СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБИ И ПРИГОВОРИ НА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ


УПР0101В03000 Соработник

Ана Куч
Тел: 3094-202
a.kuc@aa.mk
Ниво и звање: В3 - Соработник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: Раководителот на Одделение за одлучување по жалби и приговори на државни службеници


Работни цели:
- ефективно, ефикасно и квалитетно спроведување на одредени функции од делокруг на Одделението и изработка на нацрт одлуки, решенија и заклучоци на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен


Работни задачи и обврски:

-ги следи и применува општите прописи од административната област и други  прописи од работно законодавство;
-утврдува потреба и изготвува листа од дополнителни писмени докази заради правилно одлучување по поднесената жалба или приговор;
-изработува нацрт одлуки, решенија и заклучоци кои произлегуваат од работата на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен по однос на доставени жалби и приговори на државни службеници;
-учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
-дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониските нивоа;
-учествува во оценувањето на администратините службеници во Агенцијата и во други институции;
-соработува со другите административни  службеници од Агенцијата.


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В3 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Правни науки
- за нивото В3 најмалку една година работно искуство во струката.


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.