Список на вработени во АА:

Одделение за внатрешна ревизија


Одделението за внатрешна ревизија ги врши следните работи:

- врши проценка на усогласеноста на работењето на Агенцијата со законите, подзаконските, интерните акти и договорите;
- врши проценка на функционирањето на системот за внатрешна контрола;
- врши оценување на значајните фактори на ризик и дава совети на директорот на Агенцијата за нивно намалување;
- обезбедува проверка на точноста, комплетноста и законитоста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи на Агенцијата;
- врши проценка на економичноста, ефикасноста и ефективноста на работењето и користењето на средствата во дефинираната област на активности или програми на Aгенцијата;
- врши проценка на работењето на информативно-технолошките системи;
- врши проценка на соодветноста, економичноста, ефективноста и ефикасноста на системот за финансиско управување и контрола за утврдување, проценка и управување со ризиците;
- дава препораки за подобрување на работењето и работните процедури на Агенцијата,
- изготвува и донесува стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно со усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување;
- изготвува извештаи од извршените ревизии;
- врши следење на спроведување на мерките преземени од директорот на Агенцијата, генералниот секретар и раководните административни службеници врз основа на препораките дадени во ревизорските извештаи;
- подготвува Упатство за работа и Повелба за внатрешна ревизија;
- го информира  директорот на Агенцијата за постоење на конфликт на интереси при извршување на ревизорска задача;
- го известува  директорот на Агенцијата и лицето задолжено за неправилности или сомнежи за измами или корупција, кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка;
- подготвува годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија;
- во соработка со Одделението за управување со човечки ресурси планира обука за внатрешните ревизори, предлага годишни планови за обука од областа на внатрешната ревизија и учествува во процесот на нивната имплементација;
- учествува во подготвувањето на Стратешкиот план на Агенцијата и Планот за спроведување на Програмата за работа,
- дава придонес при подготвувањето на Програмата за работа, Извештајот за работа на Агенција и подготвувањето на функционалната анализа и актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во Агенцијата во делот за Одделението за внатрешна ревизија;
- предлага, изработува и применува процедури од делокруг на работа на одделението во рамките на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањето на Стандардот ИСО 9001:2008;
- врши други работи од областа на внатрешната ревизија, и
- врши и други работи од надлежност на одделението.

Работни места:

...Раководител на одделение за внатрешна ревизија