Список на вработени во АА:

Одделение за финансиски прашања

 

Одделението за финансиски прашања ги врши следните работи:

- ги следи и применува  законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално-финансиското работење;
- носител е на активностите за донесување  на Стратешкиот план на Агенцијата  и неговото изменување и дополнување и Планот за спроведување на Програмата за работа;
- дава придонес при подготвувањето на Програмата за работа, Извештајот за работа на Агенција и подготвувањето на функционалната анализа и актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во Агенцијата во делот за Одделението за финансиски прашања;
- ги управува, следи  и врши контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на Агенцијата утврдени со буџетот;
- го подготвува  буџетот на Агенцијата и предлага негово изменување;
- врши контрола на подготовката и извршувањето на буџетот;
- се  грижи за извршувањето и подготвува известување за извршувањето на буџетот на Агенција за администрација;
- спроведува  ex-ante и  ex-post финансиска контрола;
- изготвува финансиски план за извршувањето на буџетот (месечен, квартален, годишен) на Агенцијата;
- го следи остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на Агенцијата;
- врши сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвува   годишна сметка;
- подготвува Годишен финансиски извештај, освен Извештај за извршените ревизии и активности на внатрешната ревизија, Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
- се грижи за воспоставување, спроведување, одржување и развој на финансиското управување и контрола;
- дава мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациски единици во Агенцијата и предлог актите на други субјекти кои имаат или може да имаат финансиски импликации за буџетот на субјектот;
- го врши благајничкото работење;
- ја подготвува, прима и врши  контрола на сметководствената документација;
- врши пресметка  и исплата на платите на вработените во Агенцијата, води евиденција на платите, додатоците на плати, надоместоците на плата и исплатените придонеси од плата и персоналниот данок од доход и подготвува потврди  за исплата на истите;
- предлага, изработува и применува процедури од делокруг на работа на одделението во рамките на  Системот за менаџмент со квалитет согласно барањето на Стандардот ИСО 9001:2008;
- соработува со другите сектори и самостојни одделенија во Агенцијата; и
- врши и други работи кои се во надлежност на Одделението.

Работни места:

...Раководител на Одделение за финансиски прашања

...Советник- овластен сметководител

...Помлад соработник за буџетска контрола

...Самостоен референт за пресметување на плата и благајник