Список на вработени во АА:

СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ


Одделение за информатичка технологија и поддршка


Одделението за информатичка технологија ги врши следниве работи :

- врши проектирање, инсталирање, одржување и развој на информатичкиот систем;
- предлага решенија за унапредување на работата на Агенцијата од аспект на информатичкиот систем;
- во соработка со Одделението за управување со човечки ресурси, креира стратегија за обука и за стручно усовршување од областа на информатичките системи за вработените во Агенцијата;
- обезбедува услови за централно поврзување со корисниците на информатичкиот систем;
- се грижи за ресурсите поврзани со информатичката опрема, како што се: хардвер, софтвер, апликационен софтвер, инфраструктурата и сл.;
- врши администрација на системот;
- се грижи за заштита на интегритетот на податоците на серверите и на податоците од траен интерес на клиентите;
- обезбедува заштита на податоците од нивно бришење или од губење, од неовластено менување и неовластено користење;
- врши мрежно поврзување и одржување на системот меѓу серверските единици, обезбедува сигурен и навремен BACK-UP и презема организациски технички мерки;
- предлага, изработува и применува процедури од делокруг на работа на одделението во рамките на  Системот за менаџмент со квалитет согласно барањето на Стандардот ИСО 9001:2008;
- соработува со другите сектори и одделенија во Агенцијата;
- врши и други работи од надлежност на одделението и секторот

Работни места:

...Советник - систем инженер

...Помлад соработник - програмер

...Помлад соработник - администратор

...Помлад соработник - администратор