедување на ефикасно и ефективно раководење со вработените во Агенцијата;
- oбединување на работата на Агенцијата; и
- поддржување на работата на директорот на Агенцијата. 

Работни задачи и обврски:
- раководи со вработените, организира редовни колегиуми и дава упатства на раководните и другите административни службеници во Агенцијата, особено во контекст на управувањето со човечките ресурси;
- одговара за изработката и остварувањето на стратешкиот план, програмата за работа и буџетот на Агенцијата и за спроведувањето на општите и поединечните акти на Агенцијата;
- се грижи за ажурноста во работата по предметите,  изготвува концепции за унапредување на организацијата и на условите за работа во Агенцијата;
- одговара за функционирањето на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ИСО 9001:2008, воспоставен во Агенцијата;
- решава за правата, обврските и одговорностите на административните службеници и другите вработени во Агенцијата, кога тоа е уредено со закон;
- го донесува годишниот план за обуки на административни службеници;
- се грижи и одговара за спроведувањето на системот за управување со ефектот на административните службеници во Агенцијата;
- соработува со други државни органи, органи на локалната власт, домашни и меѓународни организации, како и со претставници на стопанството и на граѓанскиот сектор.

Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.