ЛИСТА НА ПРАШАЊА ЗА ИСПИТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ (ОПШТ ДЕЛ)


Закон за прекршоци


1. Прекршочната постапка не може да се поведе ниту да се води ако поминат:

а) две години од денот кога е сторен прекршокот

б) една година од денот кога е сторен прекршокот

в) три години од денот кога е сторен прекршокот

 

2. Изречената прекршочна санкција не може да се изврши ако од денот на правосилноста на одлуката за прекршокот поминале:

а) една година

б) три години

в) две години

 

3. Надлежните државни органи овластени за поведување на прекршочна постапка се должни да му предложат на сторителот на прекршокот една од забрзаните постапки, пред да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка, ако:

а) странката тоа го побара

б) тоа е определено со закон

в) инспекторот тоа го побара

 

4. Против одлуката за прекршок што ја донел прекршочниот орган може да се поднесе жалба преку прекршочниот орган до:

а) ресорниот министер

б) инспекциски совет

в) државна комисија

 

5. Против пресуда и решение на првостепениот суд може да се изјави


а) тужба пред Управен суд

б) жалба до второстепениот суд

в) жалба до инспекциски совет

 

6. Против одлуката за прекршок што ја донела Државната комисија  може да се поднесе:

а) жалба до Врховен суд

б) жалба до Виш управен суд

в) тужба за поведување на управен спор

 

7. Постапката пред првостепениот суд мора да се заврши

а) во рок од 6 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка

б) во рок од 3 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка

в) најдоцна во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка

 

8. За прекршоци за кои е пропишана глоба над 15.000 евра во денарска противвредност постапката пред прекршочната комисија мора да се заврши

а) најдоцна во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка

б) во рок од 3 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка

в) во рок од 6 месеци од денот на поднесувањето на барањето за поведување на прекршочна постапка

 

9. Со законот со кој се пропишува прекршок за изрекување глоба со мандатен платен налог може да се пропише износ кој за физички лица не може да биде поголем

а) од 50 евра во денарска противвредност

б) од 500 евра во денарска противвредност

в) од 1000 евра во денарска противвредност

 

10. Со законот со кој се пропишува прекршок за изрекување глоба со мандатен платен налог може да се пропише износ кој за правно лице не може да биде поголем

а) нема ограничување

б) од 1.500 евра во денарска противвредност

в) од 5.000 евра во денарска противвредност

 

11. Во одлуката за прекршокот се определува рокот за плаќање на глобата кој не може да биде пократок:

а) од 15 дена ниту подолг од 90 дена од денот на правосилноста односно конечноста на одлуката

б) од 8 дена ниту подолг од 30 дена од денот на правосилноста односно конечноста на одлуката

в) од 1 месец ниту подолг од 6 месеци од денот на правосилноста односно конечноста на одлуката

 

12. Кога прекршокот е сторен под особено олеснувачки околности, глобата за физичко лице може да се ублажи

а) не може

б) за една третина

в) за една половина

 

13. Глобата за одговорно лице во правно лице е:

а) од 15 евра во денарска противвредност до 1.000 евра во денарска противвредност

б) од 50 евра во денарска противвредност до 2.000 евра во денарска противвредност

в) 30% од одмерената глоба за правното лице

 

14. Глобата за одговорно лице во трговец поединец е:

а) од 15 евра во денарска противвредност до 1.000 евра во денарска противвредност

б) 30% од одмерената глоба за трговец поединец

в) од 50 евра во денарска противвредност до 2.000 евра во денарска противвредност

 

15. На стoрителот на прекршокот може да му се забрани вршење определена професија, дејност или должност од страна на судот и тоа:

а) најмалку три дена до најмногу 30 дена

б) од 6 месеци до 5 години

в) најдолго до една година, сметајќи од денот на правосилноста на одлуката

 

16. Во одлуката од судот со која на правното лице односно трговец поединец се изрекува санкција привремена забрана на вршење одделна дејност се определува траењето на санкцијата:

а) кое не може да биде пократко од три месеца ниту подолго од пет години

б) кое не може да биде пократко од три месеца ниту подолго од три години

в) кое не може да биде пократко од шест месеца ниту подолго од три години

 

17. За прекршоци на правни лица и трговец поединец може да се изречат следниве санкции:

а) глоба и привремена забрана за вршење одделна дејност

б) опомена, глоба и привремена забрана за вршење на одделна дејност

в) опомена, глоба и забрана за вршење на професија, дејност или должност

 

18. По приемот и потпишувањето на прекршочниот платен налог сторителот е должен да ја плати глобата:

а) во рок од 15 дена од приемот на прекршочниот платен налог

б) во рок од 8 дена од приемот на прекршочниот платен налог

в) во рок од 30 дена од приемот на прекршочниот платен налог

 

19. Сторителот кој ќе ја плати глобата во законскиот рок од приемот на  прекршочниот платен налог:

а) ќе плати 30% од изречената глоба

б) ќе плати 70% од изречената глоба

в) ќе плати половина од изречената глоба

 

20. Ако сторителот не ја плати глобата во законскиот рок службеното лице:

а) поднесува тужба до надлежниот суд

б) поднесува тужба за поведување на управен спор

в) поднесува барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд, односно прекршочен орган

 

21. Една од забрзаните постапки е:

а) постапка за медијација со физички и правни лица

б) постапка за спогодување со физички и правни лица

в) постапка за посредување со физички и правни лица

 

22. Против одлуката за прекршок што ја донел прекршочниот орган може да се поднесе жалба во рок од:

а) 15 дена

б) 8 дена

в) 30 дена

 

23. Против одлуката за прекршок што ја донел судот може да се поднесе жалба во рок од:

а) 15 дена

б) 30 дена

в) 8 дена

 

24. За присилно извршување на глобата важат одредбите од:

а) Законот за кривичната постапка

б) Законот за даночната постапка

в) Законот за извршување на санкциите

 

25. Забрана на управување со моторно возило може да се определи во траење:

а) од 3 месеци до три години

б) од 6 месеци до пет години

в) од 30 дена до 1 година

 

26. Задржување на лица под дејство на алкохол или на други психотропни супстанци може да одреди Министерството за внатрешни работи и истото трае:

а) најмногу 48 часа

б) најмногу 12 часа

в) најмногу 24 часа

 

27. Задржување странец во прифатен центар одреден од страна на судот може да трае:

а) најмногу 24 часа

б) најмногу 48 часа

в) до 30 дена

 

28. Судот што ја води прекршочната постапка со решение ќе ја запре ако:

а) ако кај обвинетиот настапила привремена душевна болест

б) ако глобата е платена

в) ако не може да се утврди живеалиштето или не е достапен на државните органи

 

29. Ако постапката за спогодување не успее, комисијата за спогодување:

а) поднесува барање за поведување на прекршочна постапка

б) поднесува тужба за поведување на управен спор

в) го известува надлежниот орган кој го констатирал прекршокот

 

30. Санкциите изречени за претходно сторен прекршок не може да се сметаат за отежнувачка околност спрема полнолетен сторител, ако од денот на правосилноста на одлуката за прекршок до сторување на новиот прекршок поминале:

а) повеќе од 3 години

б) повеќе од 2 години

в) повеќе од 5 години


Прашања од ЗОРОДУ


1. Со кој закон се уредува  организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа ? 

а) со Законот за Владата на Република Македонија

б) со Законот за општата управна постапка

в) со Законот за организација и работа на органите на државната управа


2. Органите на државната управа  се дел од ....

а) законодавната власт

б) инспекциската власт

в) извршната власт


3. Органи на државната управа  можат да бидат   .....

а) министерства, судови и собрание

б) министерства и судови

в) министерства, други органи на државната управа и управни организации


4. Самостојниот орган на државната управа за својата работа одговара на .....    

а) Собранието на Република Македонија

б) Инспекцискиот Совет

в) Владата на Република Македонија и соодветното министерство


5. Управните организации се основани како .....

а) подорганизации на државната управа

б) самостојни органи на државната управа

в) паралелни организации на државната управа


6. Во актуелниот период како органи на државната управа се основани .... 

а) 11  министерства

б) 14   министерства

в) 16  министерства


7. Органите на државната управа во рамките на своите надлежности постапуваат во согласност со  ....

а) Уставот и законите

б) Уставот,  законите и правилата

в) Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори


8. Предлозите на законите кои како овластен предлагач ги предлага Владата на Република Македонија се подготвени од ........

а) Законодавно-правната комисија

б) органите на државната управа

в) Секретаријатот за законодавство


9. Со закон може на единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје да им се довери извршување на определени работи од надлежноста на органите на државната управа  ....

а) да

б) не


10. Законите и прописите кои се однесуваат на органите на државната управа се     применуваат и    од страна на физичките и правните лица кои со закон се овластени да извршуваат работи од надлежност на државната управа .....

а) да

б) не


11. Законот за организација и работа на органите на државната управа, вклучително и законите со кои се вршат неговите изменувања и дополнувања се донесуваат со ....

а) просто мнозинство

б) двотретинско мнозинство

в) квалификувано мнозинство


12. Бирото за стопански недоволно развиените подрачја работи во состав на   ....

а) Министерството за економија

б) Министерството за локална самоуправа

в) Министерството за локална самоуправа и Министерството за економија


13. Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија работи во состав на ......

а) Владата на Република Македонија

б) Министерството за локална самоуправа

в) Министерството за култура


14. Надзорот  над работата на министерствата го врши ....

а) Инспекцискиот Совет

б) Владата на Република Македонија

в) Законодавно- правната комисија


15. Надзорот над работата над органите во состав на министерствата го вршат ....

а) Инспекцискиот Совет

б) Управниот Совет

в) министерствата


16. Со работата на министерството раководи .....

а) секретарот

б) министерот

в) секретаријатот


17. Заменикот на министерот на соодветното министерство го именува и разрешува ....

а) Владата на Република Македонија

б) Собранието на Република Македонија

в) министерот


18. Предлог от за именување и разрешување на заменик на министерот на соодветното министерство до Собранието на Република Македонија го доставува ......

а) министерот на соодветното министерство

б) претседателот на Владата на Република Македонија

в) Владата на Република Македонија


19. Со самостојниот орган на државната управа, односно со управната организација раководи .....

а) секретарот

б) управникот

в) директорот


20. Ако меѓу министерствата настане спор во врска со надлежноста или се појават други спорни прашања во вршењето на работите од нивна надлежност, овие министерства се должни да формираат  ..............

а) арбитражен суд

б) меѓуресорска група за решавање на спорните прашања

в) одбор за медитација


21. Правилниците од надлежност на одредено министерство ги донесува ... 

а) Министерството

б) Владата на Република Македонија

в) министерот


Прашања од ЗОУП и Закон за управни спорови


1. Управни работи претставуваат


а) активностите на Управниот суд

б) акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи

в) сите акти и дејствија преку кои се изразуваат или извршуваат надлежностите на јавните органи, а со кои се решава или влијае на правата, обврските или правните интереси на физичките лица, правните лица или другите странки во постапката, како и секоја друга работа која што е одредена како управна со посебен закон

 

2. Со посебните закони одделни работи може да се уредат поинаку од овој закон, доколку


а) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон

б) не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон

в) не се во спротивност со основните начела и целта на овој закон и не ја намалуваат заштитата на правата и правните интереси на странките загарантирана со овој закон

 

3. „Јавен орган“ претставуваат


а) министерствата, органите на државната управа, како и органите на општината, на градот Скопје и  општините во градот Скопје

б) министерствата, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје

в) министерствата, органите на државната управа, организации утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје

 

4. „Колегијален орган“ претставува


а) тело кое е составено од три или повеќе членови, а кое врз основа на закон е овластено да постапува, решава и презема други управни дејствија во управни работи   
б) тело кое е составено од најмалку два членови


5. Управен акт“ е

 

а) поединечен акт на јавенорган и на управен суд

б) секој поединечен акт

в) поединечен акт на јавен орган кој е донесен врз основа на закон со кој се решава за правата, обврските и правните интереси на странките

 

6. Странка“ е


а) секое физичко

б) физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка

в) секое физичко или правно лице, по чие барање е поведена управната постапка, против кое е поведена управната постапка, кое е вклучено во постапка поведена по службена должност, или кое заради заштита на своите права или правни интереси има право да учествува во управната постапка. Странка може да биде и јавен орган, подружница или друга деловна единица на трговско друштво, населба и слично или група лица, иако немаат својство на правно лице

 

7. „Управен договор“ е

 

а) секој договор што го склучува јавниот орган

б) договор помеѓу јавниот орган и друго правно лице

в) договор кој јавниот орган го склучува со странката заради вршење на јавни овластувања од надлежност на јавниот орган, кога тоа е утврдено со посебен закон

 

8. „Реален акт“ е


а) секој акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор

б) јавните информации, примањето изјави и водењето евиденција

в) акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор, што може да има правно дејство врз правата, обврските или правните интереси на некое лице, како што се јавните информации, примање изјави, водење евиденција, издавање уверенија, дејствија на извршување и други фактички дејствија

 

9. Јавните органи постапуваат во согласност со


а) законите

б) законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија

в) Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија

 

10. Во управната постапка, полномошно


а) може да се даде и на надриписар

б) може да се даде писмено и усно на записник

в) не може да се даде

 

11. Поднесоците можат да се предадат ....

а) непосредно или да се испратат по пошта, усно да се соопштат на записник и да се поднесат во електронска форма согласно закон
б) непосредно или да се испратат по пошта, усно да се соопштат на записник
в) по пошта

 

12. Како се потврдува предавањето на писменото во управната постапка?

а) Јавниот орган по службена должност издава потврда, односно доказ за приемот, кој ги вклучува датумот и времето на приемот на поднесокот, предметот на барањето, списокот на приложени документи и роковите за издавање на управниот акт.
б) со доставница која ја потпишува било кој возрасен член од семејството на примачот
в) со доставница која ја потпишува примачот

 

13. Доставата во управната постапка се врши по пат на:

а) препорачано писмо, преку лично, посредно или јавно доставување, како и по електронски пат или со официјално објавување.
б) непрепорачана поштенска пратка
в) итна пратка

 

14. Кога се работи за доставување на писмено во управна постапка, на странка чие живеалиште, односно седиште е непознато, или кога се работи за акти кои се однесуваат на повеќе странки, јавниот орган доставата...

а) ја врши со јавна објава
б) не ја извршува
в) ја врши преку Министерството за внатрешни работи


 

15. Ако последниот ден на рокот за одредено дејствие во управна постапка е неработен ден, ден на државен празник  и неработен ден кој се празнува , рокот истекува...

а) на првиот нареден работен ден
б) на првиот нареден ден
в) на истиот ден

 

16. Роковите во управната постапка се сметаат на ...

а) денови, месеци и години може и во часови
б) денови и недели
в) денови и месеци

 

17. Апсолутниот рок за враќање во поранешна состојба во управната постапка е ...

а) три месеци
б) шест месеци
в) една година


18. До кого се поднесува предлогот за враќање во поранешна состојба во управната постапка?

а) до јавниот орган кај кого требало да се изврши пропуштеното дејствие
б) до Управниот суд
в) до Државниот управен инспекторат

 

19. Кој ја поведува управната постапка?

а) надлежниот  јавен орган по службена должност или по повод барање на странката
б) Државниот управен инспекторат по барање на странката
в) Управниот суд по службена должност

 

20. Барањето за поведување на управна постапка се поднесува на ...

а) образец кој јавниот орган е должен да изготви, а на кој таксативно се наведени доказите и податоците кои странката е должна да ги приложи кон барањето и доказите и податоците кои јавниот орган надлежен за решавање на работата ги прибавува по службена должност.
б) во електронска форма
в) поднесок кој странката самата го подготвува

 

21. Порамнувањето во управната постапка ...

а) се запишува во записник
б) се врши со донесување на управен акт
в) го врши Управниот суд


22. Порамнувањето во управна постапка мора да биде секогаш јасно и определено и не смее да биде на штета на јавниот интерес или на правниот интерес на трети лица

а) точно
б) неточно


23. Странката може да дава изјави усно на записник или во писмена форма во секоја фаза од постапката

а) точно

б) неточно


24. Ако во текот на постапката јавниот орган кој ја води управната постапка наиде на претходно прашање,  ќе ја прекине постапката додека не се реши претходното прашање и за тоа ја известува странката.

а) точно

б) неточно

 

25. Кога постапката по претходното прашање треба да се поведе на барање од странката, известувањето за прекинот на постапката исто така содржи и упатство за ова барање ...

а) точно

б) неточно

 

26. Исправите издадени од јавен орган на странска држава, кои во земјата каде што се издадени важат како јавни исправи,. ...

а) важат како јавни исправи и во нашата држава, само во согласност со условите на заемност и ако се прописно заверени
б) важат како јавни исправи и во нашата држава
в) важат како јавни исправи во нашата држава ако се прописно заверени


27. Секоја јавна исправа издадена во пропишаната форма од страна на јавен орган во рамките на својата надлежност ...

а) го докажува она што во неа се потврдува или определува
б) не го докажува она што во неа се потврдува или определува

 

28. На увидот во управната постапка, странките...

а) имаат право да присуствуваат
б) не се повикуваат
в) немаат право да присуствуваат

 

29. Доказите и податоците за фактите за кои службена евиденција води јавниот орган надлежен за решавање или службена евиденција води друг јавен орган, односно друг субјект кој води регистар за податоци ги прибавува:

а) службеното лице кое ја води постапката
б) Странката по чие барање е поведена постапката
в) надлежно е вештото лице

 

30. Во управната постапка, странката може да ја поднесе исправата во оригинал или како заверена копија.

а) точно

б) неточно


31. Воведот на управниот акт содржи:


а) називот на јавниот орган што го донесува актот, пропис за надлежноста на тој орган, име на странката и на нејзиниот законски застапник или полномошник, ако го има и кратко означување на предметот на постапката.
б) назив на органот што го донесува управниот акт, пропис за надлежност на тој орган и датум и место на донесување на управниот акт
в) назив на органот што го донесува управниот акт и пропис за надлежност на тој орган

 

32. Кога е пропишано дека жалбата во управната постапка не го одлага извршувањето на управниот акт, тоа мора да биде наведено во...

а) диспозитивот
б) правната поука
в) упатството за правно средство

 

33. Со правната поука во управниот акт странката ...

а) се известува за редовниот правен лек што може да го користи против управниот акт.
б) се известува дека нема право на жалба
в) се известува дека може да изјави жалба или друга постапка пред суд

 

34. Кога против управниот акт донесен во управната постапка може да се изјави жалба, во правната поука  се наведува:

 

а) до кого треба да се поднесе правниот лек, во каква форма и кој е рокот за поднесување.
б) во колку примероци се поднесува жалбата и износот на административната такса
в) во кој рок се поднесува

 

35. Дополнителни елемент на управниот акт се:


а) временски рок, услов и налог
б) рок
в) рок и налог

 

36. Против управниот акт донесен во прв степен во управната постапка, доколку не е пропишано правото на жалба, странката има право на ...


а) тужба
б) приговор
в) жалба

 

37. Управниот акт може да содржи еден или повеќе од следните дополнителни елементи.....

 

а) временски рок, услов или налог
б) временски рок, услов и налог
в) временски рок и налог

 

38. По барање на странката, јавниот орган кој донел управен акт во усна форма ...


а) е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од осум дена од денот кога е поднесено барањето
б) е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од петнаесет дена од денот кога е поднесено барањето
в) не е должен да го потврди истиот во писмена форма најдоцна во рок од осум дена од денот кога е поднесено барањето

 

39. Странката може да изјави жалба против управниот акт :


а) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт, освен ако со посебен закон не е определен подолг рок
б) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт освен ако со материјалниот закон не е определен поинаков рок
в) во рок од 15 дена од денот на доставувањето, односно известувањето за управниот акт освен ако со материјалниот закон не е определен пократок рок

 

40. Што мора да содржи жалба на управниот акт?


а) управниот акт што се побива или за кој странката поднела барање, но не добила одговор од јавниот орган, го наведува органот надлежен за донесувањето или пропуштањето на актот и причините поради коишто странката не е задоволна со управниот акт или неговото пропуштање
б) прилози кон жалбата во најмалку три примероци
в) конкретен предлог за постапување на органот кој одлучува по жалбата

 

41. Ако жалбата во управната постапка му е предадена или испратена непосредно на второстепениот орган, тој....


а) најдоцна наредниот ден му ја испраќа на органот од прв степен
б) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од три дена
в) му ја испраќа на првостепениот орган најдоцна во рок од осум дена

 

42. Во управната постапка, кој испитува дали жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице?


а) првостепениот орган
б) писарницата на Управниот суд
в) второстепениот орган

 

43. Недопуштената, ненавремената или жалбата изјавена од неовластено лице, органот во прв степен ќе ја отфрли со...


а) управен акт
б) одлука
в) заклучок


44. При одлучување по жалба во управната постапка, второстепениот орган може ...

а) да ја одбие жалбата, или да ја уважи жалбата и да го поништи првостепениот управен акт во целост или делумно, или да го измени управниот акт

б) да ја одбие жалбата или да го поништи управниот акт
в) да го укине управниот акт во целост


45. Ако во постапката по жалба во управната постапка, второстениот орган утврди дека првостепениот управен акт го донел ненадлежен орган....

а) ќе го поништи тој управен акт по службена должност и предметот ќе му го достави на надлежниот орган на решавање
б) ќе го укине тој управен акт
в) ќе одлучи мериторно по жалбата


46. Ако странката се откаже од поднесената жалба, управната постапка во втор степен се запира со...

а) управен акт
б) известување
в) записник


47. Кој го доставува управниот акт донесен во втор степен во управната постапка до странката?

а) првостепениот орган
б) второстепениот орган


48. Ако јавниот орган утврди дека барањето за повторување на постапката е основано, тој соодветно ќе го измени или поништи побиваниот управен акт со нов управен акт. Во спротивно, јавниот орган ќе го отфрли барањето со управен акт.

а) точно

б) неточно


49. Против управниот акт, донесен во управна постапка вo втор степен, не е допуштена жалба.

а) точно

б) неточно


50. Кога второстепениот орган ќе утврди дека првостепениот орган не го донел управниот акт во законскиот рок,..

а) тој треба да му наложи на првостепениот орган да донесе управен акт и да одреди рок за тоа од најмногу 30 дена по приемот на налогот
б) да ја запре постапката
в) да го реши предметот


51. Управниот акт против кој може да се поведе управен спор...

а) е конечен во упрaвна постапка
б) не е конечен во управната постапка
в) станува конечен во рок од 15 дена од денот на приемот


52. Управниот акт станува правосилен доколку странката...

a) се откаже од правото на жалба
б) поднесе тужба до Врховниот суд на РМ и поведе управен спор
в) поднесе жалба до надлежниот второстепен орган

 

53. Кога е во прашање преземање на исклучително итни мерки, со цел обезбедување на јавниот мир и безбедност или заради отстранување на непосредна опасност за животот и здравјето на луѓето или за имотот, надлежниот јавен орган може да донесе и устен управен акт.

а) точно

б) неточно


54. Управниот акт ги содржи следните делови:

а) вовед, диспозитив, образложение, правна поука, потпис од овластеното службено лице и печат
б) вовед диспозитив, образложение, назив на органот,број и датум,потпис на службеното лице и печат на органот
в) вовед, диспозитив и упатство за правно средство, назив на органот, број и датум, потпис на службеното лице и печат на органот


55. Јавниот орган што го донел управниот акт ...

а) може во секое време да ги исправа грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во управниот акт или во неговите заверени преписи
б) може во рок од шест месеци да ги исправа грешките во имињата или броевите, пишувањето или сметањето, како и други очигледни неточности во управниот акт или неговите заверени преписи ги исправа со нов управен акт
в) не може да врши исправки на грешките во управниот акт


56. За усна расправа или за друго поважно дејствие во управната постапка, како и за поважни усни изјави на странките или на трети лица во постапката ..

а) се составува записник
б) се потготвува управен акт
в) се составува службена белешка


57. Постапката по жалбата на второстепениот орган треба да се заврши без одлагање ...

а) најдоцна во рок од 60 дена од денот на предавање на жалбата и сите списи на предметот од првостепениот орган на второстепениот орган
б) најдоцна во рок од еден месец сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок
в) во рок од 15 дена сметајќи од денот на предавањето на жалбата, ако со посебен пропис не е определен пократок рок


58. Со поништувањето на управниот акт донесен во управна постапка...

а) се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт
б) правните последици што ги произвел таквиот управен акт остануваат
в) не се поништуваат правните последици што ги произвел таквиот управен акт


59. Со укинување на управниот акт донесен во управна постапка...

а) не се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел, но се оневозможува натамошно произведување на правни последици од укинатиот управен акт
б) се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел и се овозможува натамошно произведување на правни последици од укинатиот управен акт
в) се поништуваат правните последици што управниот акт веќе ги произвел, и се оневозможува натамошно произведување на правни последици од управниот акт


60. Управниот спор може да се поведе против управниот акт донесен...

а) во втор степен, како и против првостепен управен акт, против кој нема место за жалба во управната постапка
б) во втор степен кој станал правосилен
в) во прв степен


61. Инспекциски надзор над спроведување на Законот за општата управна постапка врши...

а) Државниот управен инспекторат
б) Министерството за информатичко општество и администрација
в) Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен


62. Во управната постапка, јавниот орган постапува преку....

а) овластеното службено лице назначено во согласност со правилата наведени во закон
б) било кое службено лице
в) функционерот


63. Ако не е определено со посебен закон или подзаконски акт, функционерот кој раководи со јавниот орган, односно раководното лице е должно со....

а) со актот за организација да определи организациона единица надлежна за секој вид на управна работа во негова надлежност
б) со одлука да овласти службено лице
в) со управен акт да овласти службено лице


извор - Закон за општата управна постапка


1. Во управниот спор:


а) може да се бара враќање на одземените предмети
б) може да се бара враќање само на одземената имотна корист
в) не може да се бара враќање на одземените предмети

 

2. Во управните спорови се одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа донесени:


а) во прекршочна постапка
б) во судска постапка
в) во кривична постапка

 

3. Во управните спорови судот одлучува за:


а) законитоста на актите и управната работа
б) уставноста и законитоста на актите и за надомест на штета
в) уставноста и законитоста на актите и за управната работа

 

4. Доколку Законот за управните спорови не содржи соодветни одредби за постапката, ќе се применуваат одредбите од:


а) Законот за парничната постапка
б) Законот за општата управна постапка
в) Закон за медијација

 

5. По поништување на управниот акт од страна на Управниот суд, надлежниот орган е должен да донесе нов управен акт:


а) најдоцна во рок од 30 дена
б) најдоцна во рок од 60 дена
в) најдоцна во рок од 15 дена

 

6. Против одлука на Управниот суд може да се изјави жалба во рок од:


а) 15 дена
б) 30 дена
в) 8 дена

 

7. Против одлуката на Управниот суд:


а) дозволена е жалба
б) дозволена е тужба
в) не е дозволена жалба

 

8. Против првостепените одлуки во управниот спор се изјавуваат правни средства во рок од :


а) 15 дена
б) 30 дена
в) 7 дена

 

9. Тужба за поведување управен спор се поднесува во рок од:


а) 30 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
б) 60 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката
в) 15 дена од денот на доставувањето на управниот акт до странката

 

10. Тужената страна во управниот спор е:


а) органот чиј акт се оспорува
б) прекршчоната комисија
в) стрителот на прекршкот

 

11. Тужителот во управен спор може да биде и здружение на граѓани ако со управниот акт е повредено право или непосреден интерес заснован врз закон на:


а) нејзин член
б) синдикална организација
в) месна заедница

 

12. Тужителот во управен спор може да биде и синдикалната организација ако со управниот акт е повредено право или непосреден интерес заснован врз закон на:


а) нејзин член
б) месна заедница
в) здружение на граѓани

 

13. Управен спор може да се води против:


а) конечен управен акт
б) пресуда
в) судски налог


14. Управен спор се поведува со:


а) тужба
б) тужба или жалба
в) жалба

 

15. Управните спорови во Република Македонија ги решава:


а) Управниот суд
б) Прекршочна комисија
в) Апелациониот суд

 

16. По предметите за донесување на времена мерка во управните спорови судот одлучува во рок од


а) 7 дена
б) 3 дена
в) 15 дена

 

17. Ако актот кој се оспорува не е управен акт, Управниот суд ќе ја..


а) отфрли тужбата со решение
б) отфрли тужбата со заклучок
в) одбие тужбата со решение


18. Ако тужбата е поднесена ненавремено, Управниот суд ќе ја отфрли со:

 

а) решение
б) одлука
в) заклучок

 

19. Во втор степен Вишиот управен суд одлучува:


а) во совет од тројца судии
б) во совет од пет судии
в) судија поединец

 

20. Во управен спор во втор степен одлучува:

 

а) Виш управен суд
б) Врховниот суд на Република Македонија
в) Управен суд

 

21. Во управен спор трошоците ги поднесува:

 

а) секоја страна своите трошоци
б) тужителот
в) жалителот


извор – Закон за управните спорови


Прашања од Кодексот за административни службеници


1. Кодексот за административни службеници го донесува министерот за информатичко општество и администрација:


а) точно   

б) неточно


2. Кодексот за административни службеници претставува:


а) сет на етички стандарди и правила на однесување на административните службеници
б) закон за однесување на административните службеници
в) уредба за однесување на административните службеници

 

3. Целта на Кодексот за административните службеници е да поттикне добро постапување и однесување на административните службеници и зајакнување на довербата на граѓаните во работата на институциите на јавниот сектор:


а) точно   

б) неточно


4. Чиј интерес застапува и промовира административниот службеник во своето работење:

 

а) јавниот интерес
б) личниот интерес
в) приватниот интерес

 

5. Административниот службеник работи:


а) законски, прописно или на морален начин
б) законски, непрописно и без почитување на ред на предметите
в) незаконски, непрописно и на неморален начин

 

6. Административниот службеник ги извршува работите посветено и професионално:


а) точно   

б) неточно


7. Административниот службеник се залага за вклучување на граѓаните и засегнатите страни во процесот на креирање на политиките?


а) да

б) не


8. Административниот службеник во своето работење и однесување ги почитува принципите на:

         

а) хуманост, еднаквост и социјална правда
б) еднаквост, нехуманост и социјална правда
в) хуманост и нееднаквост

 

9. Административниот службеник, во работењето и однесувањето постапува:


а) непристрасно, без предрасуди и без намера за остварување на лична корист или амбиција
б) со намера да оствари лична корист
в) пристрасно и субјективно

 

10. Административниот службеник работењето и однесувањето овозможува остварување на уставно загарантираните права на еднаквост и недискриминација, преку:


а) создавање на можности и почитување на различностите
б) непочитување на различностите
в) злоупотреба и дискриминација

 

11. На корисниците на услугите на администрацијата, административниот службеник им овозможува еднакви стандарди при испорачувањето на услугите преку:


а) фер и правичен однос
б) личен, пријателски и семеен однос
в) субјективен и пристрасен однос

 

12. Административниот службеник на сите граѓани им овозможува заштита од неправда, злоупотреба и дискриминација, по било која основа:


а) точно   

б) неточно


13. Административниот службеник, врз основа на своите работни компетенции и на правилата и процедурите на службата ги извршува работите :


а) посветено и професионално
б) врз основа на секојдневни наредби од претпоставениот
в) паушално и по добиени насоки

 

14. Административниот службеник ја извршува работата:

 

а) самостојно и навремено, посветувајќи внимание и почитувајќи ги приоритетите и редоследот на задачите
б) почитувајќи го рокот за извршување на работните задачи, со непочитување на приоритетите и редоследот на задачите
в) почитувајќи ги приоритетите, со одложување и непочитување на редоследот на задачите

 

15. Административниот службеник не ја истакнува, ниту наметнува на други својата политичка определба:

 

а) точно   

б) неточно


16. Административниот службеник смее да врши политички активности, што можат да ја поткопаат довербата на граѓаните во администрацијата:

 

а) точно   

б) неточно


17. Административниот службеник го користи наученото за:


а) подобрување на својата работа и развојот на институцијата
б) подигнување на нивото на сопствените општи познавања
в) лични цели


18. Дали административниот службеник го олеснува пристапот до податоците со кои располага во своето работење?

 

а) да

б) не


19. Административниот службеник остварува затворена и повремена комуникација со граѓаните и правните лица:

 

а) точно

б) неточно

 

20. Според Кодексот за административни службеници, дали административниот службеник ја почитува приватноста и дискрецијата на колегите и соработниците?

 

а) да

б) не


21. Службените телефонски разговори на административниот службеник се...

 

а) кратки и концизни
б) долготрајни и неконструктивни
в) опширни и детални

 

22. Кога странките се незадоволни од одговорот, административниот службеник...


а) бара арбитрирање од непосредно претпоставениот административен службеник или пораката ја пренесува и упатува до него
б) ги упатува кај Народниот правобранител на Република Македонија
в) ги советува да поведат судска постапка

 

23. Дали административниот службеник, приватните телефонски разговори ги води во присуство на странки или кога странките чекаат одговор или кога имаат намера да постават прашање?


а) не
б) да, доколку странките се познати на административниот службеник
в) да

 

24. Во своето однесување и дејствување надвор од работа, во претставувањето на јавни настани, на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација административниот службеник...:


а) претставува пример за соодветно и достоинствено однесување
б) не води грижа за нарушување на угледот и за мислењето на јавноста за администрацијата
в) се однесува врз основа на сопствено убедување

 

25. Административниот службеник во односот со колегите ги негува духот и начелата на:


а) тимска работа, взаемно почитување, уважување на различностите, солидарност и соработка
б) дискриминација, непочитување и застапување на личниот интерес
в) индивидуална работа

 

26. Административниот службеник во службата, во приватниот живот и во јавноста се однесува достоинствено и не постапува на начин со кој би се нарушил:


а) неговиот личен углед, угледот на институцијата и на администрацијата во целина
б) јавниот ред во институцијата
в) угледот на неговото семејство

 

27. Административниот службеник се воздржува од давање на штетни изјави за службата...:


а) без да се оневозможи остварување на правото на градење на сопствен став и јавно изразување на мислење
б) ако за тоа нема добиено согласност од непосредно претпоставениот административен службеник
в) ако има личен интерес

 

28. Административниот службеник, кон ресурсите кои му се дадени на користење, како и во вршењето на работата се однесува економично и ефикасно, користејќи ги ресурсите за:


а) службени потреби
б) за било какви потреби
в) лични потреби

 

29. Дали административниот службеник се грижи за безбедноста на доверените предмети и документи:

 

а) да
б) да, ако ако тоа му е нагласено од непосредно претпоставениот административен службеник
в) не

 

30. Административниот службеник посветува внимание на изгледот и начинот на облекување, за да не предизвика:


а) впечаток на непристојност и нарушување на угледот на администрацијата
б) коментари од страна на колегите и странките
в) негативни реакции

 

31. За непочитување на одредбите на Кодексот за административни службеници, административниот службеник одговара:

 

а) дисциплински
б) прекршочно

 

32. Административниот службеник при вработувањето во службата потпишува:

 

а) Изјава за прифаќање на Декларацијата за заедничка мисија на вработените во јавниот сектор
б) заклетва
в) согласност

 

33. Вредностите и нормите содржани во Кодексот за административните службеници се во форма на:


а) етички стандарди и правила
б) законски одредби
в) изјави за согласност

 

34. Административниот службеник се однесува одговорно и работи на градење и одржување на општото добро, растот и општествените вредности, создавајќи услови за одржлив човечки и социјален развој:

а) Точно
б) Неточно


Прашања во врска со положбата и други општи прашања за вработените во јавниот сектор 


1. Вработени во јавен сектор се:


а) лицата кои засновале работен однос во општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје

б) лицата кои засновале работен однос во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон

в) лицата кои засновале работен однос во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон, како и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје


2. Лицата кои добиле мандат да извршуваат функција на претседателски, парламентарни или на локални избори, лицата кои добиле мандат да извршуваат функции во извршната или во судската власт преку избор или именување од Собранието на Република Македонија или од органите на локалната власт, како и други лица кои согласно закон се избрани или именувани на функција од носителите на законодавната, извршната или судската власт, се сметаат за вработени во јавниот сектор


а) точно

б) неточно


3. Давателите на јавни услуги во областа на комуналните дејности не се сметаат за вработени во јавен сектор:


а) точно

б) неточно


4. За прашања кои се однесуваат на работниот однос на вработените во јавниот сектор се применуваат општите прописи за работните односи, само доколку...


а) се работи за прашања кои се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор и овој закон упатува на дополнителна примена и на општите прописи за работните односи

б) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, посебните закони и колективните договори

в) се работи за прашања што не се уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, како и за прашања за кои Законот за вработените во јавниот сектор не упатува на примена на посебен закон и колективен договор, а се однесува на работниот однос на вработениот


5. Начелото на еднакви услови и еднаков пристап до работно место, во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор значи дека:


а) сите вработени во јавниот сектор имаат право на еднакви организациски, просторни и технички услови

б) институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку интерен, односно јавен оглас

в) на јавниот, односно интерниот оглас се избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат за работното место


6. Институциите имаат обврска слободните работни места и условите за нивно пополнување да ги огласуваат преку објавување:


а) јавен повик

б) соопштение до јавноста

в) јавен, односно интерен оглас


7. Унапредувањето на вработените во јавниот сектор се врши преку :


а) преземање при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата

б) објавување на интерен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата

в) објавување на јавен оглас при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, во која врз основа на оценката за учинокот, стручноста и компетентноста на кандидатите, се избира најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во институцијата


8. Примена на начелото на управување со ефектот на вработените во јавниот сектор подразбира:


а) обврска на институциите да ги унапредат вработените

б) обврска на институциите да воспостават процедури за управување со ефектот на вработените, преку кои ќе се следи нивната работа, ќе се оценуваат и ќе се предлагаат мерки за подобрување на ефектот

в) обврска на вработените да ги извршуваат работите и работните задачи утврдени во актите за систематизација на работни места во институциите


9. Примена на начелото на сервисна ориентираност за вработените во јавниот сектор подразбира:


а) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и интересите на странките, не водејќи сметка за јавниот интерес

б) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на правата и интересите на странките, со истовремена грижа за јавниот интерес

в) вработените во институциите на јавниот сектор да се сервисно ориентирани, односно да се активни, иновативни, кооперативни и флексибилни со цел ефикасно и ефективно остварување на сопствениот интерес


10. Примената  на начелото на транспарентност и доверливост за вработените во јавниот сектор подразбира ...


а) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи не смеат да обезбедат пристап до информации од јавен карактер за надворешните лица

б) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да обезбедат пристап до информации од јавен карактер на начин и под услови утврдени со закон

в) вработените во јавниот сектор при вршењето на работите и на работните задачи се должни да побараат дозвола од Министерството за информатичко општество и администрација заради обезбедување на пристап до информации од јавен карактер


11. Работните места на вработените во јавниот сектор се групираат во:


а) три групи

б) две групи

в) четири групи


12. Која од наведените групи не се смета за група на вработени во јавниот сектор:


а) даватели на јавни услуги

б) функционери

в) помошно - технички лица



13. Во рамки на секоја подгрупа на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:


а) едно или повеќе нивоа на работни места

б) една или повеќе категории на работни места

в) една или повеќе групи на работни места


14. Во рамки на секоја категорија на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:


а) една или повеќе подгрупи на работни места

б) едно или повеќе нивоа на работни места

в) една или повеќе групи на работни места


15. Каталогот на работните места во јавниот сектор го воспоставува и води:


а) Агенцијата за вработување на Република Македонија

б) Министерството за информатичко општество и администрација

в) Агенцијата за администрација


16. Што се уредува со актите за внатрешна организација на институциите во јавниот сектор?


а) начинот на однесување на вработените во институцијата

б) име и презиме на сите вработени во институцијата

в) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа


17. Актите за систематизација на работните места во институциите на јавниот сектор ги донесува:


а) вработените во институцијата

б) раководното лице на институцијата

в) раководителот на организационата единица за управување со човечките ресурси во институцијата


18. Регистарот на вработените во јавниот сектор го воспоставува и во електронска форма го води:


а) Централниот регистар

б) Министерството за информатичко општество и администрација

в) Министерството за внатрешни работи


19. Законот за вработените во јавниот сектор допушта вработување на определено време:


а) да

б) не

в) да, но само во определени случаи таксативно наведени во законот


20. Полното работно време на вработените во јавниот сектор изнесува:


а) 42 часа неделно

б) 40 часа неделно

в) 48 часа неделно


21. Општите права и должности на вработените во јавниот сектор се уредуваат со:


а) посебните закони и колективните договори

б) Законот за вработените во јавниот сектор

в) Законот за работните односи


22. Со посебните закони се уредуваат ...


а) заедничките начела кои важат за сите вработени во јавниот сектор

б) општите права и должности кои важат за сите вработени во јавниот сектор

в) други права и должности кои произлегуваат од работниот однос на вработените, а кои не се уредени во Законот за вработените во јавниот сектор


23. Вработените во јавниот сектор имаат право на плата и надоместоци од плата во согласност со:


а) Законот за вработените во јавниот сектор

б) Одлука на министерот за финансии

в) посебните закони, колективните договори или општите прописи за работните односи


24. На вработените во јавниот сектор им мируваат правата и должностите од работниот однос само во случаите...


а) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон

б) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата

в) кога се именувани на јавна функција утврдена со закон, кога се упатени на работа во странство во рамките на меѓународна, техничка, просветна, здравствена, културна, научна и друг вид на соработка, кога се упатени на работа во дипломатско или конзуларно претставништво, кога брачните другари им се упатени на работа во странство во погоре наведените случаи или кога им е одобрено неплатено отсуство поради стручно усовршување кое не е финансирано од институцијата


25. Вработените во јавниот сектор имаат право на неплатено отсуство, во времетраење од најмногу:


а) 1 година

б) 2 години

в) 3 години


26. Доколку за времетраењето на мирувањето на работниот однос на вработените во јавниот сектор, се променат посебните услови за нивното работно место ...


а) истите не се должни да ги исполнат новите услови

б) истите не можат да се вратат на истото работно место во институцијата

в) истите се должни да ги исполнат новите услови во рок од две години од денот на враќањето во институцијата


27. Вработените во јавниот сектор кои се кандидирале на парламентарни, претседателски или локални избори, имаат право на неплатено отсуство...:


а) за време на изборната кампања за изборите на кои учествуваат

б) немаат право на неплатено отсуство за време на изборната кампања за изборите на кои учествуваат

в) во времетраење од 15 дена, сметано од почетокот на изборната кампања за изборите на кои учествуваат


28. Ако вработените во јавниот сектор не го предупредат непосредно претпоставениот дека задачата што им ја дал е неуставна, односно незаконита и истата ја извршат, за нејзиното извршување ќе одговараат:


а) непосредно претпоставениот и неговиот раководител

б) вработените и нивниот непосредно претпоставен

в) вработените


29. Доколку работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно од непосредно претпоставениот е неуставна, односно незаконита, вработениот е должен е да му укаже на лицето кое што му ја дало задачата на неуставноста, односно незаконитоста на дадената задача и да постапи по истата...:


а) без оглед дали задачата е дадена усно или во писмена форма

б) доколку во писмена форма се согласи со нејзиното извршување

в) доколку е дадена во писмена форма


30. Вработените во јавниот сектор, ако оценат дека извршувањето на дадената работна задача претставува кривично дело, не можат да бидат повикани на одговорност заради даденото известувањето за тоа до непосредно повисокиот претпоставен од оној кој им ја дал задачата, како и до Државната комисија за спречување на корупција:


а) точно

б) неточно


31. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата...


