21. Решение во управна постапка донесува:
а) функционерот кој раководи со органот на државната управа
б) колегијален орган
в) органот надлежен за решавање на работата што е предмет на постапката
22. Управната постапка ја поведува надлежниот орган:
а) пo службена должност или по барање на странката
б) по барање на јавен обвинител
в) по барање на функционерот кој раководи кој раководи со органот на државната управа
23. Припадниците на заедниците имаат право на настава на својот јазик:
а) во основното образование
б) во основното и средното образование на начин утврден со закон
в) во основното образование, врз основа на одлука на единицата на локалната самоуправа
24. Државните просветни инспектори ги назначува:
а) Директорот на Државниот просветен инспекторат
б) Градоначалникот на општината
в) Собранието на Република Македонија
25. Државниот просветен инспектор надзорот го врши преку:
а) интегрална евалуација на воспитно - образовните установи, редовен, вонреден и контролен инспекциски надзор
б) само преку редовен инспекциски надзор
в) само преку интегрална евалуација на воспитно-образовните установи
26. Овластувањето за вршење надзор државниот просветен инспектор и овластениот просветен инспектор го потврдува со:
а) решение
б) уверение
в) легитимација
27. Покрај општите услови, кој од наведените одговори е посебен услов кој треба да го поседува лицето за вработување како наставник, стручен соработник и воспитувач:
а) да поседува возачка дозвола од В категорија
б) да е жител на општината каде се наоѓа училиштето
в) да има положено стручен испит за наставник, стручен соработник , односно за воспитувач
28. Постапката за интегрална евалуација се одвива во следните фази:
а) подготвителна, имплементација, известување
б) подготвителна, имплементација
в) имплементација, известување
29. Ако просветниот инспектор во вршење на инспекцискиот надзор утврди дека со повреда на закон или друг пропис е сторен прекршок, ќе изрече глоба во мандатна постапка и ако глобата не се плати во утврдениот рок просветниот инспектор ќе поднесе:
а) опомена за плаќање
б) барање за поведување на прекршочна постапка
в) покана за едукација
30. Годишната програма за работа на Државниот просветен инспекторат и организацијата за спроведување ја донесува:
а) Директорот на Државниот просветен инспекторат
б) Собранието на Република Македонија
в) Комисија при Владата на Република Македонија
31. Државниот просветен инспектор може да врши вонреден надзор врз основа на иницијатива од:
а) само од градоначалникот на општината
б) само од Советот на родители
в) од страна на ученици, студенти, родители, совет на родители, вработени во воспитно – образовната установа и од други граѓани
32. Ако при спроведување на контролен надзор се утврди дека се отстранети неправилностите се донесува:
а) Заклучок за запирање на постапката на инспекцискиот надзор
б) Решение за запирање
в) Одлука за запирање
33. За наставниците, стручните соработници или воспитувачите кои во остварувањето на воспитно - образовниот процес не покажуваат задоволителни резултати, иницијатива до училишниот одбор за преиспитување на нивната способност за реализација на работните обврски (тест на личноста) може да покрене:
а) само Советот на општината
б) само учениците
в) Бирото за развој на образование, Советот на родители или Државниот просветен инспекторат
34. По жалба против одлуките на државниот просветен инспектор. односно овластениот просветен инспектор одлучува:
а) Директорот на Државниот просветен инспекторат
б) Раководител на сектор при Министерството за образование и наука
в) Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен
35. Доколку просветниот инспектор утврди дека не се применуваат законите, прописите и другите акти, донесува:
а) решение со кое се наредува извршување на определени мерки во одреден рок кој го определува инспекторот, но не подолг од 8 дена од денот на донесувањето на решението
б) решение со кое се наредува извршување на определени мерки во одреден рок кој го определува инспекторот ,но не подолг од 15 дена од денот на донесување на решението
в) решение со кое се наредува извршување на определени мерки во одреден рок кој го определува инспекторот, но не подолг од 3 дена од денот на донесување на решението
36. Доколку Државниот просветен инспектор, односно овластениот просветен инспектор на општината/градот Скопје, при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности со инспекцискиот надзор
а) донесува заклучок со кој се запира постапката на инспекцискиот надзор
б) донесува решение
в) донесува одлука за запирање на постапката
37. Државниот просветен инспектор при вршењето на надзор е овластен да:
а) врши надзор на квалитетот на воспитно -образовната работа преку самоевалуација
б) врши надзор на квалитетот на воспитно -образовната работа преку интегрална евалуација
в) врши надзор на квалитетот на воспитно -образовната работа преку екстерна евалуација
38. Глобата која што ќе се изрече во мандатна постапка за прекршок на наставникот ако не води е –дневник врз неделна основа во основните и средните училишта изнесува:
а) 500 евра
б) 250-500 евра
в) 300 евра
39. Глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска против вредност во мандатна постапка ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако:
а) нема организирано исхрана на учениците
б) на инспекторот не му овозможи непречено вршење на надзорот и во определениот рок не му достави или подготви точни и целосни податоци, извештаи, материјали или други документи кои се неопходни за извршување на инспекцискиот надзор
в) нема одржано наставнички совет до 31 декември
40. Средствата од глобите изречени во мандатна постапка од страна на државните просветни инспектори се приход на:
а) училиштата
б) општините
в) Буџетот на Република Македонија
Б.VI. Прашања од областа која е релевантна за работењето на Државниот инспекторат за животна средина
- 1. Кој орган врши надзор над примената на Законот за животната средина и прописите донесени врз основа на овој закон ?
а) Дирекција за радијациона сигурност
б) Државен инспекторат за животна средина/овластени инспектори за животна средина
в) Управа за животна средина
г) Сектор за животна средина
- 2. Кој врши надзор над примената на Законот за животната средина за работите од надлежност на општината, Градот Скопје и општините во Градот Скопје?
а) Овластен инспектор за животна средина
б) Овластен комунален инспектор
в) Овластен урбанистики инспектор
г) Овластени градежен инспектор
3. Колку типови инспектори постојат согласно Законот за животната средина, Законот за заштита на природата и Законот за водите?
а) 1
б) 2
в) 3
г) 4
4. Овластените Инспектори за животна средина треба да ги исполнуваат условите утврдени согласно кој закон?
а) Законот за хемикалии
б) Законот за прогласување на локалитетот Локви -Големо Коњари за строг природен резерват
в) Законот за заштита од штетна бучава во животната средина
г) Закон за животната средина
5. Службеното својство на Овластен Инспектор за заштита на природата се докажува со која легитимација?
а) Легитимација за лов и риболов
б) Возачка дозвола
в) Шумарска легитимација
г) Службена легитимација
6. Кој го пропишува образецот, формата и содржината на легитимацијата?
а) Претседател на Владата на Република Македонија;
б) Државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање
в) Министер за животна средина и просторно планирање
г) Директор на Државниот инспекторат за животна средина
7. Колку категории прекршоци постојат согласно Законот за животната средина?
а) ниедна
б) четири
в) две
г) три
8. За прекршоците од I и II категорија кој води прекршочна постапка и кој изрекува прекршочна санкција?
а) Прекршочна Комисија при Министерството за животна средина и просторно планирање
б) Административен суд
в) Основен суд
г) Управен суд
9. За прекршоците од III категорија овластените инспектори за животна средина и сторителите на прекршок можат да се согласат за отпочнување на каква постапка?
а) за денационализација
б) за посредување в)прекршочна постапка
в) за медијација
10. Кој врши надзор над примената на Законот за заштита на природата ?
а) Државни инспектори за шумарство
б) Шумска полиција
в) Државни инспектори за заштита на природата
г) Овластени инспектори за заштита на природата
11. Во вршење надзор над примената на мерките на заштита на природата согласно Законот за заштита на природата, државните инспектори се овластени да утврдат:
а) Извоз, увоз и транзит на опасен отпад во согласност со Базелската Конвенција
б) Извоз, увоз и транзит на трупци, огревно дрво и штици
в) Извоз, увоз и транзит на растенија, габи и животни кои се ограничени или забранети со овој закон
г) Извоз, увоз и транзит на вода за пиење
12. Според кој закон се должни да постапуваат министерствата, другите органи на државната управа, кога во управните работи, непосредно применувајќи ги прописите решаваат за правата, обврските или правните интереси на физичките лица, правни лица или други странки ?
а) Закон за административна постапка
б) Закон за општата и управна постапка
в) Закон за државни службеници
г) Закон за медијација
13. Кога за утврдување некој факт или за разјаснување на суштествени околности е потребно непосредно забележување на службеното лице кое ја води постапката, какви дејствија презема инспекторот?
а) врши превид
б) поведува прекршочна постапка
в) поведува кривична постапка
г) Врши увид
14. Врз основа на фактите констатирани со Записник за констатација во постапката, органот надлежен за решавање го донесува кој акт од поведената управна постапка?
а) Извод
б) Уверение
в) Решение
г) Мислење
15. Против решението донесено во прв степен странката има право на:
а) Молба
б) Жалба
в) Јавен увид
г) Исправка со дополнение
16. По жалба против првостепено решение на Државен инспектор за животна средина решава:
а) Првостепена комисија
б) Државна комисија за решавање на жалби по решенија
в) Кривична комисија
г) Функционерот - министерот кој раководи со органот на државната управа задолжен за животната средина
17. Овластените инспектори за животна средина при преземањето на активностите за вршење инспекциски надзор во областа на заштита од бучавата имаат право да побараат асистенција од:
а) Претставници на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешни работи
б) Приватно обезбедување
в) Кривична Комисија
г) Судии
18. Bo вршење на надзорот од својот делокруг Овластениот инспектор за животна средина согласно со одредбите на Законот за заштита од штетна бучава во животната средина има право:
а) Да врши надзор над примената на мерките за заштита од штетна бучава од инсталации со Б - интегрирана еколошка дозвола
б) Да врши надзор над примената на мерките за заштита од штетна бучава од инсталации со Ц - Интегрирана еколошка дозвола
в) Да врши надзор над примената на мерките за заштита од штетна бучава од диви животни во Националните Паркови на Република Македонија
г) Да врши надзор над примената на мерките за заштита од штетна бучава од инсталации со А -Интегрирана еколошка дозвола
19. Колку комисии постојат во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање:
а) Само Комисија за посредување
б) 2 (две) : Прекршочна комисија и Комисија за посредување
в) ниедна
г) само Прекршочна комисија
20. Содржината и формата на програмата за вршење инспекциски надзор ги донесува:
а) Секој Државен/Овластен инспектор за животна средина поединечно
б) Директорот на Државниот Инспекторат за животна средина
в) Министерот на Министерството за животна средина и просторно планирање
г) Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање
21. Против решенијата на Државниот водостопански инспектор со кое се определува инспекциска мерка може да се достави жалба до органот на државна управа надлежен за работите од областа на животната средина во рок од:
а) 3 дена
б) 16 дена
в) 7 дена
г) 8 дена
22. Државниот инспектор за животна средина е овластен да врши надзор над физички и правни лица во секое време и на лице место:
а) со претходна најава од минимум 2 (два) дена пред вршење на инспекцискиот увид
б) без претходна најава
в) со најава преку електронска пошта или мобилен телефон
г) со најава од неколку часа пред вршење на инспекцискиот увид
23. Трошоците за работите извршени надвор од управната постапка по барање на странката паѓаат на товар на:
а) министерството
б) инспекторатот
в) судот
г) странката
24. Дали едно лице може да ги врши работите на Државен инспектор за животна средина и во исто време да ги одобрува А-ИСКЗ дозволите?
а) не
б) да
в) делумно
г) никогаш
25. Каков тип казна може да изрече Овластениот Инспектор за животна средина согласно Законот за управување со отпад на лице место доколку утврди сторен прекршок од страна на физичко лице?
а) Врховна казна
б) Мандатна казна
в) Административна казна
г) Казна за нарушување на јавен ред и мир
26. Дали Државните инспектори за животна средина вршат надзор над примената на одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за домување?
а) понекогаш
б) секогаш
в) не
г) на барање на урбанистичките инспектори
27. Секој од инспекторите за животна средина, за заштита на природата и водостопанските инспектори во текот на водењето инспекциска постапка има право на актите да стави:
а) своерачен потпис и печат
б) само своерачен потпис
в) само печат
г) нема право да стави своерачен потпис и печат
28. Државните инспектори за животна средина вршат инспекциски надзор во:
а) А-ИСКЗ инсталации
б) Б-ИСКЗ инсталации
в) не вршат надзор никаде
г) инсталации со Хидролошки Елаборат
29. Кој орган е надлежен за решавање на прекршоци од III категорија?
а) Врховен суд со претходна постапка за медијација
б) Административен суд
в) Народен правобранител
г) Основен суд со претходна постапка за посредување
29. Дали инспекторите издаваат фискални сметки при изрекување мандатни казни?
а) не
б) да
в) секогаш
г) понекогаш
30. Која инспекција врши надзор над спроведувањето на одредбите на Законот за инспекциски надзор, како и на прописите донесени врз основа на него?
