Одделение за јавен оглас и администартивна селекција
Одделение за јавен оглас и административна селекција ги врши следните работи :
- ги следи и применува законите и другите прописи и општи акти, а особено во врска со вработувањето во административната служба и на други категории на вработени во јавниот сектор;
- врши проверка на барањето за објавување на јавен оглас и на приилозите кон барањето;
- го креира, преведува од македонски на албански јазик и презема активности за објавување на јавниот оглас за вработување на административен службеник и на други категории на вработени во јавниот сектор во дневните весници и на веб страницата на Агенцијата;
- води евиденција за објавените јавни огласи;
- изработува решенија за формирање на Комисија за селекција за вработување по јавен оглас;
- врши проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, приложените докази кон пријавата и нивно бодирање за секој кандидат поединечно;
- ја организира и учествува во административна селекција и врши стручно-оперативни работи и собира податоци во врска со селекцијата на кандидатите;
- се грижи за правилната примена на стандардите и критериумите за административна селекција од аспект на доследна и правилна примена на законските прописи и на другите подзаконски акти;
- изработува записник од спроведена административна селекција, листа на уредни и неуредни кандидати, ранг листа со идентифакациони кодови на кандидати кои ја поминале административната селекција со број на освоени бодови и листа со идентифакациони кодови на кандидати за кои постапката на селекција е завршена;
- го закажува испитот за административен службеник;
- на веб страницата на Агенцијата ја објавува ранг листата од спроведената административна селекција, терминот за полање на испитот и ги објавува одлуките за избор за вработување;
- се грижи за заштита на личните податоци содржани во предметите во постапката за селекција;
- предлага, изработува и применува процедури од делокруг на работа на одделението во рамките на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањето на Стандардот ИСО 9001:2008;
- соработува со другите одделенија во секторот и
- врши и други работи од надлежност на одделението и секторот.
Работни места:
...Раководител на Одделение за јавен оглас и административна селекција
...Советник за обработка и проверка на барање за јавен оглас
...Советник за административна селекција
...Советник за административна селекција
...Советник за административна селекција
...Виш соработник за креирање на јавен оглас
...Помлад соработник за превод на јавен оглас од македонски на албански јазик и обратно
...Помлад соработник за административна селекција
...Самостоен референт за административна поддршка
...Помлад референт за административна поддршка