Список на вработени во АА:

Сектор за правни работи

 

Секторот за правни работи ги врши следните работи:

- обезбедува правна поддршка на работењето на организациските единици на Агенцијата;
- врши нормативно–правни и стручно-оперативни работи од надлежност на Агенцијата;
- ги следи и применува законите и другите прописи кои се однесуваат на административната служба и на други правни прашања поврзани со остварувањето на надлежностите на Агенцијата;
- обезбедува единствена примена на законите и другите прописи во Агенцијата;
- подготвува подзаконски акти од системот на административна служба, за чие донесување е надлежна Агенцијата;
- поднесува иницијатива за изменување и дополнување на законските и подзаконските акти, кои се однесуваат на административната служба;
- остварува соработка со институциите во јавниот сектор заради исполнување на правни обврски за Агенцијата, кои  произлегуваат од посебните закони;
- постапува по претставки и предлози на административни службеници, на други вработени во јавниот сектор и на граѓани, доставени до Агенцијата;
- врши прием, евиденција и дистрибуција на жалбите и приговорите на административните службеници, поднесени до Агенцијата;
- обезбедува стручно-оперативна поддршка за потребите на Комисијата  за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен;
- предлага и развива процедури од надлежност на секторот;
- учествува во подготвувањето на Стратешкиот план на Агенцијата и Планот за спроведување на Програмата за работа,
- дава придонес при подготвувањето на Програмата за работа, Извештајот за работа на Агенција и подготвувањето на функционалната анализа и актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во Агенцијата од делокргот на Секторот за правни работи;
- соработува со другите сектори во Агенцијата;
- врши и други работи кои се во надлежност на секторот.

 

Работни места

...Раководител на сектор за правни работи

...Помошник Раководител на Сектор за правни работи

Во состав на овој сектор се следните одделенија:

...Одделение за нормативно - правни работи и соработка со институциите во јавниот сектор
...Одделение за одлучување по жалби и приговори на државните службеници
...Одделение за одлучување по жалби и приговори на јавните службеници