а) Државен инспекторат за животна средина
б) Државен управен инспекторат
в) Административна инспекција
г) Судска инспекција
Извор: Закон за животната средина,
Законот за заштита на природата,
Законот за водите и соодветни прописи
Б.VII ПРАШАЊА ОД ОБЛАСТИТЕ КОИ СЕ РЕЛЕВАНТНИ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА РЕВИЗОРСКОТО ТЕЛО ЗА РЕВИЗИЈА НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ (ИПА)
1. Највисок државен акт е:
а) Закон
б) Меѓународна спогодба
в) Уставот на Република Македонија
2. Управниот суд на Република Македонија е орган на:
а) Државата
б) Локалната власт
в) Јавните претпријатија
3. Co јавно претпријатие раководи:
а) Управенодбор
б) Директор
в) Градоначалникот
4. При Буџетирањето во Република Македонија се користат:
а) Само организациската класификација
б) Организациската класификација, економската класификација функционалната класификација, програмската класификација
в) Само програмската класификација
5. Врз основа на усвоената фискална стратегија и утврдените максимални износи на одобрени средства, Микистерството за финансии до буџетските корисници на централната власт и фондовите доставува:
а) Сметководствени политики
б) Годишенплан
в) Инструкции во форма на буџетски циркулар
6. Ствари во државна сопственост што ги користат државните органи се:
а) Движни и недвижни ствари
б) Само недвижни ствари
в) Движни, недвижни ствари, побарувања и обврски
7. Јавните приходи што се приход на Буџетот на РМ, придонесите и другите приходи на фондовите и изворните приходи на буџетите на ЕЛС се уплатуваат на Трезорската сметка преку уплатната сметка:
а) 840, 842, 843 и 845
б) 787 и 788
в) 785 и 786
8. Признавањето на приходите и друтите приливи, расходите и друтите одливи кај буџетите и буџетските корисници се спроведува според:
а) Пресметковна основа
б) Модифицирана основа
в) Парично искажување
9. Извршувањето на Буџетот на Република Македонија се уредува со:
а) Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници
б) Одлука на Влада на Република Македонија
в) Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија
10. Водењето на деловните книги кај буџетите и буџетските корисници е уредено со:
а) Законот за трговските друштва
б) Правилникот за водење на сметководство
в) Законот за сметководство за буџети и буџетски корисници и Правилникот за сметководство за буџетите и буџетските корисници
11. Спроведувањето на постапка за јавни набавки е задолжителна за:
а) Јавните претпријатија, акционерските друштва и друштвата со ограничена одговорност во кои државните органи и единиците на ЕЛС и градот Скопје имаат доминантно влијание
б) Јавните претпријатија, акционерските друштва и друштвата со ограничена одговорност во кои државните органи и единиците на ЕЛС и градот Скопје имаат значајно влијание
в) Друштво за производство и трговија со оружје, муниција и воени материјали
12. Еден од основните принципи при вршење на јавни набавки е:
а) Спротивставување на приходите и расходите
б) Ефективност и ефикасност
в) Договарање во четири очи
13. Буџетските корисници и единките корисници имаат обврска да состават основни финансиски извештаи и тоа:
а) Само биланс на состојба
б) Само биланс на приходите и расходите
в) Биланс на состојба, Биланс на приходи и расходи и Консолидиран биланс
14. Буџетот на единицата на локалната самоуправа (ЕЛС) го донесува:
а) Советот на општината
б) Владата на Република Македонија
в) Градоначалникот на ЕЛС
15. Билансот на состојба кај буџетските корисници и единките корисници ја прикажува состојбата на:
а) Средствата, побарувањата и обврските
б) Средствата и обврските
в) Средствата, обврските и изворите на средствата
16. Критериумот за најниска цена не се применува:
а) При отворена постапка
б) При ограничена постапка
в) Конкурентен дијалог
17. Данок на имот на сопственоста не се плаќа на:
а) Недвижен имот во сопственост на општината кој го користат органите на општината
б) Недвижен имот во сопственост на граѓаните
в) Недвижен имот во сопственост на правните лица - трговски друштва
18. Согласно Уставот на Република Македонија, државната власт е поделена на:
а) Законодавна и извршна власт
б) Локалнавласт
в) Законодавна, извршна и судска власт
19. Правни лица основани од државата се:
а) Акционерски друштва во приватна сопственост
б) Јавни фондови, претпријатија, установи и агенции
20. Билансот на приходи и расходи кај буџетите и буџетските корисници ги прикажува:
а) Расходите и неплатените обврски
б) Приходите и другите приливи
в) Приходите и другите приливи и расходите и другите одливи
21. Еден од основните буџетски принципи е:
а) Немапари
б) Буџетска рамнотежа
в) Буџетски дефицит
22. Задолжувањето на јавните претпријатија со целосна или доминантна сопственост на државата е пропишано со:
а) Законот за трговските друштва
б) Законот за извршување на буџетот
в) Законот за јавен долг
23. Јавните расходи на централниот буџетот и на ЕЛС според економската класификација се делат на:
а) Тековни расходи, капитални расходи и отплата на главнина
б) Плати и надоместоци
в) Стоки и услуги
24. Пресметувањето на амортизацијата на материјалните средства започнува да се врши:
а) Во моментот на нивната набавка
б) Никогаш
в) Првиот ден од наредниот месец од кога средствата почнале да се користат
25. Ситниот инвентар се отпишува:
а) По потреба
б) Повремено
в) Еднократно во целост при набавката
26. Водењето на деловните книги кај единците на локалната самоуправа е уредено со:
а) Co Законот за трговските друштва и со Правилникот за водење на сметководството
б) Co Законот за сметководство за буџети и буџетски корисници и Правилникот за сметководство за буџетите и буџетските корисници
в) Co Закон за вршење на сметководствени работи
27. Јавните набавки за државните институции се уредени со:
а) Закон за буџет,
б) Закон за располагање со ствари во државна сопственост,
в) Закон за јавните набавки
28. Видовите на активности на градење што се предмет на договор за јавна набавка на работи ги пропишува:
а) Собраниетона Република Македонија
б) Бирото за јавни набавки
в) Владата на Република Македонија
29. Отворена постапка за доделување на договор за јавни набавки се спроведува во:
а) Три фази
б) Двефази
в) Еднафаза
30. Депонент на трезорската сметка е:
а) Деловна банка
б) Народната банка на Република Македонија
в) Министерството за финансии
31. Внатрешната ревизија во јавниот сектор е уредена со:
а) Закон за јавна внатрешна финансиска контрола
б) Закон за внатрешна ревизија
в) Законот за буџетите
32. Во моментот на подигнување на контролни марки од страна на имателот на акцизна дозвола или од увозникот се плаќа акцизата на:
а) Цигари и жестоки алкохолни пијалоци
б) Цигари
в) Цигари и вино
33. Данок на наследство и подарок се плаќа на:
а) Недвиженимот
б) Готови пари и парични побарувања
в) На сето претходно наведено
34. Мандатот на главниот ревизор за ИПА и на заменикот е:
а) 10 години без право на повторен избор
б) 9 години без право на повторен избор
в) 9 години со право на повторен избор
35. Средствата за работа на Ревизорското тело за ИПА се обезбедуваат од:
а) Од Европската комисија
б) Од сопствени приходи
в) Од буџетот на државата
36. Во кои случаи ревизорите на ИПА не смеат да вршат ревизија, доколку:
а) Претходно биле во работен однос или биле законски застапници на субјектот на ревизијата најмалку 5 години пред вршење на ревизијата
б) Претходно не биле вработени кај субјектот
в) He учествувале во изготвување на годишната пресметка на субјектот
37. Кои видови на ревизија ги врши Ревизорското тело?
а) Системска ревизија, ревизија на проекти, финансиска и ИТ ревизија
б) Внатрешна ревизија
в) Судска ревизија
38. Кој врши ревизија на работењето на Ревизорското тело?
а) Друштво за ревизија, Европска Комисија и Европски суд на ревизори
б) Државен завод за ревизија
в) Министерство за финансии
39. Ревизорските активности кои треба да се извршат во период од 12 месеци се планираат со изготвување на:
а) Акционен план
б) Оперативен план
в) Годишен работен план за ревизија
40. Надлежностите на Ревизорското тело се утврдени со:
а) Законот за државната ревизија
б) Законот за ревизија на ИПА
в) Законот за јавна внатрешна финансиска контрола
41. Што значи кратенката ИПА?
а) Инструмент за претпристапна помош
б) Институт за јавни службеници
в) Инструмент за јавна администрација
42. Што опфаќа ревизијата на ИПА?
а) Верификација на ефективно функционирање на системите за управување и контрола за ИПА и веродостојност на сметководствени информации доставени до ЕК
б) Давање на мислење за реално и објективно искажување на податоците во годишната сметка за Буџетот на РМ
в) Давање на мислење за реално и објективно искажување на податоците во годишната сметка на Фондот за здравствено осигурување на РМ
43. Co Ревизорското тело раководи:
а) Управен одбор
б) Главен ревизор за ИПА
в) Главен државен ревизор
44. Ревизорското тело за извршените ревизии известува еднаш годишно преку доставување на:
а) Годишен извештај за ревизорска активност
б) Годишен извештај за состојба на капиталот
в) Годишен извештај за работењето на ЕЛС
45. Ревизорските извештаи на Ревизорското тело:
а) Се објавуваат на веб страницата на Ревизорското тело
б) Се објавуваат само најважните
в) He ce објавуваат
46. За стручно усовршување на ревизорите се изработува:
а) Годишен план за патување во земјата и странство
б) Годишен план за обуки
в) Акционен план за посета на лице место
47. Ревизијата на ИПА преставува:
а) Внатрешна ревизија
б) Надворешна ревизија
в) Комерцијална ревизија.
48. До кого се доставува Извештајот од извршената ревизија за работењето на Ревизорското тело:
а) Влада на Република Македонија
б) Собрание на Република Македонија
в) Министерство за информатичко општество и администрација
49. Кој од подоле наведените одговори не е точен:
Главниот ревизор за ИПА во извршувањето на работите од својот делокруг донесува:
а) Правилник за организација и работа на Ревизорското тело;
б) Годишен ревизорски извештај за материјалното и финансиско работење на Ревизорското тело
в) Годишно ревизорско мислење
50. Кои видови на управување се предвидени со средствата на ИПА:
а) Децентрализирано управување, централизирано управување, заедничко управување,
б) Транзиционо управување,
в) Кооперативно управување.
51. НКА (NAO) е кратенка од:
а) Национален координатор за имплементација
б) Национален координатор за авторизација
в) Национален ИПА Координатор.
52. Што претставува кратенката OLAF?
а) Европска канцеларија за известување,
б) Европска канцеларија за спречување на измами
в) Европска канцеларија за неправилности.
53. Кој е субјект на ревизија на ИПА?
а) Секое физичко и правно лице кое користи средства од инструментот за претпристапна помош
б) Секое правно лице кое користи средства од Буџетот на Република Македонија
в) Секое физичко лице кое користи средства од Буџетот на Република Македонија
54. При вршење на ревизијата ревизорите на ИПА имаат:
а) Ограничен пристап во службените простории и имотот
б) Немаат право на увид во целосната документација на субјектот
в) Слободен пристап во службените простории и имотот, право на увид во книгите, обрасците и другата документација
55. Дали субјектот на ревизија смее да го ограничи обемот на испитувањата на ревизорите?
а) Да
б) Не
в) Понекогаш
56. Годишниот извештај за ревизорски активности се доставува најдоцна до?
а) 31 јануари секоја година
б) 30 јуни секоја година
в) 31 декември секоја година
57. Годишниот работен план за ревизија се доставува до:
а) Националниот координатор за авторизација и до Европската комисија
б) Министерот за финансии на Република Македонија
в) Претседателот на Владата на Република Македонија
58. Дали ревизорите смеат да ги користат сознанијата до кои дошле во вршењето на ревизија за стекнување на имотна или друга корист за себе или друг субјект?
а) Задолжително ги користат сознанијата
б) He смеат да ги користат сознанијата
в) Понекогаш смеат да ги користат сознанијата
59. На кој начин Ревизорското тело ја информира јавноста?
