Список на вработени во АА:

СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ


Одделение за нормативно - правни работи и соработка со институциите во јавниот сектор


Одделението за нормативно - правни работи и соработка со институциите во јавниот сектор ги врши следните работи :

- обезбедува нормативно-правна поддршка на работењето на организациските единици на Агенцијата;
- подготвува подзаконски акти од системот на административна служба, за чие донесување е надлежна Агенцијата;
- поднесува иницијатива за изменување и дополнување на законските и подзаконските акти,  кои се однесуваат на административната служба;
- остварува соработка со институциите во јавниот сектор заради исполнување на правни обврски на Агенцијата, кои  произлегуваат од посебните закони;
- постапува по претставки и предлози на административни службеници, на други вработени во јавниот сектор и на граѓани, доставени до Агенцијата;
- изработува процедури од делокруг на работа на Секторот и врши контрола и правно оформување на процедурите во рамките на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањето на Стандардот ИСО 9001:2008;
- учествува во подготвувањето на Стратешкиот план на Агенцијата и Планот за спроведување на Програмата за работа;
- дава придонес при подготвувањето на Програмата за работа, Извештајот за работа на Агенција и подготвувањето на функционалната анализа;
- соработува со другите одделенија во секторот;
- врши и други работи кои се во надлежност на одделението и секторот.

Работни места:

...Раководител на одделение за нормативно - правни работи и соработка со институциите во јавниот сектор

...Советник за нормативно-правни работи  и соработка со институциите од јавниот сектор