СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТРУЧНИ РАБОТИ И АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ


УПР0101B01000 Советник

Неда Даниловска
Тел: 3094-231
n.danilovska@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 1 (еден)
Одоговорен пред: раководителот на Одделение за стручни работи и архивско и канцелариско работење


Работни цели:
- координација и поддршка во спроведувањето на функциите од делокруг на работата на директорот, преку самостојно вршење сложени административно стручни  и технички  задачи


Работни задачи и обврски:
- врши прегледување и распоредување на предметите и другите документи по организациски единици според Планот за архивските знаци, прием и средување на предметите и другите документи на директорот, како и чување на материјалите за потребите на директорот;
- врши средување на предметите и другите документи,  доставени на потпис и увид кај директорот и води евиденција за истите;
- води потсетник за состаноци на директорот, врши координација при подготовувањето на состаноците на директорот и води службени белешки од разговорите, како и подготовување, известување за дневниот ред и терминот за одржување и следење на реализацијата на заклучоците од Стручниот колегиум на Агенцијата;
- го координира и администрира системот Е-Влада за навремено проследување на материјалите до вработените;
- врши прием и упатување на странките кај директорот, како и воспоставување внатрешни и надворешни телефонски и електронски врски за потребите на директорот;
- учествува во подготвувањето и организирањето на службените патувања на директорот во земјата и странство;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административни службеници од пониско ниво;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Социјална работа и социјална политика
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.