Кон Базата на прашања се додаваат следните прашања и истите ќе бидат дел од испитите за административен службеник започнуваајќи од 07.03.2022 година

А. I. Прашања од областа на уставниот поредок на Република Македонија

1. Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон

а) точно

б) неточно

 

2. За одземање на  имунитетот на претседателот на Република Македонија одлучува:

а) Уставниот суд на Република Македонија

б) Собранието на Република Македонија

в) Врховниот суд на Република Македонија

 

3. Слободите и правата на човекот и граѓанинот може да се ограничат само:

а) во случаи утврдени со Уставот на Република Македонија

б) со закон

в) со подзаконски акти

 

4. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор.

а) точно

б) неточно

 

А.II Прашања од системот на локалната самоуправа на Република Македонија

1. Општините ги извршуваат своите надлежности преку:

а) органи избрани непосредно од граѓаните

б) здруженијата на граѓани формирани на територијата на општините

в) урбаните заедници и месните заедници

 

2. Органи на општината се:

а) советот и градоначалникот

б)собир на граѓани

в) урбаните односно месните заедници

 

3. За разгледување на прашања и утврдување на предлози од одредена облас, советот од својот состав, може да формира:

а) постојани и повремени комисии

б) само постојани комисии

в) само повремени комисии

 

4. Бројот на членовиоте на советот, се утврдува во зависност од:

а) бројот на жителите во општината

б) одлуката на градоначалникот

в) одлуката на жителите на општината

 

5. Бројот на членовите на советот, се утврдува со:

а) закон

б) одлука на градоначалникот

в) одлука на жителите на општината

 

6. Член на советот не може да биде отповикан

а) точно

б) неточно

 

7. Надлежноста на советот на општината е утврдена со:

а) Законот за локалната самоуправа

б) Уставот на Република Северна Македониа

в) одлука на градоначалникот

 

8. Седници на советот свикува:

а) претседателот на советот

б) градоначалникот

в) најмалку 1/4 од членовите на совет

 

9. Вонредна седница на советот свикува:

а) претседателот на советот

б) градоначалникот

в) најмалку 1/3 од членовите на советот

 

10. Со кој закон се уредува утврдувањето на подрачјето, имињата, седиштата и границите на општините и постапката за основање општини?

а) Закон за територијална организација на локалната самоуправана Република Северна Македонија

б) Закон за локална самоуправа

в) Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа

 

11. На седниците на советот на кои се расправа за буџетот на општината, за годишната сметка на буџетот и за урбанистичките планови, присуството на јавноста:

а) не може да се исклучи

б) можеда се исклучи со одлука на претседателот на советот

в) може да се исклучи, ако за тоа се одлучи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот

 

12. Градоначалникот и членовите на советот:

а) не можат да бидат повикани на кривична одговорност или да бидат притворени за искажано мислење во советот

б) можат да бидат повикани на кривична одговорност или да бидат притворени за искажано мислење во советот

в) можат да бидат повикани на кривична одговорност но не моѓат да бидат притворени за искажано мислење во советот

 

13. Кои од наведените облици на непосредно учество на граѓаните во одлучувањето на општините ги предвидува Законот за локалната самоуправа?

а) граѓанска иницијатива, собир на граѓани и референдум

б) здруженија на граѓани формирани на територијата на општините

в) културно - уметнички друштва во општините

 

14. Граѓанска иницијатива не може да се поднесе за кадровски и финансиски прашања

а) точно

б) неточно

 

15. Собир на граѓани може да се свика за:

а) за подрачјето на целата општина или за подрачјето на месната самоуправа

б) единствено за подрачјето на целата општина

в) единствено за подрачјето на месната самоуправа

 

16. Собирот на граѓани го свикува:

а) градоначалникот

б) претседателот на советот на општината

в) секретарот на општината

 

17. Органите на општината:

а) се должни да ги разгледаат заклучоците донесени на собирот на граѓаните

б) не се должни да ги разгледаат заклучоците донесени на собирот на граѓаните

в) може да ги разгледаат заклучоците донесени на собирот на граѓаните, доколку така одлучи мнозинството од членовите на советот

 

18. Законитоста на прописите на советот на општината ја контролира

а) Градоначалникот на општината

б) Претседателот на Советот на општината

в) Раководителот на одделението за внатрешна ревизија во општинаската администрација

 

19. Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација го донесува:

а) градоначалникот

б) советот на општината со мнозинство гласови

в) градоначалникот на предлог на советот на општината

 

20. Облици на месна самоуправа се:

а) урбани заедници и месни заедници

б) урбани заедници и рурални заедници

в) урбани заедници, рурални заедници и месни заедници

 

21. Надзор над работата на органите на општината во вршењето на нејзините надлежности го опфаќа:

а) надзорот над законитоста и контрола и ревизија на материјалното и финансиско работење

б) надзор над законитоста и назор над ефикасноста во работењето

в) надзор на ефикасноста и ефективноста во работењето

 

22. Надзор над законитоста на прописите на општината врши:

а) министерството надлежно за вршењето на работите на локалната самоуправа

б) Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС)

в) министерството за информатичко општество и администрација

 

23. Надзор над делегираните надлежности на општината ги врши:

а) органот на државната управа чии надлежности се делегирани на општината

б) Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС)

в) министерството надлежно за вршењето на работите на локалната самоуправа

 

24. Контрола на материјалното и финансиско работење на општината врши:

а) Министерството за финансии

б) Државниот завод за ревизија

в) министерството надлежно за вршењето на работите на локалната самоуправа

 

25. Ревизија на материјалното и финансиско работење на општината врши:

а) Државниот завод за ревизија, согласно Законот за државна ревизија

б) Министерството за финансии

в) министерството надлежно за вршењето на работите на локалната самоуправа

 

26. Кој врши финансиска контрола над материјалното и финансиското работење на Бирото и центрите за развој на планските региони?

а) Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија

б) Министерството за локална самоуправа

в) Бирото за регионален развој и Државниот управен инспекторат