ФОРМИРАЊЕ И СОСТАВ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈАТА

Комисијата на Агенцијата  се формира со решениe на директорот на Агенцијата.

Комисијата на Агенцијата е составена од претседател и четири члена и нивни заменици од редот на административните службеници во Агенцијата врз основа на начелата на стручност и компетентност и согласно со начелото за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.

Комисијата на Агенцијата има секретар и заменик секретар кои ги вршат стручно – административните и организациско - техничките работи во врска со работата на Комисијата на Агенцијата.