ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ПОВРЗАНИ СО ПРАВОТО НА ПРИГОВОР НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ
За сите прашања во врска со работниот однос за кои со закон не е утврдено правото на жалба, административниот службеник има право да поднесе приговор до Агенцијата во рок од осум дена. Одредбите од овој закон кои се однесуваат на рокот и постапката за решавање на жалбата соодветно се применуваат за приговорот.