ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ


УПР0101В02000 Виш соработник
м-р Слаѓана Поповска
Тел: 3094-203
s.popovska@aa.mk
Ниво и звање: В2 - виш соработник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: Раководителот на Одделението за управување со човечки ресурси


Работни цели:
- ефикасно спроведување на прописите и постапките за управување со системот за управување со ефектот на административните службеници


Работни задачи и обврски:
- ги доставува обрасците и извештаите за оценување до оценувачите и оценуваните административни службеници во Агенцијата;
- изработува решение за формирање Комисија за спроведување на оценувањето и за определување на времето и местото на спроведување на оценувањето на административните службеници во Агенцијата;
- ја пресметува годишната оценка на оценуваните административни службеници во Агенцијата;
- изработува извештај со ранг листа на годишни оценки за административните службеници и ги изработува поединечните решенија за мерките за одличен и слаб ефект;
- изработува годишен извештај за изречени мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност;
- пополнува електронски формулари за Регистарот на вработени во јавниот сектор;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административни службеници од пониско ниво;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В2 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Социјална работа и социјална политика, Психологија или Правни науки
- за нивото В2 најмалку две години работно искуство во струката.


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.