ОДЛУЧУВАЊЕ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈАТА
Комисијата на Агенцијата одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови.
Претседателот и членовите на Комисијата на Агенцијата не можат да бидат воздржани при гласање.
Секретарот и заменик секретарот на Комисијата на Агенцијата немаат право на глас при одлучувањето.
Членот на Комисијата на Агенцијата кој има издвоено мислење во писмена форма го доставува до секретарот на Комисијата на Агенцијата, со образложение за издвојувањето на своето мислење и своерачно го потпишува. Доставеното писмено образложение е составен дел на записникот за одржана седница на Комисијата на Агенцијата.