а) во рок од 24 часа

б) во рок од три работни дена

в) до  истекот на дневното работно време на работодавачот


32. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата...:


а) до истекот на дневното работно време на работодавачот

б) веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето

в) во рок од 24 часа по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето


33. Во случај на спреченост за доаѓање на работа поради виша сила, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината која го оневозможила известувањето …


а) точно

б) неточно


34. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, веднаш по престанувањето на причината за спреченоста за доаѓањето на работа


а) точно

б) неточно


35. Во случај на спреченост за доаѓање на работа, вработените во јавниот сектор се должни да го известат непосредно претпоставениот, односно раководното лице на институцијата, до истекот на дневното работно време на работодавачот


а) точно

б) неточно


36. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор, можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење


а) точно

б) неточно


37. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење:


а) доколку се согласат во писмена форма

б) доколку се согласат

в) без нивна согласност


38. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење само со нивна согласност


а) точно

б) неточно


39. Во случај на вонредни околности (природни непогоди, епидемии, поплави и сл.) вработените во јавниот сектор можат без нивна согласност да бидат упатени на извршување работи и работни задачи кај работодавач надвор од местото на нивното живеење, се додека траат вонредните околности:


а) без оглед на нивното времетраење

б) но не подолго од три месеци

в) но не подолго од една година


40. Вработениот во јавниот сектор, во институцијата во која ги извршува работите и работните задачи, не смее на себе да носи или да истакнува партиски симболи во...:


а) просторијата на функционерот кој раководи со институцијата

б) просториите во кои работи со странки

в) работните простории и во просториите на институцијата


41. Вработените во јавниот сектор во текот на работното време смеат директно да учествуваат во изборните активности или во други јавни настапи од тој вид:


а) точно

б) неточно


42. Вработените во јавниот сектор во работните простории и во просториите на институцијата не смеат да ги искажуваат или да ги застапуваат своите политички или партиски уверувања


а) точно

б) неточно


43. Вработените во јавниот сектор, со своето членство во политичка партија и со учество во партиски активности, смеат да го доведат во прашање вршењето на работата и работните задачи од работното место во институцијата


а) точно

б) неточно


44. Подароци, примени од страна на службени лица или од меѓународни организации, дадени за време на посети, гостувања или во други слични околности, се сметаат за протоколарни подароци


а) точно

б) неточно


45. Одговорноста на вработените во јавниот сектор за вршење на работите и работните задачи од работното место може да биде:


а) дисциплинска

б) материјална

в) дисциплинска и/или материјална


46. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок...:


а) не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор

б) ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор

в) во зависност од тежината на стореното кривично дело, односно прекршок, ја исклучува, односно не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор


47. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор


а) точно

б) неточно


48. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, не ја исклучува дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор


а) точно

б) неточно


49. Вработените во јавниот сектор, за вршењето на работите и работните задачи од работното место, се:


а) лично одговорни

б) колективно одговорни

в) лично и/или колективно одговорни, во зависност од работното место на кое се распоредени во институцијата и од видот на дисциплинскиот престап


50. На вработените во јавниот сектор работниот однос им престанува:


а) со спогодба или по нивно барање

б) по сила на закон

в) со спогодба, по нивно барање, по сила на закон и во други случаи утврдени со закон и/или колективен договор


51. Мобилност на вработените во јавниот сектор е:


а) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на јавниот сектор

б) хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места

в) вертикално движење на вработен од едно на друго работно место во рамки на истата група на работни места


52. Мобилност на вработените во јавниот сектор се врши:


а) преку објавување на јавен оглас

б) преку објавување на интерен, односно јавен оглас

в) без објавување на интерен, односно јавен оглас


53. Мобилност на вработените во јавниот сектор се врши преку:


а) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место во исто звање

б) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место во рамките на иста група на работни места, независно од категоријата и нивото на работното место

в) распоредување, односно преземање на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува или се презема


54. Вработениот во јавниот сектор, на барање на друга институција, заради времено зголемен обем на работа, може да биде времено распореден на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција:


а) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу дваесет и четири месеци

б) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу една година

в) за времетраење од најмалку еден месец, а најмногу шест месеци


55. Вработениот во јавниот сектор, на барање на друга институција, заради времено зголемен обем на работа, може да биде времено распореден на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција...:


а) по претходна писмена согласност на вработениот и на раководните лица на институциите

б) по претходна писмена согласност на вработениот и на раководното лице на институцијата во која истиот е вработен

в) по претходна писмена согласност на раководните лица на институциите, без претходна согласност на вработениот


56. При распоредувањето на вработениот во јавниот сектор во истата институција или при временото распоредување на вработениот во друга институција, работното место на кое се распоредува не смее да биде:


а) надвор од местото во кое се наоѓа работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето

б) оддалечено повеќе од 50 километри од работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето

в) оддалечено повеќе од 25 километри од работното место на кое истиот бил вработен пред распоредувањето


57. Трансфер – листи за можни преземања на вработените во јавниот сектор води:


а) Агенција за администрација

б) Министерството за информатичко општество и администрација

в) Министерството за финансии


58. Вработениот во јавниот сектор, може да биде преземен од една во друга институција на работно место на исто ниво, односно на работно место на кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани со актот за систематизација на другата институција, ако за тоа се согласат вработениот и раководните лица на двете институции, а по претходна согласност на ...


а) Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација

б) Агенцијата за администрација и Министерството за финансии

в) Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот


59. Вработениот во јавниот сектор чие работно место се укинува, се евидентира на Трансфер – листата на можни преземања и ...


а) по истекот на три месеца од денот на евидентирањето на Трансфер-листата на можни преземања се распоредува на било кое работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација

б) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот

в) може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација, ако за тоа се согласат раководните лица на институциите


60. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција, на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација...


а) без негова согласност

б) ако за тоа се согласат раководните лица на институциите и Министерството за финансии

в) ако за тоа се согласат вработениот и раководното лице на другата институција, а по претходна согласност на Министерството за информатичко општество и администрација и органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот


61. Вработениот чие работно место се укинува се евидентира на Трансфер-листата на можни преземања и може да биде преземен во друга институција...


а) на било кое работно место, доколку се согласи со тоа

б) на работно место кое е предвидено во актот за систематизација на работните места, а е упразнето

в) на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација


62. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор, односно вработен чие работно место се укинува, согласно Законот за вработените во јавниот сектор, не смее да биде оддалечена од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето


а) точно

б) неточно


63. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува, не смее да биде ...


а) надвор од местото во кое се наоѓа институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето

б) оддалечена повеќе од 50 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето

в) оддалечена повеќе од 25 километри од институцијата во која истиот бил вработен пред преземањето


64. Институцијата во која се презема вработен во јавен сектор чие работно место се укинува не смее да биде оддалечена повеќе од 50 километри од институцијата во која бил вработен пред преземањето, освен ако ...:


а) двете институции се наоѓаат во едно поголемо населено место

б) преземањето е на барање на вработениот

в) постои бесплатен организиран превоз до институцијата во која се презема вработениот

 

65. Категориите и нивоата на работните места во јавниот сектор се утврдуваат во:


а) Законот за работните односи

б) посебните закони и колективните договори

в) Законот за вработените во јавниот сектор


66. Со актот за систематизација на работните места во институцијата се регулира/ат:


а) описите на работните места

б) начинот на однесување на вработените

в) видот и бројот на организациските единици и нивниот делокруг на работа


67. Во рамките на секоја група на работни места на вработените во јавниот сектор се утврдуваат:


а) една или повеќе подгрупи на работни места

б) најмалку две категории на работни места

в) пет нивоа на работни места


68. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно непосредно претпоставениот, е неуставна односно незаконита, должен е да му укаже на лицето  кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на задачата дадена во писмена форма и истата да ја изврши, освен.....


а) должен е да му укаже на лицето  кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на истата

б) Не е долежен е да му укаже на лицето  кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на истата


69. Доколку вработениот во јавен сектор смета дека работната задача дадена од функционерот кој раководи со институцијата, односно непосредно претпоставениот, е неуставна односно незаконита, должен е да му укаже на лицето  кое му ја дало задачата на неуставноста односно незаконитоста на задачата дадена во писмена форма и истата да ја изврши, освен.....


а) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.

б) ако оцени дека нејзиното извршување претставува кривично дело, за кое е пропишано казна затвор во траење подолго од шест месеци и веднаш за тоа писмено го извести непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата, како и Државната комисија за спречување на корупција.

в) ако одлучи, покрај даденото укажување на лицето  кое му ја дало задачата за неуставноста односно незаконитоста на дадената задача, за тоа писмено да го извести и непосредно повисокиот претпроставен од оној кој му ја дал задачата.

 

70. Во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор, вработениоте во јавниот сектор не смеат да примаат подроци поврзани со нивната работа:


а) со исклучок на протоколарни подароци и повремени подароци од пониска вредност

б) со исклучок на протоколарни подароци од пониска вредност

в) не смеат да примаат подароци


71. Вработениот чие работно место се укинало и се евидентирал на Трансфер – листата на можни превземања, доколку не ја потпише понудената спогодба за преземање во друга институција, на работно место во исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за систематизација:


а) му престанува работниот однос

б) се враќа во институцијата од која требало да биде превземен

в) се враќа на Трансфер – листата на можни превземања


72. Годишниот план за вработување во институциите на јавниот сектор го донесува:


а) Функционерот кој раководи со институцијата

б) Органот надлежен за буџетот на институцијата

в) раководителот на организационата единица за управување со човечките ресурси во институцијата


73. Институциите во јавниот сектор, по добиената согласност од органот надлежен за буџетот на институцијата, а органите за државната управа и добиената согласност од Министерството за полтитички систем и односи меѓу заедниците, годишниот план за вработување, го доставуваат на мислење до:


а) Министерството за информатичко општество и администрација

б) Агенцијата за администрација

в) Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија


74. Годишниот план за вработување за кој е добиено позитивно мислење од Министерството за информатичко општество и администрација


а) може да се менува во текот на годината за која се однесува

б) неможе да се менува во текот на годината за која се однесува


Извор:  Закон за вработените во јавниот сектор


Прашања во врска со правата од работен однос на административните службеници


1. Статусот и надлежноста на Агенцијата за администрација се регулирани со:


а) Законот за државните институции

б) Законот за административни службеници

в) Законот за Агенцијата за администрација на Република Македонија


2. Административен службеник е лице кое засновало работен однос заради вршење на работи од административна природа во:


а) административната служба на јавните претпријатија

б) Административниот совет на јавниот сектор

в) органите на државната и локалната власт и во други државни органи основани во согласност со устав и со закон и во институциите што вршат дејности од областа на образованието, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје и општините на градот Скопје


3. Во зависност од институцијата во која е вработен, административниот службеник може да биде:


а) службеник и овластено службено лице

б) службеник и давател на јавна услуга

в) државен службеник и јавен службеник


4. За прашања што се однесуваат на работниот однос на административните службеници, а што не се уредени со Законот за административни службеници, со Законот за вработени во јавниот сектор или со посебните закони и со колективни договори, се применува:


а) Законот за општа управна постапка

б) општите прописи за работните односи

в) Законот за организација и работа на државната управа


5. Изразот „работно место" употребен во Законот за административни службеници означува:


а) одделно ниво во актот за систематизација

б) посебна категорија во организациска единица

в) најмала единица во организациската структура на институцијата која во актот за систематизација е опишана со ниво, општи и посебни услови, цели и работни задачи и други податоци од интерес за работното место


6. Изразот „сродни работни места" употребен во Законот за административни службеници означува:


а) работни места во една организациска единица

б) работни места во ист ресор

в) работни места од исто ниво за кои се бара ист степен и ист вид на образование


7. Изразот „стручни квалификации" употребен во Законот за административни службеници означува:


а) диплома од завршено насочено образование на кандидатот

б) квалификации стекнати низ практична работа на конкретно работно место

в) формално образование и други форми на стручно образование на вработениот за кои поседува диплома или сертификат


8. Изразот „работни компетенции" употребен во Законот за административни службеници означува:


а) вештини стекнати низ работа

б) знаења стекнати со обуки

в) збир од знаења, вештини и способност на вработениот административен службеник да ги извршува работите и работните задачи на работното место


9. Изразот „работно искуство во струката" употребен во Законот за административни службеници го означува:


а) периодот на работен стаж стекнат по било каков основ

б) периодот на работен стаж или искуство стекнато во струката, почнувајќи од првото засновање на работен однос

в) периодот евидентиран во агенција за вработување како работен стаж, кој вработениот го поминал во работен однос по стекнување на определен степен и вид образование и во кој вршел работи и работни задачи за кои е потребен таков степен и вид на образование


10. Кои институции се надлежни за координација на управувањето со административните службеници:


а) Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за вработување на Република Македонија

б) Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за финансии, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Агенцијата за администрација

в) Министерството за финансии, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Агенција за вработување на Република Македонија


11. Агенцијата за администрација е:


а) орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација

б) самостоен орган на државна управа

в) самостоен државен орган со својство на правно лице, со права, обврски и одговорности утврдени со Законот за административни службеници


12. Агенцијата за администрација за својата работа е одговорна пред:


а) Владата на Република Македонија

б) Собранието на Република Македонија

в) Министерството за информатичко општество и администрација


13. Со Агенцијата за администрација раководи:


а) Министер

б) Директор

в) Генерален секретар


14. По жалби и приговори на административните службеници во втор степен одлучува:


а) Директорот на институцијата

б) Агенцијата за администрација

в) Министерот за информатичко општество и администрација


15. Административните службеници се класифицираат според следниве обележја на категориите:


а) I, II, III и IV

б) А, Б, В и Г

в) раководни и извршни административни службеници


16. Административните службеници се класифицирани во следниве категории:


а) Категорија I - директори, категорија II – раководители на сектор, категорија III - раководители на одделенија и категорија IV- раководители на служба

б) Категорија - директори; категорија - раководители; категорија – извршно- административни службеници и категорија – помошен персонал

в) Категорија А – секретари; категорија Б – раководни административни службеници; категорија В – стручни административни службеници и категорија Г – помошно стручни административни службеници



17. Во Законот за административни службеници е предвидена можност со актот за систематизација на работните места да бидат утврдени посебни работни места –кабинетски службеници во кабинетите на:


а) сите министри, Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Собранието на Република Македонија и на Претседателот на Владата на Република Македонија

б) Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија и Народниот правобранител на Република Македонија

в) Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Собранието на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, Генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите


18. Пополнување на слободните работни места во институциите заради вршење на административни работи, се врши преку постапка за:


а) вработување и прераспоредување

б) вработување и унапредување

в) вработување, унапредување и мобилност преку распоредување или преземање


19. Постапката за вработување на административни службеници започнува со:


а) јавен повик во медиумите

б) објавување на јавен оглас

в) писмено соопштение на интернет страницата на институцијата


20. Постапките за пополнување на работно место на административен службеник се спроведуваат по:


а) добивање писмено одобрување од Агенцијата за вработување на Република Македонија

б) барање согласност од Владата на Република Македонија

в) претходно известување за обезбедени финансиски средства од Министерството за финансии, односно од органот надлежен за издавање на финансиска согласност за пополнување на работни места во институцијата


21. Постапката за унапредување на административен службеник започнува со:


а) објавување на јавен оглас

б) објавување на интерен оглас

в) објавување на соопштение за медиумите


22. Годишниот план за вработување го донесува:


а) Управниот одбор на институцијата

б) раководното лице на институцијата

в) министерот од надлежниот ресор


23. Годишниот план за вработување содржи:


а) точни податоци за предвидени нови вработувања и заминувања од службата

б) точни податоци за распоредувања на нови и постојно вработени во текот на календарската година по сите основи

в) точни податоци за состојбата на пополнетост на работните места во институцијата; податоци за планирани пензионирања и податоци за други планирани движења на вработените и план за распределба на бројот на нови вработувања во следната година по припадност на заедница


24. За институциите буџетски корисници од прва линија кои се финансираат од Буџетот на Република Македонија и за јавните претпријатија основани од Република Македонија, при донесувањето на годишниот план за вработување согласност дава:


а) надлежно министерство

б) Министерство за финансии

в) Министерство за економија


25. Јавниот оглас за вработување на административни службеници се објавува на:


а) интернет страницата на институцијата која врши вработување и во најмалку три дневни весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик;

б) интернет страницата на Агенцијата за администрација и во најмалку три дневни весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик;

в)интернет страницата на Министерството за информатичко општество и администрација и во најмалку два дневни весника, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.


26. Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас ја формира:


а) Агенцијата за администрација

б) Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците

в) Министерството за информатичко општество и администрација


27. Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас е составена од:


а) раководни административни службеници, претставници од Агенцијата за вработување на Република Македонија, Агенцијата за администрација на Република Македонија и онолку други членови од соодветните организациони единици на институциите за кои се предвидува пополнување на работните места, како и нивни заменици

б) раководни административни службеници, претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за вработување на Република Македонија и онолку други членови од соодветните организациони единици на институциите за кои се спроведува постапка за пополнување на работните места, како и нивни заменици

в) административен службеник од Секторот за селекција на кандидати во Агенцијата за администрација кој е претседател на Комисијата и негов заменик, раководителот на организациoната единица за управување со човечки ресурси, односно административниот службеник кој ги врши работите кои се однесуваат за управување со човечки ресурси ако нема организациона единица во институцијата која вработува и негов заменик, раководителите на организационите единици во кои работните места се пополнуваат, односно непосредно претпоставените доколку нема раководители како и нивни заменици и/или административен службеник од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и негов заменик доколку постапката се спроведува за органи на државната управа


28. Административната селекција за вработување се состои од:


а) проверка на доказите и нивно бодирање

б) проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, приложените докази во пријавата и нивно бодирање

в) проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во дневните весници



29. По спроведување на административната селекција, во следна фаза на постапката за селекција поминуваат:


а) најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани

б) најмалку пет повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани

в) најмногу десет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани


30. По спроведувањето на испитот за административен службеник, во следна фаза на постапката за селекција поминуваат:


а) најмногу три пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата

б) најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата

в) најмногу два пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката, а кои биле најдобро рангирани на листата


31. Проверка на веродостојноста на доказите приложени од кандидатите за вработување пријавени на јавниот оглас врши:


а) Агенцијата за администрација

б) Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас

в) Министерството за информатичко општество и администрација


32. Интервјуто, како дел од постапката за селекција на кандидатите пријавени на јавниот оглас за вработување на административен службеник го спроведува:


а) Агенцијата за вработување на Република Македонија

б) Агенцијата за администрација

в) Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас


33. На интервјуто, како дел од постапката за селекција на кандидатите пријавени на јавен оглас за вработување на административен службеник, преку ситуациони прашања се проверуваат потребните општи работни компетенции на кандидатот за категоријата на која припаѓа работното место за кое конкурирал, а преку стручни прашања или практични задачи, се проверуваат неговите посебни работни компетенции од делокругот на работното место за кое конкурирал


а) точно

б) неточно


34. Врз основа на предлогот од Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас, одлуката за избор за вработување на административен службеник ја донесува:


а) Претседателот на Комисијата за селекција за вработување по јавен оглас

б) директорот на Агенцијата за администрација

в) секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар


35. Против одлуката за избор за вработување, незадоволниот кандидат има право на жалба која се доставува до:


а) Министерството за информатичко општество и администрација

б) надлежен основен суд

в) Агенцијата за администрација, односно до надлежен орган во согласност со Законот за административни службеници


36. Во рок од пет дена од конечноста на одлуката за избор на кандидат за вработување, раководното лице на институцијата носи решение, односно склучува договор за вработување на неопределено време со избраниот кандидат


а) точно

б) неточно


37. Избраниот кандидат за вработување, непосредно пред стапување на работа, пред секретарот односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, потпишува:


а) свечена заклетва за заедничката мисија на вработените во јавниот сектор

б) Изјава за заедничката мисија на вработените во јавниот сектор, која е составен дел од Кодексот за административните службеници

в) согласност за распоредување на било кое работно место во институцијата, во случај на укинување на работното место на кое се вработува


38. Постапката на унапредување има за цел да им овозможи на административните службеници кариерно напредување, односно преминување од пониски на повисоки работни места во рамки на институцијата


а) точно

б) неточно


39. На интерен оглас може да се јави:


а) вработен од групата на даватели на услуги во дејностите од јавниот сектор

б) административен службеник вработен во институцијата која објавува интерен оглас

в) административен службеник вработен во органите на државната и локалната власт



40. Постапката за селекција за унапредување на административен службеник се состои од:


а) испит за административен службеник и тест на личноста

б) испит за административен службеник и интервју

в) административна селекција и интервју


41. Административната селекција, при интерен оглас кој го објавува институцијата, се состои од:


а) оценување на општите и посебните работни компетенции на пријавените кандидати

б) проверка на знаењата и способностите на пријавените кандидати

в) проверка на внесените податоци во пријавата со условите кои според Законот за административни службеници кандидатите за унапредување треба да ги исполнуваат, проверка на приложените докази во пријавата и нивно бодирање


42. Бодовите за административна селекција за секој пријавен кандидат на интерен оглас се утврдуваат врз основа на:


а) збирот од просечната оценка на највисокиот степен на образование на кандидатот и успехот на тестот

б) мислењето на најмалку двајца раководни административни службеници

в) збирот на последните три оцени на кандидатот добиени на редовните оценувања во институцијата, реализираните обуки и потврдите за менторство


43. Во постапка за унапредување, Комисијата за селекција и унапредување, врз основа на составената ранг-листа на кандидатите според освоените бодови, спроведува интервју со:


