ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
УПР0101В04000 Помлад соработник
м-р Весна Николова
Тел: 3094-205
v.nikolova@aa.mk
Ниво и звање: В4 - помлад соработник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за финансиски прашања
Работни цели:
- обезбедување плаќање врз основа на исправно барање за плаќање;
- заштита на имотот и другите ресурси на Агенцијата од загуби предизвикани од неоправдано трошење и користење, неправилности и злоупотреби;
- ефикасна проценка на ризиците и контролните мерки во Агенцијата, со цел елиминирање или намалување на нивното штетно влијание на остварувањето на целите на работењето на Агенцијата
Работни задачи и обврски:
- врши следење на целосното и навременото прибирање на приходите и плаќање на расходите, во согласност со процедурите за преземање на финансиски обврски и извршување на плаќање;
- ја следи усогласеноста на извршување на буџетот на Агенцијата, во целост или за одделни буџетски ставки со процедурите донесени од директорот, како и буџетското и финансиското известување;
- ја следи ефективноста на буџетската контрола што ја спроведуваат раководителите при управувањето со сопствениот дел од буџетот, при што обезбедува дали: одобрените буџети не се надминати, пренамените помеѓу буџетските ставки се вршат согласно целите и/или намената и буџетските ставки се извршуваат во годината за која се планираат;
- спроведува контрола на ревизорска трага воспоставена од раководителите на организационите единици во Агенцијата;
- изготвува и доставува годишни, квартални и месечни финансиски планови за извршување на буџетот до Трезорот;
- спроведува ex-ante контрола на документацијата пред извршување на плаќање;
- врши проценка на ризик на процесите на финансиското управување и контрола и самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола, врз основа на извршена проценка на ризик и подготовка на извештај за спроведени самопроценки согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.
Други посебни услови:
- познавање на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, Законот за буџетите и Законот за извршување на буџетот
Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Стручни квалификации и работно искуство, и тоа:
- за нивото В4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Економски науки
- за нивото В4 со или без работно искуство во струката.
Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.