ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
УПР0101B01000 Советник
Елена Костадинова Витанова
Тел: 3094-226
e.vitanova@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за финансиски прашања
Работни цели:
- ефикасно спроведување на прописите за сметководствено работење
Работни задачи и обврски:
- врши сметководствено евидентирање за извршување на буџетот на Агенцијата, основните средства, наплатата на побарувањата и плаќањето на доспеаните обврски на Агенцијата;
- воспоставува ревизорска трага односно документиран тек на финансиските и други трансакции од нивниот почеток до крај;
- заштита на средствата и обврските, чија состојба е евидентирана во билансот на состојбата;
- изработува месечни финансиски извештаи за извршување на буџетот на Агенцијата по организациони единици, согласно Решението за внатрешна распределба на буџетот по програми и ставки, како и извештаи за планирани и потрошени средства по ставки;
- изработува Годишна сметка и ја доставува до надлежните државни органи во законски утврдениот рок;
- ги чува деловните книги;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониско ниво;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.
Други посебни услови:
- уверение за овластен сметководител;
- познавање на Законот за сметководство и подзаконските акти од областа на сметководственото работење.
Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Стручни квалификации и работно искуство, и тоа:
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Економски науки
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.