СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТРУЧНИ РАБОТИ И АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ


УПР0403А02001 Возач

Роберт Златанов
Тел: 3094-204
r.zlatanov@aa.mk
Ниво и звање: /
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за стручни работи и архивско и канцелариско работење


Работни цели:
- обезбедување превоз на вработените и грижа за техничка исправност на возилата 


Работни задачи и обврски:
- се грижи за редовно сервисирање на возилата на Агенцијата;
- се грижи за исправноста, хигиената, алатот, резервните делови и опремата на возилата;
- врши превоз за службени потреби на вработените во Агенцијата;
- води евиденција за поминати километри на возилата во сопственост на Агенцијата;
- се грижи за регистрација на возилата и поднесува барања за навремено регистрирање и осигурување на истите;
- води евиденција за извршените  услуги со возилото;
- води евиденција за потрошувачката на гориво и масло на возилата  и доставува месечен Извештај;
- врши достава на итни пратки во градот Скопје;
- соработува со другите административни службеници во Агенцијата.


Други посебни услови:
- возачка дозвола „Б“ категорија


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Вид на образование:
гимназиско или средно-техничко образование


Степен на образование:
- средно образование IV степен или III степен


Работно искуство во струката:
- најмалку 1 година


Лични способности:
- исполнителност, самоиницијативност, чесност и лојалност;
- способност за тимска работа.