а) Преку дневен печат
б) Преку електронски медиуми
в) Преку своја интернет (веб) страница
60. Кој од следните фактори HE треба да влијае на ревизорот во утврдувањето на целта на ревизијата:
а) Барања утврдени со мандатот на ревизијата или релевантни закони и регулатива
б) Нерегуларности кај ревидираниот субјект утврдени во претходни ревизии
в) Ограничувања поставени од раководството на ревидираниот субјект
61. Кој од следните HE E дел од фазата на планирање на ревизијата:
а) Разбирање на внатрешните контроли
б) Изготвување на ревизорски план
в) Оценка дали се прибрани доволно ревизорски докази
62. "Инхерентен ризик" е:
а) Ризик дека ќе настанат грешки поради опкружувањето во кое работи субјектот
б) Ризик дека ревизорот ќе даде несоодветно ревизорско мислење
в) Ризик дека контролите на ревидираниот субјект нема да успеат да спречат или откријат материјални грешки
63. Дали „ревизорски ризик" е:
а) Ризик дека ќе се појават грешки поради окружувањето во кое работи субјектот предмет на ревизија
б) Ризик дека контролите на субјектот предмет на ревизија нема да успеат да ги спречат или откријат материјалните грешки
в) Ризик дека ревизорот ќе даде несоодветно ревизорско мислење
64. „Детекционен ризик“ е:
а) Ризик дека ревизор ќе даде несоодветно ревизорско мислење
б) Ризик дека ревизорските тестирања нема да успеат да откријат било какви материјални грешки или пропусти
в) Ризик дека контролите нема да успеат да откријат или да спречат настанување на материјална измама и грешка
65. Која од следните дефиниции ја претставува дефиницијата за контролен ризик:
а) Ризик дека ревизорските постапки нема да откријат значајни погрешни прикажувања во финансиските извештаи
б) Ризик дека интерните контроли на ентитетот кој е предмет на ревизија нема да спречат или откријат значајни неправилности или погрешни прикази
в) Ризик дека било која материјална неправилност или погрешен приказ кој не бил коригиран со интерните контроли на организацијата, нема да биде откриен од страна на ревизорот
66. Во донесување на одлука за обемот и видот на ревизорските докази, ревизорот ќе ја земе предвид оценката на нивото на:
а) Инхерентен ризик
б) Контролен ризик
в) Детекционен ризик
67. Сложените законски барања ќе бидат фактор кој ревизорите ќе го земат предвид кога го проценуваат нивото на:
а) Контролен ризик
б) Детекционен ризик
в) Инхерентен ризик
68. Според МСС 2 - Залихи, набавната вредност на залихите треба да ги опфати:
а) Трошоците за набавка, трошоците за конверзија и другите трошоци направени за да се доведат залихите до нивната локација и состојба
б) Трошоците за набавка
в) Трошоците за набавка и другите трошоци направени за да се доведат залихите до нивната локација и состојба
69. Паричните текови (приливи и одливи) во Извештајот за парични текови, a согласно МСС 7 - Извештај за парични текови се искажуваат како:
а) Оперативни и финансиски активности
б) Оперативни, вложувачки и финансиски активности
в) Оперативни и вложувачки активности
70. Приходите според МСС 18 - Приходи претставуваат:
а) Зголемување на економските користи во текот на пресметковниот период во форма на приливи или зголемување на средствата
б) Зголемување на економските користи во текот на сметководствениот период во форма на приливи или зголемување на средствата или намалување на обврските
в) Зголемување на економските користи во текот на сметководствениот период во паричен облик
71. Залихите според МСС 2 - Залихи се средства:
а) Кои се чуваат за продажба во текот на работењето, во процесот на производството, во форма на материјали кои се користат во процесот на производство
б) Кои ги опфаќаат материјалите, трговската стока и биолошките средства
в) Наменети за сопствени потреби (материјали, трговска стока)
72. Според Меѓународните сметководствени стандарди средството се признава во Билансот на состојба кога:
а) Постои веројатност дека ќе донесе идни економски користи
б) Направен е издаток со кој не се очекува да донесе прилив на економска корист на субјектот
в) Се очекува да се оствари приход
73. Во зависност од предметот на ревидирање во современите економии постојат неколку вида на ревизии и тоа:
а) Ревизии на финансиските извештаи, ревизии на усогласеност на постапките, ревизии на успешност и судски ревизии
б) ИТ ревизии, ревизии на финансиските извештаи, ревизии на усогласеност на постапките и ревизии на успешност
в) Ревизии на финансиските извештаи, ревизии на усогласеност на постапките, ревизии на успешност и ревизии на системите за внатрешна контрола
74. Формата, содржината и обемот на ревизорската документација согласно МСР 230 е дефинирана од повеќе фактори меѓу кои и:
а) Големината и сложеноста на ентитетот, природата на ревизорските постапки кои треба да се извршат, идентификуваните ризици од материјално погрешно
прикажување, значајноста на добиените ревизорски докази, ревизорската методологија и користените алатки
б) Природата на ревизорските постапки кои треба да се извршат, барањата на ентитетот предмет на ревизија, ревизорската методологија и користените алатки
в) Големината на ентитетот, природата на ревизорските постапки кои треба да се извршат, барањата на ентитетот предмет на ревизија и значајноста на добиените ревизорски докази
75. Одговорноста на ревизорот во однос на измама во ревизија на финансиски извештаи согласно МСР 240 е преточена во неколку барања и тоа:
а) Дискусија помеѓу тимот, идентификација и проценување на ризиците од материјално погрешно прикажување поради измама, оценка на ревизорските докази, писмени изјави, комуникација со менаџментот и оние кои се задолжени за управување со ентитетот
б) Професионален скептицизам, оценка на ревизорските докази, писмени изјави, комуникација со менаџментот и оние кои се задолжени за управување со ентитетот
в) Професионален скептицизам, дискусија помеѓу тимот, оценка на ризикот и поврзани активности, идентификација и проценување на ризиците од материјално погрешно прикажување поради измама, оценка на ревизорските докази, писмени изјави, комуникација со менаџментот и оние кои се задолжени за управување со ентитетот, документација и комуницирање со регулаторни и извршни власти
76. Под терминот „грешка" подразбираме активности кои се појавуваат како:
а) Намерни грешки во финансиските извештаи во вид на математички или административни грешки во основните евиденции и сметководствени податоци, намерно погрешно толкување на факти и погрешна примена на сметководствени политики
б) Ненамерни грешки во финансиските извештаи само во вид на математички или административни грешки во основните евиденции и сметководствени податоци
в) Ненамерни грешки во финансиските извештаи во вид на математички или административни грешки во основните евиденции и сметководствени податоци, превид или погрешно толкување на факти и погрешна примена на сметководствени политики
77. Независно од целите, ревизорскиот ангажман ги вклучува следните фази:
а) Претпланирање, планирање, извршување, известување и фаза по известувањето
б) Планирање, извршување и известување
в) Претпланирање, извршување и известување
78. Вообичаените чекори на планирање кои се вклучени во една ревизија се:
а) Одредување на опфатот и целите на ревизијата, одредување на нивото на материјалност, одредување на ревизорскиот пристап, одредување постапки за избор на примероци, подготовка на ревизорски план и изготвување на детални програми за ревизијата
б) Запознавање со субјектот, одредување на опфатот, одредување на нивото на материјалност, одредување на ревизорскиот пристап, одредување постапки за избор на примероци и подготовка на ревизорски план
в) Запознавање со субјектот, одредување на опфатот и целите на ревизијата, одредување на нивото на материјалност, проценка на ревизорскиот ризик, одредување на ревизорскиот пристап, одредување постапки за избор на примероци, подготовка на ревизорски план и изготвување на детални програми за ревизијата
79. Во зависност од целта и намената за која се спроведуваат одредени тестови од страна на ревизорот истите се делат на:
а) Тестови на усогласеност (тестови на контрола) и суштински тестови
б) Тестови на детали на салда и аналитички постапки
в) Тестови на придржување и тестови на детали на трансакции
80. Материјалноста е прифатен термин во ревизорската пракса, при што нешто може да се процени/просуди како материјално ако се смета дека:
а) Знаењето за неговото постоење не би можело да влијае на корисникот на финансиските извештаи или на извештајот за ревизија на успешност
б) Знаењето за неговото постоење би можело да влијае на корисникот на финансиските извештаи или на извештајот за ревизија на успешност
в) Знаењето за неговото постоење не влијае на корисникот на финансиските извештаи или на извештајот за ревизија на успешност
81. Основни концепти на утврдување на материјалноста се:
а) Материјалност според вредност (квантитативна), материјалност според природата на ставката која се тестира (квалитативна), материјалност според контекстот
б) Одреден процент од добивката или вкупните приходи
в) Одреден процент од вкупниот капитал
82. Финансиското управување и контрола се спроведува врз основа на меѓународно прифатените стандарди за внатрешна контрола, преку примена на неколку меѓусебно поврзани елементи/компоненти:
а) Контролна средина, контроли, информации и комуникации и мониторинг
б) Контролна средина, управување со ризиците, контроли, информации и комуникации и мониторинг
в) Контролна средина, управување со ризиците, контроли и мониторинг
83. Главните методи со чија помош може да се добие ревизорски доказ може да се категоризираат во следните постапки:
а) Набљудување постапки и процедури, контрола на пресметките, испитување и потврдување/конфирмација, распрашување и аналитички постапки
б) Инспекција, набљудување постапки и процедури, контрола на пресметките, испитување и потврдување/конфирмација, распрашување и аналитички постапки
в) Инспекција, набљудување постапки и процедури и потврдување/конфирмација, распрашување и аналитички постапки
84. Кои видови на директни постапки/тестови постојат:
а) Тестови на детали на салда, тестови на детали на трансакции и аналитички постапки
б) Тестови на детали на трансакции, насочено тестирање и тестови за искажување поголем износ
в) Тестови за искажување помал износ и анализа на трендови
85. Основните видови на аналитички постапки се:
а) Анализа на трендови, едноставен пристап на моделирање и анализа на предвидувања
б) Анализа на трендови, анализа на индекси/соодноси и статистички временски/хронолошки анализи
в) Анализа на трендови, анализа на индекси/соодноси и анализа на предвидувања
86. Контролата на квалитет се спроведува во сите фази од процесот на ревизија, вклучувајќи:
а) Изборот на предметот на ревизија, одлучување за временскиот распоред за извршување на ревизијата, извршување на ревизијата и известување за резултатите од ревизијата
б) Изборот на предметот на ревизија, одлучување за временскиот распоред за извршување на ревизијата, планирање на ревизијата, извршување на ревизијата, известување за резултатите од ревизијата и следење и оценка на ревизорските наоди, заклучоци и препораки
в) Изборот на предметот на ревизија, планирање на ревизијата, извршување на ревизијата и известување за резултатите од ревизијата
87. Најчесто употребувани статистички методи на избор на примерок се:
а) Метода на селекција според случаен избор и метода на систематска селекција
б) Избор на примерок според монетарна единица и хазардна селекција
в) Селекција со користење професионално расудување и метод на систематска селекција
88. Најчесто употребувани нестатистички методи на избор на примерок се:
а) Метода на хазардна/случајна селекција и метод на случаен избор,
б) Метода на хазардна/случајна селекција и селекција со користење професионално расудување
в) Селекција со користење професионално расудување и метод на случаен избор
89. Големината на примерокот зависи од степенот на ризикот кој ревизорот е подготвен да го прифати, при што:
а) Колку што е помал ризикот кој ревизорот е подготвен да го прифати, толку поголема треба да биде големината на примерокот
б) Колку што е помал ризикот кој ревизорот е подготвен да го прифати, толку е и помала потребата од големината на примерокот
в) Во услови на намалување на ризикот кој ревизорот е подготвен да го прифати, нема потреба од промена на големината на примерокот
90. Секој наод утврден од страна на ревизијата кој е содржан во делот на наоди од ревизорскиот извештај потребно е да ги содржи следните елементи:
а) Состојба, критериум, причина и ефект
б) Состојба, критериум и ефект
в) Состојба, причина и ефект
91. Најзастапена поделба на ревизорите во современата ревизорска теорија и практика од аспект на предметот на ревидирање, е следната:
а) Државни ревизори и екстерни ревизори
б) Надворешни и внатрешни ревизори
в) Комерцијални ревизори и надворешни ревизори
92. Надворешните ревизори се заинтересирани претежно за:
а) Формирање на мислење за годишните сметки/финансиските извештаи на организацијата
б) Интерните контроли и усогласеност со закони
в) Основните средства
93. Внатрешните ревизори се фокусираат на:
а) Интерните контроли во рамките на организацијата и усогласеност со закони
б) Финансиските извештаи
в) Основните средства
94. Фази во процесот на ревизија се:
а) Планирање, извршување, известување и следење
б) Планирање и следење
в) Извршување и следење
95. Кои се петте клучни компоненти на интерната контрола согласно Меѓународни стандарди за интерни контроли (СОЅО)?
а) Контролно опкружување, проценка на ризик, контролни активности, информации и комуникација и мониторинг
б) Контролно опкружување и мониторинг
в) Контролни активности и мониторинг
96. Кое од следниве HE E категорија на внатрешна контрола:
а) Раздвојување на должностите
б) Објективност и независност
в) Супервизија
97. Што е надворешна ревизија?
а) Toa e испитување на финансиските извештаи на организациите во приватниот или јавниот сектор од страна на независна трета страна, т.е. надворешен ревизор
б) Испитување на интерните контроли од страна на единица во рамките на организацијата
в) Испитување на капиталот од страна на вешти лица
98. Зошто се вршат надворешни ревизии?
а) За да се обезбеди разумно уверување за тоа дали финансиските извештаи во целина земени, се ослободени од материјални погрешни прикажувања, т.е. се целосни, точни и важечки
б) Да го извести раководството за ефикасното функционирање на контролите
в) Да ја извести јавноста за основните средства
99. Што прават надворешните ревизори?
а) Се придржуваат кон применливите меѓународни стандарди за ревизија
б) Издаваат потврда за сметководствените политики на организацијата
в) Издаваат конфирмација за побарувања и обврски
100. Доколку законот не дава конкретни инструкции за тоа како да се спроведе ревизијата, каде може да се обратиме за да добиеме конкретно упатство?
а) Од ревизорите се очекува да се придржуваат кон меѓународно признаените ревизорски стандарди
б) Од ревизорот се очекува да се придржува кон Законот за Буџетите
в) Ревизорот се очекува да се придржува кон Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници
101. Општите стандарди на ИНТОСАИ од етичко значење се:
а) Интегритет, независност, конфликт на интереси, компетентност, должно внимание
б) независност, куражност, транспарентност
в) јасност, независност, конфликт на интереси, комуникативност
102. Кодексот на етика на ИНТОСАИ е наменет за:
а) Ревизорот, главниот ревизор на ВРИ (Врховна ревизорска институција), субјектот предмет на ревизија
б) Главниот ревизор, за воспоставување на организационата структура на ВРИ, за сите вработени на ВРИ
в) Ревизорот, главниот ревизор на ВРИ, за сите кои работат за или во име на ВРИ и се ангажирани во ревизорската работа
103. Доколку на ревизорите им е дозволено да се занимаваат со политички активности, тие мора да се свесни дека овие активности:
а) Може да доведат до професионален конфликт
б) He може да доведат до професионален конфликт
в) Сигурно нема да доведат до професионален конфликт
104. Три најважни одлики на ефективен и совесен ревизор се:
а) Корумпираност, дрскост, професионалност
б) Независност, интегритет, професионалност
в) Ненавременост, неуредност, професионалност
105. Се очекува дека ревизорите ќе поседуваат и ќе демонстрираат лични квалитети од највисок калибар, и тоа:
а) Имагинација, објективност, способност да комуницира ефективно со луѓето, способност да ја почитува доверливоста, посветеност, истрајност, распрашувачки ум, креативност
б) Индивидуална независност, организациска независност
в) Одржување на објективноста, професионалност
106. Ревизорските докази се најверодостојни кога се добиени:
а) Од независни експерти од трета страна
б) Објективност и независност
в) Супервизија
107. Ревизорот за да даде реално и објективно мислење треба да прибере:
а) Базата на податоци од сметководствена евиденција
б) Фотокопии од документите
в) Достатен и соодветен, релевантен и веродостоен ревизорски доказ
108. Кои се извори на ревизорски доказ?
а) Доказ прибавен само од ревизорот
б) Доказ прибавен од ревизорот, од надворешни извори и од раководството
в) Доказ прибавен само од раководството
109. Кои од следните HE CE ревизорски техники?
а) Физичко испитување и броење, писмени конфирмации, потврдување
б) Извршување на тестови на усогласености теренска работа
в) Повторна пресметка, набљудување, распрашување
110. Ревизорот во текот на својата работа формира досие за предметот на ревизијата, и тоа:
а) Досие за архивирање на фотокопии од документи
б) Тековно и постојано досие
в) Само постојано досие
111. Кое од следниве е вид на мислење кое може да биде дадено од ревизорот за сетот на финансиски извештаи:
а) Квалификувано
б) Ограничено
в) Условно
112. Кој е споредбен стандард во ревизијата?
