СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА И ПОДДРШКА

 

УПР0101Б04000 Раководител на одделение
Василе Неделкоски
Тел: 3094-207
v.nedelkoski@aa.mk
Ниво и звање: Б4 - раководител на одделение
Број на извршители: 1 (еден)
Одоговорен пред: раководителот на Сектор за стручно - административни работи и јавни набавки

 

Работни цели:
- развој на информатичите системи и ефикасна поддршка на информатичкото работење на Агенцијата

 

Работни задачи и обврски:
- раководи со Одделението (ја организира, насочува и координира работата, врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите, ги распоредува работите и задачите на вработените во Одделението, се грижи за работната дисциплина на вработените во Одделението и дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од Агенцијата);
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- изработува предлози на: стратешки план, програма за работа, буџет, извештај за работа, функционална анализа, актиза внатрешна организација и систематизација на работните места и план за обуки на вработените во Одделението, како и месечни, квартални, полугодшни и годишни извештаи од аспект на делокругот на работа на Одделението;
- ги предлага и спроведува процедурите од делокриг на работа на Одделението во рамки на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2008;
- ги оценува вработените во Одделението и може да учествува во оценување на административни службеници во Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- соработува со административни службеници од Агенцијата и од институциите од јавниот сектор, за прашања од делокруг на работа на Одделението;
- ги следи, проучува и ги применува законските прописи и стандарди од областа на информатичката технологија и дава упатства за нивна примена;
- дава предлози за развој на информатичата технологија и информатичкото работење на Агенцијата;
- изработува анализа на потребите од воведување на нови информатички сервиси во Агенцијата;
- ги одобрува софтверските апликации за потребите на Агенцијата.

 

Други посебни услови:

- oвластување за администратор на информацискиот систем

 

Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на квалификациите VI A според Македонска рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, работно искуство, и тоа: 
- вид на образование: Информатика или Компјутерска техника и информатика
- за нивото Б4 најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор

 

Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и 
- потврда за положен испит за административно управување

 

Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.