Од Базата на прашања се бришат следните прашања и истите нема да бидат дел од испитите за административен службеник започнуваајќи од 07.03.2022 година

А. I. Прашања од областа на уставниот поредок на Република Македонија

1. Граѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни образовни установи во …

а) сите степени на образованието, освен во основното образование

б) основното, средното и високото образование

в) основното и средното образование

 

2. За имунитетот на претседателот на Република Македонија одлучува:

а) Уставниот суд на Република Македонија

б) Собранието на Република Македонија

в) Врховниот суд на Република Македонија

 

3. Економските права, како основни слободи и права на човекот и граѓанинот може да се ограничат само:

а) во случаи утврдени со Уставот на Република Македонија

б) со закон

в) со подзаконски акти

 

4. Данок е должен да плаќа:

а) само вработен граѓанин

б) само невработен граѓанин кој има имот

в) секој граѓанин

 

А.II Прашања од системот на локалната самоуправа на Република Македонија

1. Според Законот за локална самоуправа, бројот на членовите на Советот е предвиден да биде 15 во општини со број на жители:

а) од 10001 до 20000 жители

б) 5001 до 10000 жители

в) од 20001 до 40000

 

2. Органи на општината се:

а) Советот и градоначалникот

б) Општините,месните и урбаните заедници

в) Градоначалникот, претседателот на советот и општинската администрација

 

3. Од колку членови е составен советот на Градот Скопје?

а) 45 членови

б) 33 членови

в) 22 члена

 

4. Кој има право да биде избран за член на советот и за градоначалник на Град Скопје?

а) жител на градот Скопје

б) избран кандидат од политичките партии

в) претставник на политичките партии

 

5. Колку единици на локалната самоуправа постојат во Република Македонија?

а) 80 и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа

б) 80 единици на локалната самоуправа

в) 85 и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа

 

6. Надлежностите на Градот Скопје се уредени со:

а) Закон за Град Скопје и Закон за локалната самоуправа, доколку поинаку не е уредено со Законот за Град Скопје

б) Закон за Град Скопје

в) Закон за локалната самоуправа

 

7. Вршењето на надлежностите на општината е уредено со:

а) Статут на општината

б) Правилник за вршење на надлежностите на општината

в) Деловник за работа на општината

 

8. Органите на општината, комисиите на советот и јавните служби основани од општината, се должни, без надомест, да ги информираат граѓаните за својата работа, како и за плановите и програмите кои се од значење за развојот на општината, на начин утврден со статутот

а) точно

б) неточно

 

9. Со кој закон се уредува утврдувањето на подрачјето, имињата, седиштата и границите на општините и постапката за основање општини?

а) со Закон за територијална организација на локалната самоуправана Република Македонија

б) со Закон за локална самоуправа

в) со Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа

 

10. Општините самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење и се одговорни за нивното вршење. Овие надлежности...

а) се целосни и исклучиви и не смеат да бидат одземени или ограничени, освен во случаите утврдени со закон

б) не смеат да бидат одземени или ограничени, освен во случаи утврдени со закон

в) може да бидат одземени или ограничени

 

11. Освен по пат на основање на јавни служби, дали постои и друг начин според кој општината може да ги извршува своите надлежности?

а) да, преку делегирање на работите на одредени работи од јавен интерес од локално значење на други правни и физички лица, врз основа на договор за извршување на работи од јавен интерес, во согласност со закон

б) не, надлежностите може да ги извршува единствено самостојно и без можност за делегирање

 

12. Кои од наведените облици на непосредно учество на граѓаните во одлучувањето на општините ги предвидува Законот за локалната самоуправа?

а) граѓанска иницијатива, собир на граѓани, референдум, претставки и предлози, јавни трибини, анкети и предлози

б) граѓанска иницијатива, референдум, претставки и предлози

в) граѓанска иницијатива и референдум

 

13. Граѓанска иницијатива може да се поднесе за кадровски и финансиски прашања

а) неточно

б) точно

 

14. Седниците на Советот ги свикува претседателот на Советот на сопствена иницијатива и на барање на:

а) Градоначалникот и на барање на најмалку ¼ од членовите на Советот

б) Градоначалникот и на барање на граѓани

в) Градоначалникот и на барање на најмалку ½ од членовите на Советот

 

15. Советот на општината одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, освен ако со закон и со статут поинаку не е определено. За кои прашања е потребно и мнозинство од присутните членови кои припаѓаат на немнозинските заедници?

а) за прописи од областа на културата, за прашања сврзани со употреба на јазиците и писмата на кои зборуваат најмалку 20% од граѓаните во општината и при утврдување и употребата на грбот и знамето на општината

б) за прописи од областа на културата, употреба на јазиците и писмата на кои зборуваат најмалку 20% од граѓаните во општината и при именување на членови на управни одбори

в) при утврдување и донесување на буџетот на општината

 

16. Седниците на Советот на општината се јавни. Советот може со 2/3 мнозинство да одлучи за исклучување на присуството на јавноста, освен при расправа за...

а) избор на лице кое ќе ја раководи подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината

б) избор на директори и именување на членови на управни одбори

в) буџетот на општината, годишната сметка на буџетот на општината и урбанистичките планови

 

17. Кој ја контролира законитоста на прописите на Советот на општината ?

а) Градоначалникот на општината

б) Претседателот на Советот на општината

в) Раководителот на одделението за внатрешна ревизија

 

18. Во општините каде најмалку 20% од населението се припадници на одредена заедница, се формира Комисија за односи меѓу заедниците. Која е нејзината функција?

а) да ги разгледува прашањата за односите меѓу заедниците и да дава мислења и предлози за решавање на проблемите меѓу заедниците

б) да дава мислења за вработување на припадниците на заедниците

в) да дава мислења за назначување на членови на управни одбори од редот на припадниците на заедниците

 

19. Во општините можат да се основаат облици на месна самоуправа, и тоа:

а) урбани и месни заедници

б) урбани и рурални заедници

в) урбани, рурални и месни заедници

 

20. Урбаните, односно месните заедници разгледуваат прашања, заземаат ставови и изготвуваат предлози за прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од тоа подрачје

а) точно

б) неточно

 

21. Какви видови на заштита на локалната самоуправа постојат?

а) заштита на уставната положба и судска заштита на општината

б) заштита на уставната положба и административни заштита на општината

в) административна и судска заштита на општината

 

22. Советот и Градоначалникот може пред Уставниот суд на Република Македонија да поднесат иницијатива за оцена на уставноста и законитоста на општите акти на министерствата и другите органи на државната управа со кои се нарушува уставната положба и правата на општината утврдени со Уставот и законите

а) да

б) не

 

23. Во општините службен јазик покрај македонскиот и неговото кирилско писмо е и јазикот и писмото кои го користат најмалку 20% од жителите на општината

а) точно

б) неточно

 

24. Кој врши финансиска контрола над материјално - финансиското работење на Бирото и центрите за развој на планските региони?

а) Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија

б) Министерството за локална самоуправа

в) Бирото за регионален развој и Државниот управен инспекторат