а) Критериум
б) Состојба
в) Ефект
113. Поимот независност се однесува на независност на ревизорот од:
а) Субјектот предмет на ревизија
б) Членовите на ревизорскиот тим
в) Главниот државен ревизор
114. Ревизорите согласно Кодексот на Етика на ИНТОСАИ треба да се однесуваат:
а) Соодветно
б) Корумпирано
в) Несоодветно
* Напомена: Прашањата под реден број 1 до 114 се однесуваат за проверка на знаењата на кандидати за вработување на работно место самостоен ревизор, виш ревизор и ревизор, а прашањата под реден број 1, 2, 3, 6, 9,10,11,12,13,14,15,18,19, 20, 21, 27, 34, 35, 36,37, 38, 39, 40, 41, 42, 43, 44, 45, 47, 48, 51, 52, 53, 54, 55, 56, 57,58, 59, 62, 63, 64, 65, 77, 78, 79, 87, 88, 90, 91,102,103,104,110,112 и 114 за проверка на знаењата за работно место помлад ревизор.
Б. VIII Прашања од областа која е релевантна за работењето на Државниот инспекторат за шумарство и ловство
ТЕМАТСКА ОБЛАСТ ШУМАРСТВО
1. Кој ги определува шумите со посебна намена:
a) Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
г) Единиците на локалната самоуправа
2. Шумите во заштитените подрачја се прогласуваат во согласност со:
а) Законот за заштита на природата
б) Закон за животна средина
в) Законот за шумите
г) Законот за ловството
3. Што означува поимот „етат“?
а) Етат е планирано количество дрвна маса за користење според посебните планови за стопанисување со шумите
б) Етат е планирано количество дрвна маса што треба да се исече
в) Етат е количина на исечена дрвна маса
г) Етат е исечена дрвна маса во текот на стопанскиот период
4. Што означува поимот „насад“?
а) Насад е дел од шума која според видовите на дрва, структурата, начинот и формата на одгледување се разликува од својата околина и бара посебни одгледувачки мерки
б) Насад е дел од шума кој според видот на дрвата се разликува од околината
в) Насад е посебен дел од шума кој се разликува од околината според видот на дрвата и формата на одгледување
г) Насад е дел од шума во кој се применуваат посебни одгледувачки мерки
5. Стратегијата за одржлив развој на шумарството ја донесува Владата на Република Македонија за период од ...
а) 20 години
б) 15години
в) 10 години
г) 5 години
6. Општиот план за стопанисување со шумите во Република Македонија е со важност од:
а) 20 години
б) 15години
в) 10 години
г) 5 години
7. Колку години имаат важност посебните планови за стопанисување со шумите:
а) 10 години
б) 5 години
в) 15 години
г) 20 години
8. Шумскостопанската единица опфаќа површина од .....
а) 100 до 10 000ха
б) 50 до 10 000ха
в) 200 до 20 000 ха
г) 100 до 15 000ха
9. Посебните планови се донесуваат за сите шуми освен за шумите во приватна
сопственост чија површина не е под ...
а) 100 ха
б) 50 ха
в) 200 ха
г) 300 ха
10. Годишниот план за стопанисување со шумите го донесува корисникот до ....
а) 1 декември од тековната за наредната година
б) 31 декември од тековната за наредната година
в) 31 октомври од тековната за наредната година
г) 30 ноември од тековната за наредната година
11. Изведбениот план за стопанисување со шумите се донесува најдоцна до ...
а) 31 октомври во тековната за наредната година
б) 30 ноември во тековната за наредната година
в) 1 декември во тековната за наредната година
г) 31 декември во тековната за наредната година
12. Забрането е палење на отворен оган во непосредна близина на шумата на растојание најмалку од ....
а) 200 метри од работ на шумата
б) 150 метри од шумата
в) 100 метри од шумата
г) 50 метри од шумата
13. Ознака при стеблимична сеча се врши до...
а) 30 септември во тековната за наредната година
б) 31 октомври во тековната за наредната година
в)30 ноември во тековната за наредната година
г) 31 декември во тековната за наредната година
14. Ознака при стеблимична сеча се врши по обем од најмногу:
а) 80 % од предвидената дрвна маса
б) 70 % од предвидената дрвна маса
в) 60 % од предвидената дрвна маса
г) 50 % од предвидената дрвна маса
15. Субјектите кои стопанисуваат со шумите без оглед на нивната намена се должни за извршената ознака за сеча да го известат шумарскиот инспектор во рок од ....
а) 15дена
б) 20 дена
в) 10дена
г) З0 дена
16. Работите на одгледување на шумите предвидени со плановите и програмите се извршуваат секоја година, по обем и квалитет сразмерно на искористениот сечив етат во претходната година, но не помалку од ......
а) 50 % од предвидените
б) 30 % од предвидените
в) 20 % од предвидените
г) 70 % од предвидените
17. Одобрение за сеча во шума во приватна сопственост издава/ат:
а) ЈП „Македонски шуми и правните лица кои вршат одгледување и заштита на шуми за посебна намена
б) Лиценцирани лица кои поседуваат лиценца за вршење стручни работи во шумарството
в) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
г) Единиците на локалната самоуправа
18. Физички лица може да сечат дрва во државна шума за обезбедување соптвени потреби во количина не поголема од:
а) 10м3
б) 8м3
в) 12 м3
г) 15м3
19. Субјектите кои стопанисуваат со шумите се должни извршените работи во шумата во текот на годината да ги евидентираат во посебните планови најдоцна до....
а) 1 март наредната година
б) 1 февруари наредната година
в) 15 март наредната година
г) 15 февруари наредната година
20. Жигот на чеканот за жигосување на дрва исечени во државна шума е во форма на:
а) круг
б) триаголник
в) квадрат
г) правоаголник
21. Жигот на чеканот за жигосување на дрва исечени во приватна шума е во форма на:
a) триаголник
б) круг
в) квадрат
г) правоаголник
22. Субјектите што вршат одгледување со шумите се должни да извршат пошумување на површините на кои не успеало обновувањето на шумата, на површини на кои е извршено бесправно копачење, бесправна сеча, сеча со поголем интензитет од предвидениот и на пожаришта во рок од ....
а) 2 години од денот на настанатата промена
б) 1 години од денот на настанатата промена
в) 3 години од денот на настанатата промена
г) 5 години од денот на настанатата промена
23. Лиценца за вршење шумскокултурни работи за активностите на сеча и дотур ја издава:
а) органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството
б) ЈП „Македонски шуми“
в) Стопанска комора
г) единиците на локална самоуправа
24. Испратниците за исечено дрво во шума во приватна сопственост ги издава:
а) органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството
б) ЈП „Македонски шуми“
в) Државниот инспекторат за шумарство и ловство
г) сопствениците на приватни шуми
25. Краен рок за целосно воведување на шумскиот ред е:
а) 1 месец по завршувањето на работите со кои тој е нарушен
б) 15 дена по завршувањето на работите со кои тој е нарушен
в) 2 месеци по завршувањето на работите со кои тој е нарушен
г) 3 месеци по завршувањето на работите со кои тој е нарушен
26. На огревно дрво се втиснува шумски жиг на најмалку од ....
а) 80 % од вкупното количество на посечено дрво, на една челна страна
б) 100 % од вкупното количество на посечено дрво, на една челна страна
в) 50 % од вкупното количество на посечено дрво, на една челна страна
г) 70 % од вкупното количество на посечено дрво, на една челна страна
27. Средства за проста репродукција на шумите издвојуваат субјектите кои стопанисуваат со шумите во државна сопственост во висина од:
а) 10 % од вредноста на исеченото дрво, франко камионски пат во шума
б) 8 % од вредноста на исеченото дрво, франко камионски пат во шума
в) 15 % од вредноста на исеченото дрво, франко камионски пат во шума
г) 20 % од вредноста на исеченото дрво, франко камионски пат во шума
28. Средства за проширена репродукција на шумите обезбедуваат субјектите кои стопанисуваат со шумите во државна сопственост во висина од:
а) 3 % од вредноста на исеченото дрво, франко камионски пат во шума
б) 5 % од вредноста на исеченото дрво, франко камионски пат во шума
в) 2 % од вредноста на исеченото дрво, франко камионски пат во шума
г) 8 % од вредноста на исеченото дрво, франко камионски пат во шума
29. Средства за проширена репродукција на шумите обезбедуваат правните субјекти што вршат промет на дрва во висина од:
а) 3 % од вредноста на продаденото дрво
б) 5 % од вредноста на продаденото дрво
в) 2 % од вредноста на продаденото дрво
г) 8 % од вредноста на продаденото дрво
30. Државен инспектор за шумарство може да биде лице со високо образование од шумарска насока со работно искуство од најмалку:
а) 5 години
б) 3 години
в) 4 години
г) без искуство
ТЕМАТСКА ОБЛАСТ РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРЈАЛ
1. Саден материјал е:
а) растенија кои се произведени од семе или растителни делови или потекнуваат од природен подмладок од семенски насади
б) семе
в) садници
г) садници, резници и семе
2. Регистарот на производители и трговци на репродуктивен материјал го води:
а) Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство
б) Министерството за животна средина и просторно планирање
в) ЈП „Македонски шуми“
г) Единиците на локалната самоуправа
3. Производителот на репродуктивен материјал е должен да поднесе барање за стручна контрола на производството до овластена институција најдоцна:
а) 30 дена пред започнување со производството
б) 15 дена пред започнување со производството
в) 40 дена пред започнување со производството
г) 60 дена пред започнување со производството
ТЕМАТСКА ОБЛАСТ ЛОВСТВОТО
1. Што се подразбира под поимот „дивеч“?
а) одредени видови животни и птици кои живеат во природата или во оградени површини во кои интензивно се одгледуваат, размножуваат, заштитуваат и ловат
б) одредени видови животни и птици кои живеат во природата кои се ловат
в) одредени видови животни и птици кои живеат во природата или во оградени површини
г) одредени видови животни и птици кои живеат во природата
2. Според заштитата, дивечот се дели на:
а) дивеч под заштита и дивеч без заштита
б) корисен дивеч и штетен дивеч
в) заштитен дивеч и незаштитен дивеч
г) забранет дивеч и незабранет дивеч
3. Што се подразбира под поимот „ловство“ ?
а) одгледување, заштита, ловење и користење на дивечот и неговите делови
б) ловење и користење на дивечот и неговите делови
в) стопанисување со дивечот
г) одгледување и заштита на дивечот
4. Што се подразбира под поимот „ ловостој “ ?
а) временски период за одредени видови дивеч за кои е забрането ловење во ловиштето
б) временски период кога е забрането ловење
в) временски период кога е забрането ловење на дивечот во ловиштето
г) забрана за ловење дивеч
5. Што се подразбира под поимот „ ловиште “ ?
а) определена површина на земјиште и води што претставува природна целина во која постојат услови за траен опстанок, одгледување, заштита, ловење и користење на дивеч
б) определена површина во која се лови дивеч
в) определена површина на земјиште во која се лови дивеч
г) определена површина на земјиште и води во која постојат услови за одгледување, заштита, ловење и користење на дивеч
6. Кој ги востановува ловиштата?
а) Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Единиците на локалната самоуправа
г) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
7. Колку години имаат важност посебните ловностопански основи:
а) 10 години
б) 5 години
в) 15 години
г) 20 години
8. Според видот на дивечот ловиштата може да бидат:
а) Ловишта за крупен дивеч и ловишта за ситен дивеч
б) Ловишта за животни и ловишта за птици
в) Ловишта за дивеч во затворен простор и ловишта за дивеч на отворен простор
г) Заградени и отворени ловишта
9. Површината на ловиштата за ситен дивеч не може да биде помала од:
а) 1000 ха, ниту поголема од 13 000 ха
б) 500 ха, ниту поголема од 10 000 ха
в) 800 ха, ниту поголема од 11 000 ха
г) 1000 ха, ниту поголема од 12 000 ха
10. Површината на ловиштата за крупен дивеч не може да биде помала од:
а) 2000 ха, ниту поголема од 25 000 ха
б) 1500 ха, ниту поголема од 20 000 ха
в) 2000 ха, ниту поголема од 20 000 ха
г) 1000 ха, ниту поголема од 15 000 ха
11. Што се подразбира под поимот „ ловно-технички објекти“:
а) објекти кои служат за одгледување, заштита и користење на дивечот
б) објекти за прихрана на дивечот
в) објекти за чување, хранење и поење на дивечот
г) објекти каде ловците се сместуваат пред лов
12. Според типот ловиштата може да бидат ....
а) отворени и оградени
б) низински и висински
в) големи и мали
г) планински и полски
13. Концесионерот на дивечот во ловиште може да огради простор за одгледување, размножување и заштита на дивечот (размножувалиште) не поголем од:
а) 150 ха
б) 100 ха
в) 50 ха
14. Концесионерот на дивечот во ловиштата може да огради простор за интензивно одгледување и застрел на дивеч чија големина не смее да биде помала од:
а) 150 ха
б) 200 ха
в) 100 ха
г) 250 ха
15. Ловостој за дива свиња се утврдува:
а) од 1 февруари до 30 септември
б) од 1 јануари до 30 септември
в) од 1 февруари до 30 јули
г) од 1 февруари до 30 октомври
16. Ловостој за зајак, полска еребица и еребица камењарка се утврдува:
а) од 15 декември до 10 октомври
б) од 01 декември до 01 октомври
в) од 01 јануари до 30 септември
г) од 15 декември до 01 октомври
17. Ловна година е временски период од:
а) 1 април во тековната до 31 март во наредната година
б) 1 април во тековната до 30 април во наредната година
в) 1 јануари до 31 декември
г) 1 мај во тековната до 30 април во наредната година
18. Забрането е ловење дивеч во појас од:
а) 100 метри од работ на населено место во рамничарските предели
б) 50 метри од работ на населено место во рамничарските предели
в) 200 метри од работ на населено место во рамничарските предели
г) 300 метри од работ на населено место во рамничарските предели
19. Ловен инспектор може да биде лице со високо образование од шумарска или ветеринарна струка и со работно искуство од најмалку:
а) 5 години
б) 3 години
в) 4 години
г) без искуство
20. За извршен инспекциски надзор инспекторот составува:
а) Записник
б) Решение
в) Службена белешка
г) Извештај
Б. IX. Прашања од областа која е релевантна за работењето на Државниот инспекторат за транспорт
ПРАШАЊА ЗА СТРУЧНИОТ ДЕЛ ЗА ИНСПЕКТОР ЗА ПАТИШТА
1. Што е јавен пат.
а) „Јавен пат” е пат кој е определен како јавен пат и може да биде државен или општински;
б) Мост кој поврзува два брега од речно корито.
в) Aсфалтирана површина наменета за возење која може да биде во приватна или државна сопственост, се додека е од јавен интерес.
2. Што е труп на пат.
а) Конструктивен елемент од горниот строј на патот.
б) Заштитниот појас.
в) Конструктивен елемент што го сочинуваат горниот и долниот строј на патот, вклучувајќи го и земјиштето на кое е изграден;
3. Што е патен појас.
а) „Патен појас” е просторот од двете страни на трупот на патот кој се протега најмалку еден метар сметано од крајниот раб на напречниот пресек на патот;
б) Просторот кој се протега најмалку еден метар сметано од крајот на патот;
в) „Патен појас” е просторот од двете страни на патот ,од крајниот раб на коловозот на патот;
4. Што е заштитен појас.
а) Заштитен појас“ е трупот на патот со одводните канафки;
б) Земјен појас од двете страни на патниот појас во кој не можат да се градат објекти, освен објекти кои се во функција на патот;
в) Асфалтниот коловоз банкините со косините и одводите;
5. Кој може да врши изработка на проектната документација за изградба и реконструкција на државните патишта
а) Изработка на проектната документација за изградба и реконструкција на државните патишта, покрај Јавното претпријатие, може да врши и друг инвеститор по добиено позитивно мислење од Јавното претпријатие, кој по изработката три примероци од ревидираната проектна документација доставува до Јавното претпријатие за државни патишта.
б) Изработка на проектната документација за изградба и реконструкција на државните патишта, покрај Министерството ва тренспорт и врски може да прави и Јавното претпријатие.
в) Изработка на проектната документација за изградба и реконструкција на државните патишта, покрај Владата на Република Македонија, може да врши и друг инвеститор по добиено позитивно мислење од Министерството за внатрешни работи.
6. Кој ги пропишува техничките елементи за изградба и реконструкција на јавните патишта и на објектите на патот.
а) Владата на Република Македонија со Јавното претпријатие.
б) Министерот за транспорт и врски со позитивно мислење од Јавното претпријатие.
в) Министерот за транспорт и врски со Јавното претпријатие за одржување на државните патишта.
7. Што се подразбира под изградба на јавен пат во смисла на Законот за јавни патишта?
а) Под изградба на јавен пат согласно Законот за јавни патишта, се подразбира поставување на нов слој на асфалт на постојана траса.
б) Под изградба на јавен пат согласно Законот за јавни патишта, се подразбира проширување на лентите за сообраќај.
в) Под изградба на јавен пат, во смисла на Законот за јавни патишта, се подразбира изградба на патна инфраструктура на претежно нова траса.
8. Што се подразбира под реконструкција на јавен пат во смисла на Законот за јавни патишта?
а) Под реконструкција на јавен пат, во смисла на овој закон, се подразбира крпење на ударни дупки на коловоз.
б) Под реконструкција на јавен пат, во смисла на овој закон, се подразбира изведување на работи на дел на постојниот пат со кој се менуваат неговите основни карактеристики, со цел да се зголеми нивото на услугата на патот.
в) Под реконструкција на јавен пат, во смисла на овој закон, се подразбира хоризонтлно обележување на постојан пат.
9. Што се подразбира под рехабилитација на јавен пат во смисла на Законот за јавни патишта
а) Под рехабилитација на јавен пат, во смисла на Законот за јавни патишта, се подразбира подобрување и зајакнување на коловозната конструкција и објектите на патот (нивелетата, одводнувањето, сообраќајната сигнализација и друго), а во рамките на постоечкиот пат односно траса на патот.
б) Рехабилитација на јавен пат е пробивање и тампонирање на нова траса на патот.
в) Исправање на кривина по нова траса на патот е рехабилитација на јавен пат.
10. Што се подразбира под заштита на јавен пат?
а) Под заштита на јавен пат се подразбира преземање мерки потребни за спречување на недозволени дејствија во трупот на патот, патниот и заштитниот појас, поведување на прекршочна постапка и постапка за враќање на узурпирано земјиште, како и на контрола на вкупната тежина и оскиниот притисок на возилата.
б) Под заштита на јавен пат се подразбира преземање мерки потребни за спречување на одвивање на сообраќај на моторни возила по јавен пат.
в) Под заштита на јавен пат се подразбира преземање мерки за оградување на самиот пат.
11. Во чија сопственост е заштитниот појас во кој не можат да се градат објекти или изведуваат градежни работи на јавните патишта ?
а) Сопственоста на заштитниот појас е на Јавното претпријатие.
б) Сопственоста на заштитниот појас може да е на Република Македонија , физички или правни лица.
в) Сопственоста на заштитниот појас е на Агенцијата за катастар на недвижности.
12. На која одалеченост во заштитниот појас покрај јавен пат може да се остава градежен и друг материјал?
а) После 1 метар од внатрешниот раб на заштитниот појас.
б) После 5 метри сметајки од надворешниот раб на патниот појас.
в) После 1 метар сметајки од надворешниот раб на патниот појас.
13. Кој го основа Јавното претпријатие за државни патишта.
а) Владата на Република Македонија.
б) Министерството за транспорт и врски .
в) Јавното претпријатие кој е орган во состав на Министерството за локална самоуправа.
14. Кој може да врши изградба на државен пат
а) Изградба на државен пат може да ја врши покрај Јавното претпријатие за државни патишта и Владата на Република Македонија.
б) Изградба на државен пат може да врши секој заинтересиран инвеститор, кој ќе набави банкарска гаранција и ќе ја приложи до Владата на Република Македонија .
в) Изградба на државен пат може да ја врши покрај Јавното претпријатие за државни патишта и друг инвеститор, по позитивно мислење од Јавното претпријатие за државни патишта и по добиена согласност од Владата на Република Македонија.
15. Кој орган го издава одобрение за употреба на патот по извршената изградба, реконструкција на јавен пат, на дел од јавен пат или објект на патот?
а) Одобрение за употреба на патот издава Министерсто за транспорт и врски врз основа на извршен технички прием согласно со Законот за градење .
б) Одобрение за употреба на патот се издава врз основа на извршен технички прием од страна на Јавното претпријатие за државни патишта.
в) Одобрение за употреба на патот издава Владата на Република Македонија по добиеното одобрение за градба.
16. Каде можат да се постават натписи и рекламни табли на јавен пат надвор од населени места?
а) На завршеток на банкина.
б) Надвор од трупот на патот.
в) Во заштитен појас согласно закон и надвор од заштитен појас.
17. Кој ги сноси трошоците за настанатите оштетувања на патот и објектите на патот од вонредниот превоз?
а) Трошоците ги сноси превозникот.
б) Трошоците ги сносат пропорционално Јавното претпријатие Македонија пат и Јавното претпријатие за државни патишта.
в) Трошоците ги сноси Министерството за внатрешни работи кое го обезбедува превозот.
18. Кога се смета за прекумерно користење на јавен пат или негов дел?
а) Прекумерно користење на јавен пат или негов дел е времено или трајно користење на патот на повеќе од 50% од сите извршени превози на стока на патот , поради извршување на инвестициони работи или заради вршење на производни и услужни дејности .
б) Прекумерно користење на јавен пат или негов дел е времено или трајно користење на патот на повеќе од 40% од сите извршени превози на стока на патот.
в) Прекумерно користење на јавен пат или негов дел е времено или трајно користење на патот на повеќе од 100% од сите извршени превози на стока на патот поради изградба на мост.
19. На која одалеченост во заштитниот појас на јавен пат надвор од населени места може да се поставуваат натписи и рекламни табли на магистрален и регионален пат?
а) На оддалеченост од најмалку 5 метра сметајќи од крајната точка на патниот појас.
б) Во заштитниот појас на јавен пат надвор од населени места може да се поставуваат натписи и рекламни табли, на магистрален и регионален пат на оддалеченост од најмалку 25 метра .
в) На оддалеченост од најмалку 10 метра сметајќи од крајната точка на патниот појас, без да ја попречуваат прегледноста и да ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот на патот, само врз основа на претходно одобрување од Јавното претпријатие за државни патишта.
20. Кој издава одобрување за поставување на натписи и рекламни табли во патен и заштитен појас на јавен пат во населено место ?
а) Јавното претпријатие за одржување на патиштата- Македонија пат Скопје.
б) Општината односно Градот Скопје.
в) Министерот за транспорт и врски заедно со градоначалникот.
21. Кој ја пропишува висината на патна такса?
а) Висината на патната такса ја пропишува Владата на Република Македонија.
б) Висината на патната такса ја пропишува Јавното претпријатие за државни патиштаво соработка соСобранието на Република Македонија .
в) Висината на патната такса ја пропишува Министерството за внатрешни работи.
22. Кога отпочнува да тече рокот за изречената глоба мандатна казна, за поднесување барање за поведување на прекршочна постапка ?
а) Во рок од осум дена од денот на достава на поканата за наплата на глоба.
б) Во рок од десет дена од денот на изготвување и достава на заклучокот и поканата за порамнување .
в) Во рок од триесет дена од сторениот прекршок и врачување на поканата за наплата на глоба
23. Кои патишта ја сочинуваат мрежата на јавни патишта.
а) Мрежата на јавните патишта ја сочинуваат државните патишта (автопатишта, експресните патишта, магистралните и регионалните патишта од прва и втора категорија) и општинските патишта и улиците во градовите и другите населени места.
б) Мрежата на јавните патишта ја сочинуваат регионалните патишта и општинските патишта.
в) Мрежата на патишта ја сочинуваат улиците во населени места.
24. Кој определува која улица во населено место ќе се смета за дел од државен пат со нејзиниот почеток и крај.
а) Владата на Република Македонија.
б) Која улица во населено место ќе се смета за дел од државен пат со нејзиниот почеток и крај определува Министерството за транспорт и врски.
в) Која улица во населено место ќе се смета за дел од државен пат со нејзиниот почеток и крај, по предлог на општината, односно градот Скопје, определува Министерството за транспорт и врски.
25. Кој орган ги донесува мерилата за категоризација на јавните патишта и нивните ознаки .
а) Советот на општината на чија територија се протегаат јавните патишта.
б) Критериумите за категоризација на јавните патишта и нивните ознаки ги утврдува Владата на Република Македонија.
в) Критериумите за категоризација на јавните патишта и нивните ознаки ги утврдува Јавното претпријатие за ДП.
26. Кој орган и на чиј предлог донесува одлука за започнување на постапка за давање на концесија и/или јавно приватно партнерство на државен пат.
а) Одлуката за започнување на постапка за давање на концесија на јавно приватно партнерство на државен пат ја донесува Владата на Република Македонија на предлог на Јавното претпријатие за државни патишта.
б) Одлуката за започнување на постапка за давање на концесија јавно приватно партнерство на државен пат ја донесува Министерството за транспот и врски .
в) Одлуката за започнување на постапка за давање на концесија јавно приватно партнерство на државен пат ја донесува Јавното претпријатие за државни патишта.
27. Кој ја донесува пет годишната програма за развојот и одржувањето на државните патишта и на чиј предлог.
а) Владата на Република Македонија донесува петгодишна програма на предлог на Министерството за транспорт и врски.
б) Министерството за внатрешни работи донесува програма на предлог на Владата на Република Македонија .
в) Владата на Република Македонија донесува петгодишна програма на предлог на Јавното претпријатие за државни патишта.
28. Врз основа на што се определуват приоритетите во изградбата и реконструкцијата на државните патишта?
а) Приоритетите во изградбата и реконструкцијата на државните патишта се определуваат во согласност со Стратегијата за развој и одржување на државните патишта и врз основа на физибилити студии.
б) Приоритетите во изградбата и реконструкцијата на државните патишта се определуваат во согласност со програмата за развој и одржување на државните патишта.
в) Приоритетите во изградбата и реконструкцијата на државните патишта се определуваат во согласност со бројот на возила кој гравитираат кон тој регион.
29. Колкава треба да биде ширината на коловозот на мостовите, во тунелите, галериите и други објекти на јавен пат?
а) На мостовите, во тунелите, галериите и други објекти на јавен пат, ширината на коловозот треба да биде помала од ширината на коловозот на јавниот пат
б) На мостовите, во тунелите, галериите и други објекти на јавен пат, ширината на коловозот не смее да биде помала од ширината на коловозот на јавниот пат.
в) На мостовите, во тунелите, галериите и други објекти на јавен пат, ширината на коловозот треба да е со ширината на трупот на јавниот пат.
30. Кој ги пропишува мерките за одржување на јавните патишта?
а) Мерките за одржување, начинот и роковите за нивното извршување на јавните патишта ги пропишува министерот за транспорт и врски.
б) Мерките за одржување на јавните патишта ги пропишува министерот за транспорт и врски во согласност со Јавното претпријатие за државни патишта.
в) Мерките за одржување, начинот и роковите за нивното извршување на јавните патишта ги пропишува Министерството за внатрешни работи.
31. Кои видови на одржување можат да се јават согласно активностите на одржување?
а) Не постои однапред дадена класификација на видовите одржување
б) Според видот на активностите на одржување може да се јават редовно ,зимско , периодично и интервентно одржување.
в) Според видот на активностите на одржување може да се јават редовно и зимско континуирано одржување.
32. Од каде се смета ширината на заштитниот појас?
а) Ширината на заштитниот појас се смета од надворешниот раб на патниот појас за секоја страна на патот посебно.
б) Ширината на заштитниот појас се смета од средишната бела линија на патниот за секоја страна на патот посебно.
в) Ширината на заштитниот појас се смета од надворешниот раб на банкината на патот за секоја страна на патот посебно.
33. Кој издава одобрување за поставување на инсталации во заштитниот појас на државен пат?
а) Јавното претпријатие за државни патиштаиздава одобрување за поставување на инсталации во заштитниот појас на државен пат.
б) Министерстото за транспорт и врски по претходна согласност од Министерстото за внатрешни работи.
в) Министерстото за внатрешни работи издава одобрување за поставување на инсталации во заштитниот појас на државен пат.
34. Кој издава одобрение за изградба на пристапен пат до државен пат?
а) Одобрение издава Министерството за транспорт и врски по претходна согласност од Министерството за внатрешни работи.
б) Одобрение издава Министерството за финансии.
в) Одобрение издава Јавното претпријатие за државни патишта по претходна согласност од Министерството за внатрешни работи.
35. Кој го пропишува начинот на идентификација на јавните патишта со соодветен референтен систем и стационажа?
а) Министерот за транспорт и врски во согласност со Министерството за внатрешни работи .
б) Владата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи .
в) Јавното претпријатие за државни патишта со Јавното претпријатие за одржување .
35. Кој ја врши наплатата на патарина?
а) Наплатата на надоместок за употреба на пат (патарина), ја врши Владата на Република Македонија.
б) Наплатата на надоместок за употреба на пат (патарина), ја врши Јавното претпријатие или правно лице избрано од страна на Јавното претпријатие на јавен оглас согласно со закон.
в) Наплатата на надоместок за употреба на пат (патарина), правно лице избрано од страна на Владата на Република Македонија.
36. Против кој од наведените акти е дозволена жалба?
а) Решение и заклучок.
б) Записник и заклучок.
в) Решене, заклучок и прекршочно барање.
37. Кој ќе ги отстрани последиците од недозволени активности согласно законот за јавни патишта?
а) Сторителот на прекршокот правно лице, физичко лице или Јавното претпријатие за државни патишта.
б) Јавното претпријатие за државни патишта по предлог на Министерството за транспорт и врски.
в) Правно лице регистрирано за ниско градба.
38. Во кој рок дел од јавен пат којшто го изгубил својството на државен пат преминува во надлежност на општината или градот Скопје?
а) Дел од јавен пат којшто го изгубил својството на државен пат преминува во надлежност на општината или градот Скопје по една година од денот на донесување на актот за прекатегоризација.
б) Дел од јавен пат којшто го изгубил својството на државен пат преминува во надлежност на општината или градот Скопје, во рок од шест месеци од денот на донесувањето на актот за прекатегоризација во општински пат.
в) Дел од јавен пат којшто го изгубил својството на државен пат преминува во надлежност на општината или градот Скопје, во рок од еден месец од денот на донесувањето на актот за прекатегоризација во општински пат.
39. Кој ја донесува стратегијата за развој и одржување на државните патишта со која се утврдуваат целите и основните задачи за развој и одржување на државните патишта , за колкав период?
а) Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Јавното претпријатие за државни патишта, за најмалку 5 години.
б) Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија, за најмалку десет години.
в) Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за транспот и врски, за најмалку десет години.
40. Од што се финансира Јавното претпријатие за државни патишта?
а) Јавното претпријатие за државни патишта се финансира од сопствени приходи остварени од надоместоци утврдени со Законот за јавни патишта, а може и од средства од Буџетот на Република Македонија.
б) Јавното претпријатие за државни патишта се финансира од сопствени кредити и од средства од Буџетот на Република Македонија.
в) Јавното претпријатие за државни патишта се финансира само од средства собрани од патарини и патна такса.
41. Дали на одредени места ширината на коловозот може да биде помала од ширината на коловозот на јавен пат?
а) Да поради состојбата на теренот и техничките можности на мостовите, галериите и други објекти на јавен пат ширината може да биде помала, но не помала од ширината на коловозот на јавен пат од пониска категорија, по поднесено барање до Јавното претпријатие, по кое Јавното претпријатие издава потврда.
б) Ширината не може да биде помала од ширината на коловозот на јавен пат.
в) Ширината може да биде помала, но не помала од ширината на коловозот на јавен пат, по поднесено барање до Јавното претпријатие, по кое Јавното претпријатие издава потврда.
42. Кој е надлежен за одобрување за поставување натписи, рекламни објекти и рекламни табли во заштитниот појас на државните патишта?
а) Надлежноста на одобрување за поставување натписи, рекламни објекти и рекламни табли во заштитниот појас на државните патишта е на Јавното претпријатие по добиена согласност од Министерот за внатрешни работи.
б) Надлежноста на одобрување за поставување натписи, рекламни објекти и рекламни табли во заштитниот појас на државните патишта е на Јавното претпријатие по поднесено барање, по кое Јавното претпријатие е должно во рок од 15 дена да одговори по истото.
в) Надлежноста на одобрување за поставување натписи, рекламни објекти и рекламни табли во заштитниот појас на државните патишта е на Јавното претпријатие за одржување на патишта Македонија пат по поднесено барање.
43. Кој и врз основа на каква документација се врши поставување ,заменување или отстранување на сообраќајните знаци, сообраќајната сигнализација и заштитната опрема на јавните патишта?
а) Јавното претпријатие Македонија пат врз основа на документација издадена од Министерството за транспорт и врски.
б) Фирма претпријатие врз основа на документација издадена од Министерството за внатрешни работи.
в) Јавното претпријатие за државни патишта врз основа на техничката документација за сообраќајни знаци и сообраќајната сигнализација одобрена од Министерството за внатрешни работи.
44. Согласно законот кој е должен преку средствата за јавно информирање навремено да ги извести корисниците на патиштата за состојбата и проодноста , како и за прекините на сообраќајот?
а) За државните патишта Јавното претпријатие за државни патишта, а за општинските патишта општината.
б) Министерството за внатрешни работи,а за општинските патишта општината.
в) Правно лице кое ќе ја врши изградба на патишта.
45. Кои прописи се применуваат при планирањето, изградбата, реконструкцијата, рехабилитацијата и инвестиционото одржување на јавните патишта и улици .
а) За планирање, изградба, реконструкција, рехабилитација и инвестиционо одржување на јавните патишта и улици се применуваат прописите за градење и за просторно и урбанистичко планирање.
б) За планирање, изградба, реконструкција, рехабилитација и инвестиционо одржување на јавните патишта и улици се применуваат прописите за стандардизација.
в) За планирање, изградба, реконструкција, рехабилитација и инвестиционо одржување на јавните патишта и улици се применуваат прописите за одржување на нивито на бучава на прифтливо ниво за граѓаните.
46. На чиј предлог се врши категоризација и прекатегоризација на државните патишта согласно критериумите утврдени од Владата на РМ?
а) Категоризација и прекатегоризација на државните патишта согласно критериумите ги врши Министерството за внатрешни работи.
б) Категоризација и прекатегоризација на државните патишта согласно критериумите ги врши Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за транспорт и врски.
в) Категоризација и прекатегоризација на државните патишта согласно критериумите ги врши Министерството за транспорт и врски на предлог на Јавното претпријатие за државни патишта.
47. Како се спроведуваат целите и задачите од петгодишната програма донесена од страна на Владата на Република Македонија за развојот и одржувањето на државните патишта.
а) Целите и задачите од пет годишната програма се спроведуваат со програма за изградба, реконструкција, рехабилитацијата, одржување и заштита на државните патишта донесена од Министерството за транспорт и врски и Министерството за внатрешни работи.
б) Целите и задачите од пет годишната програма се спроведуваат со програма за изградба, реконструкција, рехабилитацијата, одржување и заштита на државните патишта донесена од Министерството за внатрешни работи на предлог на Јавното претпријатие за државни патишта. в) Целите и задачите од пет годишната програма се спроведуваат со годишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитацијата, одржување и заштита на државните патишта донесена од Јавното претпријатие за државни патишта.
48. Кој е надлежен за отстранување на последиците од недозволените активности на јавен пат ако извршителот на недозволените активности не ги отстрани по налог на инспекторот?
а) Ако последиците од недозволените активности не се отстранат од извршителот, тие ќе бидат отстранети од Јавното претпријатие, на сметка на извршителот на недозволената активност.
б) Последиците од недозволените активности ќе бидат отстранети од Јавното претпријатие во соработка со Министерството за транспорт и врски.
в) Ако последиците од недозволените активности не се отстранат од извршителот, тие остануваат такви какви што се до моментот на реконструкција на патот.
49. Кој може да забрани корисење на постојан пристапен пат до државен пат?
а) Јавното претпријатие за државни патишта со согласност од Министерството за транспорт и врски.
б) Министерството за внатрешни работи во консултација со Јавното претпријатие за државни патишта.
в) Јавното претпријатие за одржување Македонија пат .
50. Кој треба да ги отстрани дрвјата и другите шумски и земјоделски култури и насади покрај јавен пат кој ја попречуваат прегледноста на патот, односно кога ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот на патот?
а) Правното лице кое ги финансира јавните патишта.
б) Правното лице на кое му е доверено одржувањето на јавните патишта ќе побара од сопственикот да ги исече, односно поткастри дрвјата . Доколку сопственикот не постапи по барањето овие работи ќе ги изврши правното лице на кое му е доверено одржувањето на јавните патишта
на сметка на сопственикот.
в) Правното лице на кое му е доверено финасирањето на јавните патишта.
51. Кој ја определува висината за надоместокот за техничка помош на мотризираните учесници во сообрќајот на јавните патишта и кога се плаќа?
а) Висината за надоместокот за техничка помош на мотризираните учесници во сообрќајот на јавните патишта ја определува Владата на Република Мкедонија, а се плаќа при регистрациј на возилата.
б) Висината за надоместокот за техничка помош на мотризираните учесници во сообрќајот на јавните патишта ја определува Минисетрството за транспор и врски.
в) Висината за надоместокот за техничка помош на мотризираните учесници во сообрќајот на јавните патишта ја определува Минисетрството за транспор и врски а ја усвојува Собранието на Република Македонија.
52. Кој врши инспекциски надзор над спроведувањето на Законот за јавни патишта и прописите донесени врз основа на него?
а) Министерстото за транспорт и врски , општината и градот Скопје.
б) Јавното претпријатие за државни патишта преку надзорите.
в) Државен инспекторат за транспорт преку Државни инспектори за патишта, за општините Општински инспектори за патишта и на градот Скопје.
53. Кој се може да се јави како прекршител и против кој сторител на прекршок може да се изрече глоба?
а) Правно лице и одговорното лице во правното лице, службено лице во правно лице и на физичко лице.
б) Правно лице со службено лице во правното лице.
в) Лице кое не е вработено во правното лице а присутно при контрола.
54. Во кој рок сторителот на прекршокот , изречената глоба со платен налог може да ја плати во половина сума од изречената ?
а) Рок од десет дена од врачување на покана за платен налог за наплата на глоба .
б) Во рок од осум дена од врачување на платниот налог.
в) Во рок од осум дена од сторениот прекршок .
55. Кој ги определува критериумите кои улици во населените места ќе се сметаат за дел од државен пат и кој истите ќе ги одржува.
а) Критериумите за определување на улиците во населените места кои ќе се сметаат за дел од државен пат, како и нивното одржување ги пропишува министерот за транспорт и врски.
б) Критериумите ги пропишува Владата на Република Македонија.
в) Критериумите ги пропишува Јавното претпријатие за државни патишта.
56. Што треба да поседува возило кое при користење на државниот пат празно или заедно со товарот ги надминува пропишаните услови во поглед на димензиите, вкупната тежина и оскиниот притисок?
а) Врз основа на одобрение за вонреден превоз издадено од Јавното претпријатие Македонија пат по претходна согласност од Министерство за внатрешни работи.
б) Врз основа на одобрување за вонреден превоз издадено од Министерство за внатрешни работи.
в) Користење на државниот пат со возило кое празно или заедно со товарот ги надминува пропишаните услови во поглед на димензиите, вкупната тежина и оскиниот притисок, може да го врши врз основа на одобрување за вонреден превоз издадено од Јавното претпријатие за државни патишта по претходна согласност од Министерство за внатрешни работи.
57. Кога не смее да се одобри вонреден превоз за возило кое при користење на државниот пат празно или заедно со товарот ги надминува пропишаните услови во поглед на димензиите, вкупната тежина и оскиниот притисок?
а) Не смее да се одобри вонредниот превоз за возило кое при користење на државниот пат празно или заедно со товарот ги надминува пропишаните услови во поглед на димензиите, вкупната тежина и оскиниот притисок, доколку со извршувањето на вонредниот превоз би настанале поголеми и трајни оштетувања на патот или ако постојат други алтернативни патишта.
б) Не смее да се одобри вонредниот превоз за возило кое е со шински тркала со остри ивици.
в) Не смее да се одобри вонредниот превоз за возило кое не е во возна состојба и без дозвола.
58. Кој може привремено да го забрани сообраќајот на јавен пат негов дел, или објект на патот?
а) Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со Министерството за одбрана може привремено да го забрани сообраќајот на јавен пат негов дел, или објект на патот.
б) Министерството за транспорт и врски во консултации со Јавното претпријатие за државни патишта,во соработка со Министерството за внатрешни работи може привремено да го забрани сообраќајот на јавен пат негов дел, или објект на патот.
в) Министерството за транспорт и врски во консултации со Јавното претпријатие за државни патишта може привремено да го забрани сообраќајот на јавен пат негов дел, или објект на патот, за сите категории возила .
59. До кој орган се поднесува барање во електронска форма за добивање на решение за траен режим на сообраќај на државните патишта ?
а) Министерство за транспорт и врски.
б) Јавно претпријатие за одржување Македонија пат.
в) Јавно претпријатие за државни патишта.
60. Кој е должен преку средствата за јаво информирање и на друг погоден начин навремено да ги извести корисниците на патиштата за состојбата и проодноста , како и за прекините на сообраќајот поради вонредни настани на државните патишта ?
а) Јавно претпријатие за државни патишта.
б) Јавното претпријатие за одржување Македонија пат
в) Авто мото сојузот на македонија
61. Корисници на информацискиот систем е-режим на сообраќај согласно Законот за јавни патишта се?:
а) Министерство за внатрешни работи и Јавно претпријатие за државни патишта.
б) Министерство за транспорт и врски, Министерство за внатрешни работи и Јавно претпријатие за државни патишта.
в) Јавно претпријатие за државни патишта, Јавното претпријадие за одржување Македонија пат и Македонската радио телевизија.
62. Во кој рок Министерство за транспорт и врски е должно за поднесено комплетно барање за добивање на решение за трајна измена на режим на сообраќај да ги побара потребните согласности од надлежни институции?
а) Во рок од осум дена од денот на изготвување и достава на решението.
б) Во рок од еден ден по комплетирање на барањето
в) Во рок од три дена од денот на прием на комплетно барање .
63. Средствата собрани од патната такса согласно закнот за јавни патишта се приход на Јавното претпријатие за државни патишта , а се користат за ?
а) Плати и надоместоци.
б) Финансирање на изградба , реконструкција одржување и заштита на јавните патишта.
в) Финансирање на изградба и плати на вработените.
64. Кој ја издава лицнцата за отстранување на оштетените возиа и возилата во дефект од општинските и локалните патишта за територијата на соодветната поштина или градот Скопје
а) Општината или градот Скопје.
б) Јавното претпријадие за државни патишта
в) Министерство за внатрешни работи.
65. Кој акт- документ се издава за времена измена на режим на сообраќај на државните патишта.
а) Заклучок одобрение
б) Записник
в) Решение
66. Согласно законот за јавни патишта – формата и содржината на поканата за едукација , како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува:
а) Министерот за транспорт и врски
б) Министерството за внатрешни работи
в) Министерот за правда
67. Едукацијата овластениот инспектор за патишта по извршен инспекциски надзор треба да ја спроведе во рок не подолг од:
а) Триесет дена
б) Осум дена
в) Петнаесет дена
68. Сторител на недозволените активности при влез и излез спротивно на одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај должен e веднаш:
а) Да ги отстрани последиците од недозволените активности, да запре со активности и местото да го врати во првобитна состојба
б) Да продолжи со активностите како ги замислил
в) Да запре со активности
ПРАШАЊА ЗА СТРУЧНИОТ ДЕЛ ЗА ИНСПЕКТОР ЗА ПАТЕН СООБРАЌАЈ
1. Кои услови ги регулира Законот за превоз во патниот сообраќај?
а) Условите и начинот за вршење на превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.
б) начинот за вршење на превоз на патници и стока во внатрешниот патен сообраќај.
в) начинот за припрема на документација за вршење на превоз на стока во внатрешниот патен сообраќај.
2. Со што се регулира меѓународниот патен сообраќај?
а) Се регулира со меѓународни договори и спогодби што ги ратификовала Република Македонија.
б) Се регулира со меѓународни конвенции.
в) Се регулира со Законот за превоз во патниот сообраќај, меѓународни договори и спогодби што ги ратификовала Република Македонија.
3. Што е јавен превоз на патници и стока?
а) Јавен превоз на патници и стока е превоз кој под пропишани услови им е достапен на одредени корисници.
б) Јавен превоз на патници и стока е превоз кој под еднакви услови им е достапен на сите корисници.
в) Јавен превоз на патници и стока е превоз кој под еднакви услови им е достапен на поедини корисници.
4. Кој превоз во патниот сообраќај е меѓународен превоз?
а) Секој патен превоз преку најмалку една државна граница а обавезно да се транзитира Република Македонија.
б) Превоз во меѓународниот патен сообраќај е секој патен превоз преку најмалку една државна граница.
в) Превоз во меѓународниот патен сообраќај е секој патен превоз,доколку со возилото се врши каботажа.
5. Што е лиценца во превозот во патниот сообраќај?
а) Лиценца е документ со кој се одобрува вршење на дејност на јавен превоз во патниот сообраќај.
б) Лиценца е документ со кој се одобрува исклучива вршење на линиски превоз на патници.
в) Лиценца е документ со кој се одобрува исклучива вршење на меѓународен превоз на стoка во патниот сообраќај.
6. Што е извод од лиценца во превозот во патниот сообраќај?
а) Извод од лиценца е исправа што ја издава исклучиво Општината односно градот Скопје, како надлежен орган за издавање на лиценца за секое моторно возило оделно.
б) Извод од лиценца е исправа што ја издава Државниот комунален инспекторат, како надлежен орган за издавање на лиценца за секое моторно возило оделно.
в) Извод од лиценца е исправа што ја издава Општината односно градот Скопје и Министерството за транспорт и врски, како надлежен орган за издавање на лиценца за секое моторно возило оделно.
7. Што е странски превозник?
а) Странски превозник е странско правно или физичко лице кое врши превоз на патници и стока во меѓународниот патен сообраќај а чие седиште е надвор од границите на Р.Македонија.
б) Странски превозник е странско правно или физичко лице кое врши превоз на патници и стока во меѓународниот патен сообраќај а чие седиште е надвор од границите на Р.Македонија, а има добиено лиценца од Министерството за транспорт и врски на Р.македонија.
в) Странски превозник е странско правно или физичко лице кое врши превоз на патници и стока во внатрешниот патен сообраќај а чие седиште е надвор од границите на Р.Македонија а има регистрирано дејност во Р.Македонија.
8. До каде превозникот поднесува барање за привремен или траен прекин на линијата?
а) Државен инспекторат за транспорт.
б) Министерство за внатрешни работи.
в) Министерство за транспорт и вреки.
9. Кој документ треба треба да поседува возачот во меѓународниот патен сообраќај?
а) Лиценца за учество на возач во меѓународниот патен сообраќај издаден од Министерство за одбрана.
б) Сертификат за учество на возач во меѓународниот патен сообраќај издаден од Министерство за транспорт и врски.
в) Решение за учество на возач во меѓународниот патен сообраќај издаден од Државен инспекторат за трд.
10. Кои документи мора во возилото да се има при посебен линиски певоз на патници од и до Аеродром.
а) Извод од лиценца,дозвола, уредно пополнет патен налог во оргинал и договор.
б) Извод од лиценца и договор склучен помеѓу превозникот и преставникот на патниците.
в) Уредно пополнет патен налог во оргинал ,договор и список на патници по можност.
11. Кој го издава сертификатот за професионална компететност?
а) Министерсвото за внатрешни работи врз основа на уверение за положен испит за професионална компететност.
б) Министерсвото за транспорт и врски врз основа на добиена лиценца за превоз и извод од лиценца.
в) Министерсвото за транспорт и врски врз основа на уверение за положен испит за професионална компететност.
12. Кога превозник може да отпочне со вршење на превоз на стока и патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај?
а) Откако ќе добие лиценца и извод од лиценцата.
б) Откако ќе добие дозвола за внатрешен линиски превоз на патници.
в) Откако ќе добие дозвола за такси превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.
13. Што се опасни материи?
а) Опасни материи се супстанци или производи за кои превозот се одобрува доколку тоа е предвидено во меѓународен договор ратификуван од страна на Република Македонија.
б) Опасни материи се супстанци или производи за кои превозот е забранет или одобрен само под одредени околности во соггласност со прописите од член 3од ЗПОМ во ПЖС.
в) Опасни материи се супстанци или производи за кои превозот се одобрува по одлука на здружение на превозници на Република Македонија .
14. Какви превозни средства се користат за превоз на опасни материи?
а) Во зависност од класата на опасната материја зависи и превозното средство.
б) Во зависност од возилата со кои располага превозникот зависи кое превозното средство ќе се користи.
в) Во зависност од тоа дали превозното средство поминало на тeхнички преглед.
15. Кој го издава одобрението за превоз на опасни материи?
а) Одобрението за превоз на опасни материи го издава Државниот инспекторат за транспорт во соработка со Државниот инспекторат за труд.
б) Одобрението за превоз на опасни материи го издава Државниот инспекторат за транспорт во соработка со Инспекциски Совет.
в) Одобрението за превоз на опасни материи го издава Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.
16. Како се превезуваат ниски шишиња со дијаметар од 30 см во кој е сместен ТНГ(течен нафтен гас)?
а) Овие шишиња може да се превезуваат и бес палети поставени во товарниот простор.
б) Овие шишиња може да се превезуваат исклучиво паковани во специјални бункери во возилото.
в) Овие шишиња може да се превезуваат во било какви возила.
17. За што е одговорен советникот за безбедност од (ЗПОМ во ПЖС)
а) Советникот за безбедност е одговорен само за одбележување на возилата-цистерни кои вршат превоз на опасните материи.
б) Советникот за безбедност е одговорен пред неговиот прв претпоставен.
в) Советникот за безбедност е одговорен за спречување на ризици кои можат да настанат при превозот на опасни материи.
18. Кој врши инспекциски надзор при превозот на опасни материи во патниот сообраќај?
а) Државниот инспекторат за транспорт преку инспекторите за патен сообраќај и овластени службени лица од Министерството за внатрешни работи.
б) Инспектори од Агенцијата за кризи.
в) Инспектори од агенцијата за цивилна воздушна плавидба.
19. Кој ги определува патиштата по кој можат да се движат моторните возила кои превезуваат опасни материи?
а) Патиштата по кој можат да се движат моторните возила кои превезуваат опасни материи ги определува Дирекцијата за радијациона сигурност.
б) Патиштата по кој можат да се движат моторните возила кои превезуваат опасни материи ги определува Министерството за внатрешни работи.
в) Патиштата по кој можат да се движат моторните возила кои превезуваат опасни материи никој не ги определува.
20. Какви видови на тахографи има?
а) Eлкектронско дигитален.
б) Само електронски.
в) Аналоген и дигитален.
21. Што е недела?
а) Период од 00 00 часот во понеделник до 24 00 часот во недела.
б) Период од 00 00 часот во недела до 24 00 часот во недела.
в) Период од 00 00 часот во понеделник до 24 00 часот во вторник.
22. Кој врши надзор на работењето на работилницата (за тахаграфи)?
а) Здружение на превозници.
б) Државен инспекторат за транспорт.
в) Работилницате подлежат исклучиво на надзор од самите вработени во нив.
23. Што е тахограф?
а) Е уред кој се вградува во возилото за автоматско или полуавтоматско прикажување и запишување на одделни податоци за движење на возилото и за одредени работни периоди на возачите кои го возат возилото.
б) Е уред кој се вградува во возилото за автоматско прикажување и запишување на одделни податоци за движење на возилото.
в) Е уред кој се вградува во возилото за автоматско или полуавтоматско прикажување и запишување на одделни податоци за движење на возилото и за одредени работни периоди на возачите кои го возат возилото со исклучива можност ,податоците да ги подесуваат возачите.
24. Што е одмор?
а) Е непрекинат временски период во кој возачот може слободно да располага со своето време по договор со работодавачот и времето кое возачот го поминува чекајќи на граничните премини.
б) Е непрекинат временски период во кој возачот може слободно да располага со своето време.
в) Енепрекинат временски период на одмор и возење на возачот.
25. Кој превоз во патниот сообраќај е превоз за сопствени потреби?
а) Превоз за сопствени потреби е превоз кој физичко или правно лице го врши за задоволување на потребите при вршење на својата дејност ,односно задачи од својот делокруг.
б) Превоз за сопствени потреби е превоз кој физичко или правно лице го врши при извршување на јавен превоз на стока и патници во меѓународниот патен сообраќај.
в) Превоз за сопствени потреби е превоз кој физичко или правно лице го врши исклучиво во свето место на живеење.
26. Кои патни листи треба да се наоѓаат во возилото при наизменичниот превоз?
а) Превозникот ќе избере кои патни листи ќе ги има во возилото.
б) Во возилото нема потреба од патни листи .
в) Во возилото треба да се наоѓаат патните листи од сите извршени превози од циклусот на патувањата.
27. Кој меѓународен превоз на патници и стока е билатерален?
а) Билатерален превоз на патници и стока е меѓународен превоз при кој патниците и стоките се превезуваат меѓу најмалку три гранични премини.0
б) Билатерален превоз на патници и стока е меѓународен превоз при кој патниците и стоките се превезуваат на територијата на Р.Македонија и територијата на некоја друга држава.
в) Билатерален превоз на патници и стока е меѓународен превоз при кој патниците и стоките се превезуваат меѓу два гранични премини во Р.Македонија .
28. Кој превоз на стоки е за и од трета земја?
а) Превоз на стоки за и од трета земја е меѓународен превоз што го врши превозник кој нема седиште во земјата во која започнува односно завршува превозот.
б) Превоз на стоки за и од трета земја е меѓународен превоз што го врши превозник меѓу териториите на четири држави.
в) Превоз на стоки за и од трета земја е меѓународен превоз што го врши превозник кој нема седиште во земјата во која започнува превозот со можност истоварот да е во Р.Македонија.
29. Што е каботажа?
а) Каботажа е секој превоз на патници и стока меѓу две места во Р.Македонија извршен од страна на странски превозник регистиран во Р.Македонија.
б) Каботажа е секој превоз на патници и стока меѓу две места во Р.Македонија извршен од страна на домашен и странски превозник а обавезно половина од стоката се истовари во трета земја.
в) Каботажа е секој превоз на патници и стока меѓу две места во Р.Македонија извршен од страна на странски превозник.
30. Кој превоз во патниот сообраќај е вонреден превоз?
а) Вонреден превоз е превоз на стока кај кој димензиите на возилото или возилото заедно со стоката на него или вкупната маса на возилото или негово осно оптоварување се поголеми од пропишаните.
б) Вонреден превоз е превоз на стока кај кој димензиите се поголеми од пропишаните.
в) Вонреден превоз е превоз на стока кој се извршува не планирано туку инцидетно.
31. Што е релација?
а) Релација е одалеченост меѓу било кои две места на линијата, наведени во возниот ред како станица или постојка.
б) Релација е одалеченост меѓу почетната и крајната автобуска станица.
в) Релација е исто што и линија при превозот на патници.
32. Кој превоз е директен превоз?
а) Директен превоз е превоз на патниците кај кој патниците согласно возниот ред влегуваат само на почетната и излоегуваат само на крајната автобуска станица.
б) Директен превоз е превоз на патниците кај кој патниците согласно возниот ред влегуваат само на почетната и излоегуваат само на автобуски постојки.
