СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
УПР0101B01000 Советник
Јасмина Стојановска
Тел: 3094-227
j.stojanovska@aa.mk
Ниво и звање: В1 - советник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за јавни набавки
Работни цели:
-ефикасно и квалитетно подготвена тендерска документација за спроведување постапки за јавни набавки
Работни задачи и обврски:
- изработува нацрт-Годишен план за јавни набавки на Агенцијата;
- изработува тендерска документација;
- се грижи за навремено започнување и спроведување на планираните јавни набавки и ја следи реализацијата на секоја поединечна постапка;
- дава инструкции и стручна помош на Комисиите за јавни набавки за работи во врска со подготовката и спроведувањето на постапките за јавни набавки;
- дава насоки и упатства на Агенцијата во врска со постапување во жалбената постапка во соработка со комисијата за јавна набавка;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониско ниво;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.
Други посебни услови:
- потврда за положен испит за лица за јавни набавки
Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Стручни квалификации и работно искуство, и тоа:
- за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Економски науки, Образование или Правни науки
- за нивото В1 најмалку три години работно искуство во струката
Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.