СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВЕН ОГЛАС И АДМИНИСТРАТИВНА СЕЛЕКЦИЈА


УПР0101Г01000 Самостоен референт

Минире Битиќ
Тел: 3094-223
m.bitiq@aa.mk
Ниво и звање: Г1 - самостоен референт
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за јавен оглас и административна селекција


Работни цели:
- ефикасно и навремено спроведување на постапката за селекција


Работни задачи и обврски:
- ги применува прописите и општите акти за канцелариското и архивското работење;
- води евиденција: за барањата за објавување на јавен оглас, објавените огласи и весниците во кои истите се објавени, за датумот на завршување на секоја фаза од постапката за селекција и за членовите во Комисиите за селекција за вработување, номинирани од Агенцијата;
- врши обработка, комплетирање и чување на предметите во постапките за селекција;
- се грижи за заштита на личните податоци содржани во предметите во постапките за селекција;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата; 
учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници во Агенцијата.


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование и работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Гимназиско 
- за нивото Г1 најмалку три години работно искуство во струката;


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување.