ДЕМАНТ НА ВЕСТ
објавена во „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“
Агенцијата за администрација ја демантира во дел веста објавена на ден 31.07.2025 година од страна на Друштвото за издавање и маркетинг „Слободен печат“ ДОО Скопје, на нивната веб - страница под наслов„ Фабрика за препишувачи во Агенцијата за администрација“
Демантот се однесува на насловот на текстот „Фабрика за препишувачи во Агенцијата за администрација“, на делот од текстот кој гласи: „Таквата пракса завршува денес“, како и на последниот пасус од текстот.
Напоменуваме дека за трите лица кои се споменуваат во наведениот текст се водеа судски постапки, утврдена е кривична одговорност и на истите им престана работниот однос во Агенцијата во август 2024 година врз основа на судските пресуди.
Од март 2025 година Агенцијата за администрација има ново раководство и од тие причини, го демантираме делот од текстот „Таквата пракса завршува денес“ бидејќи текстот се однесува на работењето на тие лица и во периодот на претходното раководство.
Во однос на последниот пасус од текстот, Ве известуваме дека согласно член 40 став (6) од Законот за административни службеници[1] Агенцијата за администрација има законска обврска за објава на базата на прашања и прописите во кои може да се најде одговорот на прашањето.
Во оваа насока, би сакале да истакнеме дека Агенцијата за администрација при спроведување на постапката на полагање на испити (испит за административен службеник и испит за административно управување) доследно ги спроведува одредбите од Законот за административни службеници и подзаконските акти.
Најостро го осудуваме ваквото ширење на невистинити за сегашното работење на Агенцијата за администрација бидејќи сметаме дека на овој начин само се нанесува штета на кредибилитот на институцијата.
Согласно наведеното, бараме овој демант да биде објавен на веб страната на Друштвото за издавање и маркетинг „Слободен печат“ ДОО Скопје.
Со почит,
Агенција за администрација