СООПШТЕНИЕ
за стекнување со сертификат за примена на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот MKС EN ISO 9001:2015
Агенцијата за администрација на 05.11.2018 година се стекна со Сертификат за примена на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот MKС EN ISO 9001:2015, во опсег: Организација и спроведување на постапки за вработување на административни службеници и одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен.
Поседувањето сертификат за примена на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот MKС EN ISO 9001:2015 придонесува за препознатливост на Агенцијата за администрација како една од институциите од стратешко значење во процесот на создавање, развој и одржливост на професионална и компетентна администрација во Република Северна Македонија и зајакнување на нејзината правна сигурност.