СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НОРМАТИВНО-ПРАВНИ РАБОТИ И СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР


УПР0101В02000 Виш соработник

Светлана Манеска
Тел: 3094-245
s.maneska@aa.mk
Ниво и звање: В2 – Виш соработник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговарен пред: раководител на Одделение за нормативни работи и соработка со државни органи              


Работни цели:

- ефикасно спроведување на правата и обврските на Агенцијата од Законот за постапување по претставки и предлози


Работни задачи и обрски:  

- ги следи и применува прописите во кои се утврдени обврски за Агенцијата;
- прибира податоци, известувања и мислења за фактите и околностите од значење за остварување на правата на подносителот на претставка или предлог;
- соработува со институциите во јавниот сектор при изаработка на одговорите по претставки и предлози;
- изработува нацрт-извештај за претставки и предлози до Агенцијата;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониските нивоа;
- учествува во оценувањето на администратините службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни  службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:

- познавање на посебните закони од областа за која што е надлежен, а кои произлегуваат од описот на работните задачи и обврски


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
за нивото В2 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Социјална работа и социјална политика, Политички науки или Јавна управа и администрација 
- за нивото В2 најмалку две години работно искуство во струката.


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.