Список на вработени во АА:

СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ


Одделение за спроведување на испити, интервју и тест на личност


Одделение за спроведување на испити, интервју и тест на личност ги врши следните работи:

- учествува  во работата на Комисиите за селекција за вработување по јавен оглас;
- ги организира и координира активностите во постапката  за спроведувањето на испитите за административен службеник, административно управување, проверка на веродостојност на докази, интервју и тест на личност;
- води привремена евиденција на кандидатите за кои постои сомневање дека доставиле лажни докази и за истото во законски определениот рок ги известува надлежните органи;
- води евиденција на кандидатите за кои од страна на надлежните органи е утврдено дека доставиле лажни докази;
- изработува известување до Министерството за информатичко општество и администрација за кандидатите кои положиле испит за административно управување;
- води евиденција на кандидати кои го положиле испитот за административен службеник и административно управување;
- обезбедува формулари и услови за непречено и навремено спроведување на интервју;
- учествува во подготвувањето на прашања за спроведување на интервјуто;    
- изработува: Записник за спроведено интервју, Листа на кандидати со кои е спроведено     интервју, Ранг - листа со идентификациски кодови на кандидати кои продолжуваат во четвртата фаза на селекција, со освоени бодови во првата, втората и третата фаза на селекција, Листа со идентификациски кодови на кандидати кои не продолжуваат во четврта фаза на селекција и информација за денот и часот на одржување на четвртата фаза на селекција;
- изработува: Записник за спроведен тест на личност, Листа на кандидати со кои е спроведен тестот на личност и Конечна ранг - листа на кандидати со нивните идентификациски кодови и вкупен број на освоени бодови во сите фази на селекција;
- води евиденција и ажурирање за спроведениот тест на личност;
- се грижи за заштита на личните податоци содржани во предметите во постапката за спроведување на испити, интервју и тест на личност селекција;
- предлага, изработува и применува процедури од делокруг на работа на одделението во рамките на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањето на Стандардот ИСО 9001:2008;
- води евиденција и ажурирање на спроведени постапки на тест на личност;
- соработува со другите одделенија во секторот;
- врши и други работи од надлежност на одделението и секторот.

Работни места:

...Раководител на Одделние за спроведување на испити, интервју и тест на личност

...Советник за проверка на веродостојност на доказите, спроведување на интервју

...Советник за проверка на веродостојност на доказите, спроведување на интервју

...Советник за проверка на веродостојност на доказите, спроведување на интервју и превод

...Соработник за спроведување на испит и тест на личност

...Помлад соработник за изработка на записници од спроведените испити, интервју и тестови на личност

...Помлад соработник за изработка на записници  од спроведените испити, интервју и тестови за личност и превод

...Помлад референт за административна поддршка