СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ


УПР0101B01000 Советник
Харун Дехари
Тел: 3094-235

h.dehari@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за јавни набавки


Работни цели:

- ефикасно и квалитетно изработени договори за јавни набавки


Работни задачи и обврски:

- изработува договори за јавни набавки;
- дава предлози и учествува при подготвувањето на Годишниот план за јавни набавки;
- дава инструкции и стручна помош на Комисиите за јавни набавки во врска со подготовката и спроведувањето на постапките за јавни набавки;
- изработува акти во врска со реализација на договорите за јавни набавки;
- се грижи за законско спроведување на постапките за доделување на јавна набавка и релизација на Планот за јавни набавки на Агенцијата;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониско ниво;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;-соработува со другите административни службеници од Агенцијата


Други посебни услови:

- потврда за положен испит за лица за јавни набавки


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа:
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Социологија, Економски науки или Правни науки
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.