Лице за контакт

СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН И ЈАВЕН СЛУЖБЕНИК

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ВРАБОТУВАЊЕ НА ЈАВЕН СЛУЖБЕНИК


РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ВРАБОТУВАЊЕ НА ЈАВЕН СЛУЖБЕНИК

Звање: раководител на одделение

Број на извршители: 1 (еден)

Одговорен пред: раководител на сектор

Цел на работното место: развивање и обединување на политиките во врска со постапките за селекција и вработување на јавен службеник, нивна координација и спроведување, како и поддршка на работата на раководителот на секторот .

Работни должности:

-раководи, ја организира, насочува и координира работата на одделението;

-изготвува план за работа на одделението и се грижи за неговата реализација, ги распоредува работните задачи во одделението и извршува непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите и задачите;

-се грижи за правилната примена на стандардите и на критериумите за административна селекција на пријавените кандидати при вработувањето на јавен службеник;

-презема мерки во врска со објавување на јавен оглас по барања од институциите од член 3 точка 2 од Законот за јавните службеници за потреба од нови вработувања;

-подготвува периодични и годишни извештаи за работата на одделението и прегледи за спроведените постапки за селекција и вработување на јавен службеник;

-одговара за навремено, законско и квалитетно извршување на работите и на задачите во одделението;

-остварува редовни контакти со другите раководители на одделенијата во секторот и разменува информации и искуства;

-врши следење, вреднување и оценување на остварените резултати во работата на државните службеници во одделението и

-одговара за својата работа во рамките на своите овластување и врши други работи кои ќе му бидат доверени.

Посебни услови потребни за вршење на работата:

Степен на образование: Стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен

Вид на образование: Хуманистички науки

Работно искуство во струката: Најмалку 4 години од кои 1 година во државната служба

Странски јазици: //

Вештини: Познавање на работа со компјутер

Лични способности:

-одлични раководни способности;

-способност за работа под притисок и извршување на работни задачи со рок;

-исполнителност, самоиницијативност, чесност и лојалност;

-ефективна вербална и писмена комуникација;

-способност за тимска работа;

-организациски вештини.