СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТРУЧНИ РАБОТИ И АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ


УПР0101B01000 Советник

Јадранка Петрова
Тел: 3094-227
j.petrova@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за стручни работи и архивско и канцелариско работење


Работни цели:
- стручно и ефикасно спроведување на прописите за јавни набавки;
- промоција на Агенцијата на меѓународен план;


Работни задачи и обврски:
- изработува барања за јавни набавки, технички спецификации и извештаи;
- изработува потребна документација за набавки на стоки и услуги;
- изработува меморандуми и договори за соработка со меѓународни институции и други организации и ги координира активностите поврзани со изготвување на нацрт-договори за соработка со меѓународни институции и органи;
- ја координира билатералната и мултилатералната соработка со меѓународните институции, преку воспоставување на директни и редовни контакти со надлежните државни органи и донаторите;
- изготвува планови и програма за меѓународна соработка на Агенцијата, организира студиски посети на сродни институции, со цел унапредување на квалитетот на работењето на Агенцијата;
- ги организира службените патувања на вработените во Агенцијата во земјата и во странство;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административни службеници од пониско ниво;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Правни науки, Политички науки или Социологија
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.