СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТРУЧНИ РАБОТИ И АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ


УПР0101Г01000 Самостоен референт

Сузана Сабух
Тел: 3094-211
s.sabuh@aa.mк

Ниво и звање: Г1 - самостоен референт
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за стручни работи и архивско и канцелариско работење


Работни цели:

- административно-техничка поддршка од областа на секретарските работи за потребите на заменик директорот на Агенцијата;
- комуникација со граѓани;
- следење на контакт адресата на Агенцијата;


Работни задачи и обврски:
- извршува организациско-технички работи во врска со приемот и средувањето на поштата на заменик директорот, води белешки од разговорите, ги прима и упатува странките и врши прием на телефонските повици;
- прием, упатување и помош на лица со oдреден вид и степен на попреченост и други граѓани заради остварување на нивните права и обврски во Агенцијата;
- испраќа и прима телефакс пораки и врши нивна дистрибуција до крајните корисници;
- ја следи контакт адресата на Агенцијата и води евиденција на електронските пораки за навремено одговарање на истите од страна на административниот службеник на кого му е доделен;
- учествува во подготвувањето и организирањето на службените патувања на заменик директорот во земјата и странство;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници од Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- соработува со другите административни службеници во Агенцијата.


Други посебни услови:
- овластување за комуникација со граѓани кои имаат некаков вид и степен на попреченост


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование и работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Гимназиско или средно-трговско образование  
- за нивото Г2 најмалку две години работно искуство во струката;


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување.