
Република Северна Македонија
Агенција за администрација
ДОПОЛНИТЕЛНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
за јавни огласи број 232/2022, 233/2022, 235/2022, 237/2022, 238/2022 и 253/2022 објавени за потребите на Министерство за финансии – ЦАРИНСКА УПРАВА
За јавните огласи број 232/2022, 233/2022, 235/2022, 237/2022, 238/2022 и 253/2022 објавени за потребите на Министерство за финансии– Царинска управа при спроведување на Фаза 2 – испит за административен службеник ќе се споведе и посебен испит – ИСПИТ ЗА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИК согласно посебниот закон со кој е утврдена обврска од проверка на познавањата на кандидатите во други посебни области.
Агенција за администрација
Запирање на јавен оглас брoj 292/2022
На барање на Министерство за информатичко општество и администрација се запира јавниот оглас 292/2022 објавен на 24.08.2022 година во дневните весници Нова Македонија, Слободен Печат и Коха.