СООПШТЕНИЕ

за кандидатите за селекција за вработување на административен службеник и за институциите во јавниот сектор

 

                Врз основа на член 8-а став (1) алинеја 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија” број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/19, 42/20, 74/21 и 215/21), а согласно Решението за распишување избор за претседател на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 37/2024), и Решението за распишување избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 37/2024), започнатите постапки за вработување на административни службеници се ставаат во мирување.

 

 

15.02.2024 година

 

 

АГЕНЦИЈА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА