Список на вработени во АА:

Одделение за управување со човечки ресурси

 

Одделение за управување со човечки ресурси ги врши следните работи:

- носител е на активностите за изработување на Функционална анализа на Агенцијата;
- врши методолошка, организациска и техничка подршка во постапката за изработката на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во Агенцијата;
- подготвува годишен план за вработување на административните службеници и извештаи за реализација на плановите за вработување;
- подготвува барање за внесување, промена односно бришење на податоци во Каталогот на работните места во јавниот сектор;
- подготвува барање за објавување на јавен оглас  и барање за известување за обезбедени финасиски средства од Министерство за финансии;
- делегира членови  во Комисијата за селекција од вработените во Одделението;
- подготвува предлог Одлука за избор по спроведениот јавен оглас за вработување на административен службени во Агенцијата и се грижи за нејзино доставување до избраниот кандидат и Секторот за селекција на кандидати за вработување заради објавување на интернет страницата и огласната табла на Агенцијата;
- подготвува предлог решенија за вработување и плата на административните службеници и им обезбедува пристап до актите за внатрешна организација и систематизација на Агенцијата, Кодексот за вработените во Агенција за администрација и други законски и подзаконски акти релевантни за Агенцијата и работното место на кое се вработува;
- го организира потпишувањето на изјавата за прифаќањето на заедничката мисија за вработените во јавниот сектор, нејзино врачување и чување во работното досие на административниот службеник;
- носител е на активностите во врска со постапка за унапредување и мобилност на административите службеници вработени во Агенцијата;
- подготвува предлог одлука за вршење на избор-неизбор по интерниот оглас, се грижи за  нејзино доставување  до кандидатите за унапредување и објавување на веб страницата на Агенцијата;
- подготвува решенија за унапредување и плата на административен службеник,
- подготвува договор за уредување на меѓусебните права и обврски помеѓу Агенцијата и административниот службеник кој е упатен на специјализирана обука за потребите на Агенција;
- ги координира активностите за донесување на индивидуален план за стручно усовршување за секој административен службеник и обуките за административно управување;
- изработува годишниот план за обуки на административен службеник и  извештаи за реализација на планот;
- ги координира активностите при спроведување на менторството;
- го организира и координира системот за управување со учинокот на административните службеници вработени во Агенцијата;
- изработува решение за формирање на Комисија за спроведување на оценувањето и за определување на времето и местото на спроведување на оценувањето;
- учествува во постапката за пресметување на годишната оценка и се грижи за доставување на образецот за оценување на административниот службеник;
- го изработува извештајот со ранг листа на годишни оценки за административните службеници и се грижи за негово доставување до МИОА;
- го координира активностите по жалбите  на  административните службеници вработени во Агенцијата против  постапката за оценување и се грижи за нивно проследување до надлежниот второстепен орган;
- ги координира активностите во постапката за оценување во други околности;
- изработува поединечни решенија за административните службеници врз основа на ранг листа на годишни оценки за тековната година;
- изработува годишен извештај за изречени мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност;
- изработува поединечни решенија за регулирање на правата и обврските од работниот однос на административниот службеник, додатоци на плата, надоместоци на плата, плата за време на суспензија, плата за време на специјализирани обуки за стручно усовршување, за време на штрајк, престанок на вработување и слично;
- дава стручна подршка при спроведување на менторство;
- води база на податоци во врска со управувањето со човечките ресурси;
- врши работи кои произлегуваат од Законот за евиденциите од областа на трудот, Законот за заштита на личните податоци, Законот за здравствено осигурување, Закон за заштита при работа, Законот за безбедност и здравје при работа и слично.
- учествува во подготвувањето на Стратешкиот план на Агенција за администрација и Планот за спроведување на Програмата за работа со посебен осврт на влијанието врз човечките ресурси и примената на начелото за соодветна и правична застапеност;
- дава придонес при подготвувањето на Програмата за работа и Извештајот за работа на Агенција за администрација;
- предлага и развива процедури од надлежност на одделението;
- соработува со другите сектори и самостојни одделенија во Агенцијата;
- врши и други работи од надлежност на Одделението.

 

Работни места:

...Виш соработник за управување со ситемот за управување со ефектот на аднминистративните  службеници

...Помлад соработник за вработување, унапредување, мобилност, службенички односи и информативен систем за управување со човечки ресурси

...Помлад соработник за стручно усовршување и персонална евиденција