ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА
УПР0101Б04000 Раководител на одделение
Маргарита Илиевска Спировски
Тел: 3094-217
m.ilievska@aa.mk
Ниво и звање: Б4 - раководител на одделение
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: Директорот на Агенцијата за администрација
Работни цели:
- независно објективно уверување и давање совети на директорот на Агенцијата за зголемување на ефикасноста на системите за внатрешна контрола и подобрување на работењето
Работни задачи и обврски:
- раководи со Одделението (ја организира, насочува и координира работата, врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите, ги распоредува работите и задачите на вработените во Одделението, се грижи за работната дисциплина на вработените во Одделението и дава стручна помош, совети и врши менторство на административни службеници од Агенцијата);
- изработува предлози на: стратешки план, програма за работа, буџет, извештај за работа, функционална анализа, акти за внатрешна организација и систематизација на работните места и план за обуки на вработените во Одделението, како и месечни, квартални, полугодишни и годишни извештаи од аспект на делокругот на работа на Одделението;
- ги оценува вработените во Одделението и може да учествува во оценување на административни службеници во Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- соработува со административни службеници од Агенцијата и од институциите од јавниот сектор, за прашања од делокруг на работа на Одделението;
- врши навремено, законито и квалитетно извршување на внатрешната ревизија и доследна примена на законските прописи од областа на внатрешната ревизија и насоките дадени од министерот за финансисии;
- изработува упатство за работа на Одделението и повелба за внатрешна ревизија;
- изработува стратешки и годишни планови за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик и го известува директорот на Агенцијата за спроведувањето на годишниот план за ревизија и дава објаснување за промените во планот на ревизија
- ја одобрува програмата за секоја поединечна ревизија, се грижи за евидентирање на ревизорските активности и чување на документите од ревизиите, го доставува ревизорскиот извештај до директорот на Агенцијата и до раководителите на организационите единици во Агенцијата и го следи спроведувањето на препораките од извршените ревизии и акциони планови;
- изработува Годишен извештај за извршените ревизии и активностите на внатрешната ревизија;
- дава мислење за внатрешните правила и акти на Агенцијата во врска со прашања поврзани со внатрешната финансиска контрола и внатрешна ревизија и ги советува сите раководни лица во Агенцијата за управување со ризик.
Други посебни услови:
- најмалку 3 години работно искуство во областа на внатрешната или надворешната ревизија;
- положен испит за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, според Програма за полагање на испит за овластен внатрешен ревизор или поседување меѓународно признат ревизорски сертификат и познавање на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола
Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Економски или Правни науки
- за нивото Б4 најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор
Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
- потврда за положен испит за административно управување
Потребни општи работни компетенции на напредно ниво се:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење; и
- финансиско управување.