СООПШТЕНИЕ
за кандидатите за селекција за вработување на административен службеник и за институциите во јавниот сектор
Врз основа на член 8-а став (1) алинеја 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 42/20, 74/21, 215/21, 58/24 и 76/24), а согласно Решението за распишување на избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 167/2025), започнатите постапки за вработување на административни службеници се ставаат во мирување.
За продолжување на постапките за селекција на кандидати за вработување на административни службеници, Агенцијата за администрација ќе донесе посебно решение.
09.08.2025 година
АГЕНЦИЈА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА