ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ПОВРЗАНИ СО ПРАВОТО НА ЖАЛБА НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

- Вработување на кандидат за административен службеник (Одлука за избор)

Против одлуката за избор, незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата, односно до надлежен орган согласно со овој закон.

- Унапредување на административен службеник /интерен оглас

Против одлуката за избор на кандидат во постапката за унапредување/интерен оглас, незадоволниот административен службеник има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата, односно до надлежен орган согласно со овој закон.

- Управување со ефектот на административен службеник/ Оценување на ефектот на административен службеник 

 Против постапката за оценување, незадоволниот административен службеник има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата, односно до надлежен орган со овој закон.

- Дисциплинска одговорност

 Против одлуката за изречена дисциплинска мерка за дисциплинска неуредност, незадоволниот административен службеник има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата односно до надлежен орган согласно со овој закон. 

Против решението за изречена дисциплинска мерка за сторен дисциплински престап, незадоволниот административен службеник има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата.

- Материјална одговорност

 Против одлуката за утврдена материјална одговорност, незадоволниот административен службеник има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата, односно до надлежен орган согласно со овој закон.

- Престанок на работниот однос на административeн службеници

 Против решението за престанок на работниот однос административниот службеник има право во рок од осум дена да поднесе жалба до Агенцијата, односно до надлежен орган согласно со овој закон.