а) првиот најдобро рангиран кандидат

б) најмногу пет најдобро рангирани кандидати

в) најмногу три најдобро рангирани кандидати


44. Во постапка по интерен оглас, врз основа на ранг-листата на кандидатите според освоените бодови на административната селекција и интервјуто, Комисијата за селекција и унапредување, на секретарот, односно на раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар, му го/ги предлага како кандидат/и за вработување:


а) трите прворангирани кандидати

б) петте прворангирани кандидати

в) прворангираниот кандидат


45. Во постапка по интерен оглас, по исклучок, интервјуто со најдобро рангираниот/те кандидат/и пријавен/и на интерниот оглас го врши секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар, и тоа за:


а) унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата А

б) унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата Б

в) унапредување на административен службеник на работно место на кое било ниво во категоријата В


46. Интерниот оглас институцијата може да го повтори пред:


а) да се донесе одлука за избор

б) да се спроведе интервјуто

в) да се донесе одлука за објавување јавен оглас


47. Административниот службеник има право и обврска во текот на годината стручно да се усовршува врз основа на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и должност да го пренесе стекнатото знаење на другите административни службеници


а) точно

б) неточно


48. Обуките за стручно усовршување на административни службеници можат да бидат:


а) општи и посебни

б) генерички и специјализирани

в) индивидуални и колективни


49. Генеричките обуки за стручно усовршување на административни службеници се вршат заради:


а) генерално усовршување на административните службеници во согласност со утврдениот распоред

б) групно усовршување на административните службеници во согласност со Годишниот план за обука

в) стручно усовршување на административните службеници во согласност со рамката на општи компетенции


50. Специјализираните обуки за стручно усовршување на административни службеници се вршат заради:


а) оспособување на административните службеници за извршување посебни должности и овластувања

б) стручно усовршување на административните службеници во однос на посебните компетенции

в) оспособување на административните службеници за извршување специјални работи и работни задачи надвор од описот на работното место


51. Обука за административно управување се предвидува за:


а) административни службеници на работно место на сите нивоа А

б) административни службеници на работни места на нивото В1

в) административни службеници на работни места на нивоа Б3 и Б4


52. Испитот за административно управување е стручен испит и истиот, во согласност со закон, е посебен услов за унапредување на:


а) административен службеник на пробна работа

б) приправник

в) административен службеник на работно место од категоријата Б


53. Испитот за административно управување, како стручен испит, се состои од:


а) полагање тест и интервју

б) полагање општ и поединечен дел

в) полагање теоретски и практичен дел


54. Кои услови треба да ги исполнува административен службеник за да може да биде назначен за ментор:


а) да е распореден на исто работно места како и менторираниот и да има завршено обука за ментор

б) да завршил високо образование и обука за ментор

в) да е распореден на работно место на повисоко ниво од административниот службеник кој е менториран и да има завршено обука за ментор


55. Регистарот на ментори на административните службеници го води:


а) Министерството за образование и наука

б) Менторскиот совет

в) Министерството за информатичко општество и администрација


56. Системот за управување со ефектот на административните службеници се состои од:


а) определување на правила за давање наредби од страна на административни службеници - раководители и извршување на наредби од страна на административни службеници - извршители

б) утврдување на работните цели и задачи и на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот на административниот службеник

в) воспоставување професионални релации меѓу административни службеници - раководители и административни службеници- извршители


57. Работните цели и задачи на административниот службеник се утврдуваат од страна на:


а) секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар

б) Колегиумот на раководните лица во институцијата

в) претпоставениот административен службеник во соработка со административниот службеник на крајот на постапката на оценување на работните достигнувања во декември во тековната година за наредната


58. Постапката за подобрување на ефектот од работењето на административен службеник вклучува:


а) упатување на дополнително образование, без писмена опомена и усно предупредување на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект

б) поведување на дисциплинска постапка и изрекување на суспензија и усно предупредување на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект

в) дополнителни обуки или менторство и писмена опомена во која административниот службеник се предупредува на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект


59. Кога во извештајот за полугодишното интервју се утврди дека административниот службеник покажал незадоволителни резултати, му се изрекува:


а) казна во висина од 20% од просечната плата која му е исплатена во претходната година

б) решение за престанок на работниот однос

в) писмена опомена во која административниот службеник се предупредува на можноста да биде оценет со негативна оцена доколку и покрај укажувањата и предложените мерки, до истекот на годината за која се врши оценувањето, не го подобри својот ефект и обврска за дополнителни обуки и менторство


60. Оценувањето на административните службеници се спроведува:


а) по договор

б) повремено

в) задолжително


61. Оценувањето на административните службеници задолжително се спроведува од страна на непосредно претпоставениот административен службеник:


а) на секои три месеци

б) еднаш во годината

в) два пати во текот на годината


62. Годишната оцена на административниот службеник се добива врз основа на оценките на:


а) раководното лице на институцијата

б) непосредно претпоставениот административен службеник и на двајца други административни службеници во институцијата, а со кои администртивниот службеник има непосредна соработка

в) непосредно претпоставениот административен службеник, на четири други административни службеници во институцијата и двајца оценувачи кои не се вработени во институцијата, а со кои административниот службеник има непосредна соработка


63. Годишната оцена на административниот службеник се добива врз основа на:


а) оценката на непосредно претпоставениот административен службеник, односно, оценувачот која учествува со 65% и оценката на секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар која учествува со 35%

б) оценката на секретарот, односно раководното лице во институциите во кои не се назначува секретар која учествува со 65% и оценката на министерот за информатичко општество и администрација која учествува со 35%

в) оценката на непосредно претпоставениот административен службеник, односно, оценувачот која учествува со 65%, како и од просечната оценка од четири други административни службеници со кои административниот службеник непосредно соработувал и тоа двајца на пониско и двајца на исто ниво, како и двајца оценувачи кои не се вработени во институцијата, а со кои административниот службеник има непосредна соработка која учествува со 35%


64. Против постапката за оценување незадоволниот кандидат има право во рок од осум дена да поднесе жалба до:


а) Државниот управен инспекторат

б) Државниот инспекторат за труд

в) Агенцијата за администрација, односно до надлежен орган во согласност со Законот за административни службеници


65. Оценувањето на административниот службеник, кој во текот на годината за која се врши оценувањето, преку постапка на мобилност е распореден, односно преземен на друго работно место, го врши:


а) претходниот оценувач

б) Комисија за оценување

в) новиот, врз основа на писмен извештај од претходниот оценувач


66. Годишната оцена на административниот службеник може да биде: „А"- доколку има вредност од 4,51 до 5,00; „Б"-доколку има вредност од 3,51 до 4,50; „В"- доколку има вредност од 2,51 до 3,50; „Г"- доколку има вредност од 1,51 до 2,50 и „Д"- доколку има вредност од 1,00 до 1,50


а) точно

б) неточно


67. Административните службеници, освен оние кои со Изборниот законик се ослободени, се должни да учествуваат во работата на органите во кои се избрани за организирање и спроведување на изборна постапка, односно попис на населението во Република Македонија


а) точно

б) неточно


68. Административниот службеник е лично одговорен за вршењето на работите и работните задачи од работното место


а) точно

б) неточно


69. Административниот службеник одговара дисциплински доколку стори повреда на службената должност


а) точно

б) неточно


70. Одговорноста за сторено кривично дело, односно прекршок, не ја исклучува дисциплинската одговорност


а) точно

б) неточно


71. Дисциплинската неуредност како вид на дисциплинска одговорност на административниот службеник подразбира полесна повреда на работната дисциплина, на работните задачи, на угледот на институцијата или на угледот на административниот службеник:


а) точно

б) неточно


72. Дисциплински престап како вид на дисциплинска одговорност на административниот службеник подразбира потешка повреда на службената должност, на работната дисциплина, на угледот на институцијата или на угледот на административниот службеник:


а) точно

б) неточно


73. Незаконитото располагање со материјални и финансиски средства од страна на административниот службеник претставува:


а) дисциплински прекршок

б) дисциплински престап

в) дисциплинска неуредност


74. Доколку административниот службеник не дојде на работа два работни дена во текот на една календарска година без оправдување, сторува:


а) дисциплински престап

б) дисциплинска неуредност


75. Доколку административниот службеник злоупотреби лични или доверливи податоци, сторува:


а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап


76. Доколку административниот службеник одбие да оди на стручно оспособување и усовршување на кое институцијата во која работи го упатува, сторува:


а) дисциплински престап

б) дисциплинска неуредност


77. Доколку административниот службеник искажува и застапува политичко уверување во вршењето на работните задачи, учествува во изборни активности или на други јавни настапи од таков карактер во текот на работното време, или го доведува во прашање својот статус на административен службеник со вршење на партиски активности, со носење или истакнување на партиски симболи во работната просторија, сторува:


а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап


78. Одбивањето да даде или давањето неточни податоци на институциите, граѓаните или правните лица, во случаи кога давањето податоци е утврдено со закон, за административниот службеник значи извршување на:


а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап


79. Повторувањето на дисциплинската неуредност повеќе пати претставува дисциплински престап:


а) точно

б) неточно


80. Злоупотребата на боледувањето од страна на административниот службеник претставува:


а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап


81. Внесувањето и употребата на алкохол во работните простории, или работење под дејство на алкохол или наркотични средства од страна на административниот службеник претставува:


а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап


82. Доколку административниот службеник не се придржува кон прописите за заштита од болест, безбедност и здравје при работа и на прописите за заштита на животната средина, тоа претставува:


а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап


83. Доколку административниот службеник го поставува личниот финансиски интерес во судир со положбата и статусот на административниот службеник, тоа претставува:


а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап


84. Доколку административниот службеник како член на изборен орган се вклучи во спречување на избори и на гласање, го повредува избирачкото право на избирачите, ја ограничува слободата на определување на избирачите, врши поткуп при избори, ја повредува тајноста на гласањето, уништува изборни исправи или врши изборна измама, тоа претставува:


а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап


85. Примањето подароци или друг вид на корист од страна на административниот службеник претставува:


а) дисциплинска неуредност

б) дисциплински престап


86. Доколку административниот службеник неоправдано не го извести непосредно претпоставениот административен службеник, секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, за спреченоста за недоаѓање на работа во рок од три часа, тоа претставува:


а) дисциплински престап

б) дисциплинска неуредност


87. Со одлука за утврдена дисциплинска неуредност на административниот службеник може да му биде изречена една од следниве дисциплински мерки: писмена опомена или парична казна во висина од 20% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинска неуредност, во траење од еден до три месеци


а) точно

б) неточно


88. Со одлука за утврден дисциплински престап на административниот службеник може да му биде изречена една од следниве дисциплински мерки: парична казна во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинскиот престап во траење од еден до шест месеци; распоредување на работно место во непосредно пониско ниво и престанок на работниот однос кога настапиле штетни последици за институцијата, а притоа не се утврдени олеснителни околности за административниот службеник кој го сторил престапот


а) точно

б) неточно


89. Дисциплинската мерка против административниот службеник кој сторил дисциплинска неуредност ја изрекува:


а) Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност

б) Агенцијата за администрација

в) секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар


90. Против донесената одлука за дисциплинска мерка за дисциплинска неуредност, односно, за дисциплински престап, административниот службеник има право на жалба


а) точно

б) неточно


91. Начинот на водење на дисциплинската постапка и образецот за тајното гласање на членовите на дисциплинската комисија го пропишува:


а) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност

б) Министерот за информатичко општество и администрација

в) Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар


92. Иницијатива за покренување на дисциплинска постапка против административен службеник со соодветно образложение има право да поднесе:


а) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност

б) раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар

в) секој административен службеник и друго лице, во согласност со закон или Државната изборна комисија, Државниот завод за статистика и Државниот испитен центар


93. Предлог за покренување на дисциплинска постапка против административен службеник поднесува:


а) раководителот на организационата единица за управување со човечки ресурси во институцијата

б) Претседателот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност

в) непосредно претпоставениот административен службеник, како и секретарот, односно, раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар


94. Доколку повредата на службената должност повлекува и кривична одговорност, дисциплинската постапка за утврдување на одговорност на административниот службеник застарува во рок од:


а) една година од денот на дознавањето за повредата

б) две години од денот на дознавањето за повредата

в) три години од денот на дознавањето за повредата


95. Задршката од плата на име изречени парични казни на административниот службеник за сторени дисциплински неуредности или дисциплински престапи, во текот на еден месец не може да го надмине износот од:


а) 60 % од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец

б) една третина од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец

в) една половина од износот на неговата вкупна нето плата за тој месец


96. Постапката за утврдување на материјална одговорност на административниот службеник, почнувајќи од денот на донесување на решението за формирање на комисијата за утврдување на материјална одговорност не може да се води подолго од:


а) 45 дена

б) 60 дена

в) 30 дена


97. Доколку административниот службеник на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност, предизвика штета на институцијата, и доколку низ соодветна постапка се потврди дека е одговорен за настанатата штета, штетата ја надоместува:


а) одделението/секторот каде што е вработен административниот службеник

б) фондот за надоместување штети формиран на солидарна основа

в) административниот службеник лично


98. Доколку административниот службеник во вршењето на работите и работните задачи предизвика материјална штета кон трети лица, институцијата е должна да ја надомести направената материјалната штета


а) точно

б) неточно


99. Платите и надоместоците на плати на административните службеници се обезбедуваат од:


а) самофинансирање и должничко - доверителски односи на институцијата

б) донации и меѓународна помош

в) Буџетот на Република Македонија, буџетите на единиците на локалната самоуправа, како и од други извори на средства  утврдени со закон


100. Платите на административните службеници:


а) се пресметуваат и исплатуваат како збир од дневници за претходниот месец

б) се пресметуваат во бруто износ, а се исплатуваат во готовина

в) се пресметуваат во бруто износ, а се исплатуваат во нето паричен износ еднаш месечно во тековниот месец за претходниот месец


101. Платата на административниот службеник се состои од:


а) плата по учинок и надоместок за редовност

б) плата по учинок и бонус

в) основна компонента и исклучителна компонента


102. Основната компонента на платата на административниот службеник ја сочинуваат: делот на плата за степен на образование, делот на плата за ниво и дел на плата за стаж:


а) точно

б) неточно


103. Делот на плата за степен на образование, делот на плата за ниво и делот на плата за стаж на административните службеници се вреднуваат со:


а) индекси

б) бодови

в) проценти


104. Делот на плата за работниот стаж на административниот службеник се вреднува во износ од:


а) 20% од делот на плата за стручно образование и за ниво

б) 0,5% од деловите на платата за степен на образование и за ниво, за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%

в) 0,5% од разликата меѓу деловите на платата за степен на образование и за ниво, за секоја навршена година работен стаж


105. Исклучителната компонента на платата на административните службеници ја сочинуваат: додатокот на плата за посебни услови за работа, додатокот на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот и/или додатокот на плата за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа:


а) точно

б) неточно


106. За време на штрајк, доколку се исполнети сите законски услови, административниот службеник има право на плата во висина од:


а) 40% од платата што ја примил претходниот месец

б) 50% од платата што ја примил претходниот месец

в) 60% од платата што ја примил претходниот месец


107. На административниот службеник му престанува работниот однос: со спогодба; по негово барање; по сила на закон и во други случаи утврдени со овој и друг закон и колективен договор


а) точно

б) неточно


108. Доколку на административен службеник му престане државјанството на Република Македонија, со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанството на Република Македонија му престанува работниот однос по сила на закон


а) точно

б) неточно


109. Доколку административен службеник биде осуден за кривично дело во врска со службената должност, со денот на правосилноста на пресудата му престанува работниот однос по сила на закон


а) точно

б) неточно


110. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон поради издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеци, со денот на започнувањето на издржување на казната


а) точно

б) неточно


111. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон ако неоправдано отсуствува од работа најмалку три работни дена последователно во еден месец


а) точно

б) неточно


112. На административниот службеник му престанува работниот однос по сила на закон ако органот на државната управа надлежен за инспекциски надзор во рок од една година утврди дека вработениот е вработен спротивно на одредбите од Законот за административни службеници


а) точно

б) неточно


113. Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за административни службеници и на прописите донесени врз основа на овој закон, врши:


а) Агенцијата за администрација

б) Државниот управен инспекторат

в) Државниот инспекторат за труд


114. Формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен јавниот оглас, ги пропишува:


а) Комисијата за селекција и унапредување

б) Министерот за информатичко општество и администрација

в) Министерот за информатичко општество и администрација

 

115. Испитот за административно управување го организира и спроведува:


а) Агенцијата за администрација во соработка со институциите

б) Агенцијата за администрација во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација

в) Агенцијата за администрација во соработка со Министерството за образование и наука


116. Директорот на Агенцијата за администрација се именува за период од:


а) пет години

б) шест години

в) четири години


117. Меѓусебните права и обврски на институцијата и на административниот службеник кој е упатен на специјализирана обука за потребите на институцијата се уредуваат со ...


а) писмен налог во кој се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум

б) писмен налог во кој се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум

в) писмен договор во кој се утврдува точниот датум до кој административниот службеник не може да побара престанок на работниот однос, како и неговата материјална одговорност сразмерна на средствата потрошени за реализација на обуката, доколку по негова вина или на негово барање му престане работниот однос пред утврдениот датум


118. Менторството како метод на пренесување на знаења и вештини меѓу административните службеници може да биде:


а) организирано во форма на обука од надворешни предавачи

б) писмено или усно

в) советодавно или практично


119. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците дава согласност при донесувањето на годишниот план за вработување на:


а) органите на државната управа

б) институциите во јавниот сектор

в) органите на државната и локалната власт

 

120. Постапката за селекција за вработување на административен службеник се состои од:


а) три фази

б) две фази

в) четири фази

 

121. При постапката на унапредување се почитува начелото за соодветна и правична застапеност:


а) точно

б) неточно

 

122. Годишната програма на генерички обуки за административни службеници ја донесува:


а) Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар

б) Директорот на Агенцијата за администрација

в) Министерот за информатичко општество и администрација


123. Практичното менторство се остварува преку :


а) набљудување на работата на менторираниот административен службеник, постојани консулатции и преку практична работа и се врши заради развој на посебните компетенции на вработениот.

б) преку конкретни совети на менторот и се врши заради развој на општите компетенции на вработениот

в) посета на обуки

 

124. Во индивидуалниот план кој се подготвува за стручно усовршување на административен службеник се утврдува:


а) потребата за стручно усовршување на административниот службеник заради ефикасно извршување на утврдените работни цели и задачи и потребата од развој и унапредување на работните компетенции

б) потребата од дополнително стручно образование заради ефикасно извршување на утврдените работни цели и задачи и потребата од развој и унапредување на работните компетенции

в) планот за полагање стручни испити во календарската година


125. Полугодишното интервјуто, како дел од процесот на континуирано следење на ефектот на административниот службеник од страна на непосредно претпоставениот административен службеник, се спроведува:


а) еднаш во годината

б) два пати во тек на годината

в) на секои шест месеци


126. Работата на административниот службеник, во однос на квалитетот, ефективноста и ефикасноста на работењето, почитувањето на роковите и нивото на исполнување на утврдените работни цели и задачи, нивото на вклученост и посветеност на работата, придонесот во реализацијата на стратешкиот план на институцијата, реализацијата на индивидуалниот план за стручно усовршување и однесувањето на административниот службеник, имајќи го предвид и извештајот од полугодишното интервју, може да биде оценета од страна на оценувачот:


а) со оценка "6", "7", "8", "9" или "10"

б) со оценка "1", "2", "3", "4" или "5"

в) со оценка "особено се истакнува", " се истакнува", "задоволува", "делумно задоволува" или "не задоволува"


127. Постапката за селекција при вработување на административен службеник се состои од три фази и тоа:

 

а) административна селекција, испит за административен службеник, проверка на веродостојноста на доставените докази и интервју.

б) проверка на доставените докази, писмен тест, усен испит и интервју.

в) административна селекција, стручен испит и интервју.


128. Испитот за административен службеник се состои од два дела и тоа:


а) стручен дел и дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски)

б) општ и практичен дел

в) општ и посебен дел

 

129. Унапредување на административните службеници се врши преку објавување на:


а) интерен оглас на веб страната на институцијата и на Агенцијата за администрација.

б) јавен оглас во најмалу три дневни весници, што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик

в) соопштение на веб страната на Агенцијата за администрација

 

130. Административен службеник кој се пријавува на интерен оглас треба да ги исполнува следните услови:


а) да е вработен во институција од јавниот сектор, да ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место, да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас и тоа најмалку една година и да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас

б) да е вработен во институцијата од приватниот или јавниот сектор, да ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, да е оценет со оцена „особено се истакнува" или „се истакнува" при последното оценување и да е на работно место на пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас

в) да е вработен во институцијата која објавува интерен оглас, да ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, да е оценет со оцена „особено се истакнува" или „се истакнува" при последното оценување, да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас и тоа најмалку две години и да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас


131. На административниот службеник кој е оценет со годишна оценка “А“ му се доделува:


надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец во годината за која оценувањето.

по сила на закон се унапредува за едно ниво повисоко

додаток на плата за кариера


132. На административниот службеник кој е оценет со годишна оценка “А“ му се доделува надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец во годината за која се вршело оценувањето, доколку:

а)во буџетот на институцијата, се обезбедени средства за таа намена, а за тоа одлучи секретарот, односно раководното лице на институцијата, врз основа на предлог на непосредниот раководител.

б) во буџетот на институцијата, се обезбедени средства за таа намена, независно од тоа кој ја носи одлуката за исплатата на надоместокот.

в) непосредниот предпоставен донесе одлука за тоа.


133. Доколку административниот службеник биде оценет со оцена “Д“ му престанува работниот однос:


а) доколку два пати последователно биде оценет со оцена “Д“ или најмалку три пати во последните пет години.

б) доколку во последните пет години најмалку два пати биде оценет со оцена “Д“.

в) доколку еднаш биде оценет со оцена “Д“.


Извор: Закон за административни службеници