в) Директен превоз е превоз на патниците кај кој патниците согласно возниот ред влегуваат само на автобуски постојки.
33. Што треба да има во возилото при превоз на стока за сопствени потреби во внатрешниот патен сообраќај?
а) Во возилото треба да има товарен лист, извод од лиценцата и уредно пополнет патен налог.
б) Во возилото треба да има товарен лист и уредно пополнет патен налог.
в) Во возилото е потребно да има само уредно пополнет патен налог.
34. За кои линии автобуската станица може да врши резервација и продажба на билети?
а) Само за линии за кои е издаден сертификат за регистриран возен ред.
б) За линија за која автобуската станица ќе ја договори со заинтересиран превозник.
в) Само за линии за кои е издадена дозвола и регистриран возен ред.
35. Што ќе се случи ако превозникот даде не точни податоци за условите за добивање на одобрението за превоз на опасни материи?
а) Во тој случај органот што го издал одобрението ќе донесе решение за одземање на одобрението за превоз на опасни материи на превозникот.
б) Во тој случај органот што го издал одобрението ќе донесе решение за одземање на стоката од превозникот.
в) Во тој случај органот што го издал одобрението ќе донесе решение за одземање на стоката и возилото од превозникот.
36. Од кој материјал се изработуваат садовите за превоз на опасни материи со волумен поголем од 200 литри?
а) Од вакумирана пластика.
б) Од кршлив материјал меѓутоа да се избере да се најде добра амбалажа за паковањење.
в) Од челичен лим или друг содветен материјал.
37. Како е означена амбалажата во која се превезуваат опасни материи?
а) Превозникот кој ќе ја превезува амбалажата ќе одлучи како ќе се одбележи.
б) На видливо место мора да има соодветна налепница за опасноста а ако е кршлива мора да е означено дека е кршливо.
в) Не мора да се одбележи доколку се превезува со специјално возило.
38. Кој врши оспособување на кандидатите за советници за безбеднос при превоз на опасни материи?
а) Вршат правни лица овластени од министерот за транспорт и врски во согласност од министерот зо внатрешни работи и министерот за здравство.
б) Вршат физички лица кој ќе бидат овластени од Министерството за образование а имаат простории каде ке може да се врши обуката.
в) Може да вршат било кој правни или физички лица не трба да бидат овластени туку да имаат сопствени простории и делумно стручен кадар.
39. Кој ја издава дозволата за превоз на радиоактивна материја?
а) Дозволата за превоз на радиоактивна материја ја издава Министерството за екологија и заштита на животната средина во согласност со Министерството за внатрешни работи.
б) Дозволата за превоз на радиоактивна материја ја издава Дирекцијата за радијациона сигурност во согласност со Министерството за внатрешни работи.
в) Дозволата за превоз на радиоактивна материја ја издава Министерството за образование.
40. Кој дава одобрение за превоз на експлозивни материи во внатрешниот и меѓународниот сообраќај?
а) Одобрение за превоз на експлозивни материи во внатрешниот и меѓународниот сообраќај го издава Министерството за здравство.
б) Одобрение за превоз на експлозивни материи во внатрешниот и меѓународниот сообраќај го издава Министерството за внатрешни работи.
в) Одобрение за превоз на експлозивни материи во внатрешниот и меѓународниот сообраќај го издава Агенцијата за кризи.
41. Кој се видови на дневен одмор има?
а) Редовен дневен одмор и Скратен дневен одмор.
б) Редовен ноќен одмор и време при припрема.
в) Само скратен ноќен одмор и врме за спиење.
42. Кој го одзема овластувањето на работилницата (за тахаграфи)?
а) Државен инспекторат за труд.
б) Здружение на возачи.
в) Министерот за транспорт и врски.
43. Кој дава предлог за одземање на овластувањето на издавачот на мемориски картички?
а) Било кој превозник.
б) Државен инспекторат за транспорт.
в) Вработен од издавачот на мемориски картички.
44. Кој го издава одобрението за тахограф (оцена на сообразност на тип) кој е вграден согласно Закон?
а) Државен санитарен инспекторат.
б) Бирото за метрологија.
в) Со изјава од сопственикот на возилото.
45. Врз кој Закон Бирото за метрологија го издава одобрението за тахограф (оцена на сообразност на тип) кој е вграден согласно Закон?
а) Закон за метрологија.
б) Закон за превоз на опасни материи,
в) Врз основа на поранешно искуство.
46. Што е линија при превозот на патници?
а) Линија е одредена релација и правец на возење од почетната до крајната автобуска станица или стојалиште на која се превезуваат патниците во линискиот патен превоз каде превозникот сам на автобуската станица го објавува возниот ред.
б) Линија е одредена релација од почетната до секоја наредна автобуска станица или стојалиште на која се превезуваат патниците во линискиот патен превоз согласно исклучиво со цената на превоз што со секој патник превозникот се договара.
в) Линија е одредена релација и правец на возење од почетната до крајната автобуска станица или стојалиште на која се превезуваат патниците во линискиот патен превоз согласно со однапред утврден , регистриран и објавен возен ред и цена на превозот.
47. Кои документи мора да се наоѓаат во возилото при вршење на меѓуопштински линиски превоз на патници?
а) Во возилото мора да се наоѓа извод од лиценцата, дозвола,регистриран возен ред и патен налог во оргинал.
б) Во возилото мора да се наоѓа, дозвола и патен налог во оргинал заверен од превозникот.
в) Во возилото мора да се наоѓа извод од лиценцата за приколката доколку е прикачена на возилото.
48. Што треба да има во возилото при превоз на стока за сопствени потреби во внатрешниот патен сообраќај за возила чија најголема носивост не надминува 3.500 кг вклучувајќи ја и приколката?
а) Во возилото треба да има само уредно пополнет патен налог.
б) Во возилото треба да има товарен лист и уредно пополнет патен налог.
в) Во возилото треба да има само изод од лиценцата за приколката.
49. Што се подразбира под подготвување на материите(АДР-Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај ?
а) Под подготвување се подразбира:пакување, обележување и формирање на потребна документација за превоз на опасната материја.
б) Под подготвување се подразбира проверка дали материите се во истата агрегатна состојба во која треба да бидат или не.
в) Под подготвување се подразбира конечно истоварање на опасната материја на дестинацијата.
50. Што неизменичен превоз?
а) Е вид на превоз на елементи со линиски превоз на патници во внатрешен патен сообраќај
б) Е превоз на претходно организирани групи патници за повеќе патувања со исто место на поаѓање до исто место на пристигнување.
в) Е превоз на патници и стока кој с еврши во внатрешен и меѓународен патен сообраќај
51. Кој меѓународен превоз на патници и стока е транзитен?
а) Транзитен меѓународен превоз на патници и стока е меѓународен превоз при кој патниците и стоките се превезуваат преку територијата на одредена држава со можност помалку од половина од истите се истоварат или товарат на територијата.
б) Транзитен меѓународен превоз на патници и стока е меѓународен превоз при кој патниците и стоките се превезуваат преку територијата на одредена држава со можност само на стоките се истоварат или товарат на територијата.
в) Транзитен меѓународен превоз на патници и стока е меѓународен превоз при кој патниците и стоките се превезуваат преку територијата на одредена држава без притоа да се истоварат или товарат на територијата.
52. Кој го определува висината на надоместокот за користење на услугите на автобуската станица?
а) Министерството з атранспорт и врски
б) Влада на Република Македонија
в) Категоризираната автобуска станица.
53. Што е итинерер?
а) Одреден правец на движење на превозното средство на определена линија.
б) Одреден правец на движење од автобуска станица до постојка.
в) Одередена само почетната точка од линијата.
54. Кој превозник може да врши превоз на опасни материи во патниот сообраќај?
а) Превоз на опасни материи во патниот сообраќај исклучиво домашно правно или физичко лице кое поседува автомобил споре стандардите во посебните закони на Р.Македонија.
б) Превоз на опасни материи во патниот сообраќај е секое домашно правно или физичко лице кое поседува било какво превозно средство.
в) Превоз на опасни материи во патниот сообраќај може да врши домашно правно или физичко лице кое поседува одобрение за вршење на превоз на опасни материи во патниот сообраќај.
55. Што е прилог кон одобрението за превоз на опасни материи?
а) Прилог кон одобрението за превоз на опасни материи е документ составен дел кон изводот од лиценцата за превоз на стока во меѓународниот патен сообраќај.
б) Прилог кон одобрението за превоз на опасни материи е документ составен дел кон одобрението за превоз на опасни материи со кое се овозможува возилото да врши превоз на опасни материи.
в) Прилог кон одобрението за превоз на опасни материи е документ составен дел кон Лиценцата за превоз на опасни материи а е издаден од Министерството за внатрешни работи.
56. Како се означуваат возилата – цистерни за превоз на опасни материи?
а) Напред и назад се поставуваат портокалови табли, а странично секој дел е поединачно одбележан или ако се сродни материите напред и назад се поставува коплерова табла за онаа материја со поголема опасност.
б) Само странично се поставува знак за опасност од експлозија.
в) Само на бочните страни трба да се поставени тријаголници.
57. Кои документи се потребни при превоз на опасни материи во меѓународниот и внатрешниот патен сообраќај (освен сертификати и одобренија?
а) При извршување превоз на опасни материи во меѓународниот и внатрешниот патен сообраќај превозникот во возилото мора да поседува уредно пополнет патен налог.
б) При извршување превоз на опасни материи во меѓународниот и внатрешниот патен сообраќај превозникот во возилото мора да поседува уредно пополнета лиценца за опасната материја која се превезува.
в) При извршување превоз на опасни материи во меѓународниот и внатрешниот патен сообраќај превозникот во возилото мора да поседува уредно пополнет товарен лист и писмена инструкција за опасната материја која се превезува.
58. Кој го одзема АДР сертификатот?
а) АДР сертификатот се одзема од страна на овластени службени лица од Министерството за внатрешни работи.
б) АДР сертификатот се одзема од страна на инспектори од Дирекцијата за радијациона сигурност.
в) АДР сертификатот се одзема од страна на овластени службени лица од Државниот комунален инспекторат.
59. За што е одговорен советникот за безбедност од (ЗПОМ во ПЖС)
а) Советникот за безбедност е одговорен за спречување на ризици кои можат да настанат при превозот на опасни материи.
б) Советникот за безбедност е одговорен само за одбележување на возилата-цистерни кои вршат превоз на опасните материи.
в) Советникот за безбедност е одговорен пред неговиот прв претпоставен.
60. Како се постапува во случај кога приклучното возило за превоз на опасни материи, ако не е снабдено со систем за автоматско сопирање при откачување од влечното возило?
а) Доволно е приклучното возило само да биде одбележано како и влечното возило.
б) Приклучното возило мора да е врзано за влечното возило и снабдено со синџири.
в) Возачот при возењето ќе настојува да вози со брзина 50% од дозволената.
61. Како се означуваат возилата за превоз на паковани опасни материи?
а) На предната и на задната страна треба да биде поставена портоколова табла.
б) На предната,задната и странично на видно место треба да биде натпис со зборовите „опасно“.
в) На бочните страни трба да се поставени тријаголници.
62. Колку изнесува периодот за контрола на возило опремено со аналоген и дигитален тахограф на јавен пат?
а) За претходните 30 дена .
б) За претходните 28 дена и тековниот ден.
в) За претходните 90 дена и тековниот ден.
63. Кои периоди на управување со возилото ги вклучува дневното и неделното време на возење?
а) Сите периоди на дневно возење.
б) Сите периоди на возење во и надвор од територијата на Р.Македонија.
в) Исклучиво на периоди од ноќно возење.
64. Што треба да подготви превозникот во случај да возилото не е опремено со тахограф а врши внатрешен линиски превоз на патници со вкупна одалеченост од 50 км?
а) Превозникот нема обврска ништо да припреми.
б) Превозникот е должен да подготви возен ред и план на возење.
в) Превозникот е должен да обезбеди само возачка картичка
65. Превозникот е должен на барање на возачот да му обезбеди?
а) Копии од записите за извршени работни часови.
б) Потврда за работен стаж.
в) Не е должен ништо да му издаде.
66. Под кој услов една работилница може да врши работи за двата вида тахографи (исталирање,проверка, контрола и поправка)?
а) Под услов за електронски тахограф има овластување.
б) Под услов за секој вид на тахограф да има површно познавање.
в) Под услов за секој вид на тахограф да има посебно овластување.
67. Што се должни работилницата и нејзините вработени?
а) На возачот на секое возило што има вградено тахограф да му дадат услуга во согласност со овластувањето.
б) На возачот на возило што има вградено тахограф да му дадат услуга во зависност дали има согласност од Државниот инспекторат за транспорет.
в) На возачот на секое возило што има вградено тахограф не мора да му дадат услуга во согласност со овластувањето.
Б. X. Прашања од областа која е релевантна за работењето на Државната ревизија
I Прашања од ниска сложеност
1. Мандатот на главниот државен ревизор и на заменикот е:
а) 10 години без право на повторен избор
б) 9 години без право на повторен избор
в) 9 години со право на повторен избор
Извор: Закон за државната ревизија
2. Кои видови на ревизија ги врши Државниот завод за ревизија:
а) Ревизија на регуларност и ревизија на успешност
б) Финансиска ревизија и внатрешна ревизија
в) Внатрешна ревизија
Извор: Закон за државната ревизија
3. Главниот државен ревизор и заменикот ги избира и разрешува:
а) Собранието на Република Македонија
б) Владата на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија
Извор: Закон за државната ревизија
4. До кого се доставува Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија:
а) Владата на Република Македонија
б) Собранието на Република Македонија
в) Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија
Извор: Закон за државната ревизија
5. Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија се доставува најдоцна до?
а) 31 јануари во тековната година за претходната година
б) 30 јуни во тековната година за претходната година
в) 30 мај во тековната година за претходната година
Извор: Закон за државната ревизија
6. Државната ревизија ја вршат:
а) Овластени државни ревизори, државни ревизори и внатрешни ревизори
б) Внатрешни ревизори
в) Овластени државни ревизори и државни ревизори
Извор: Закон за државната ревизија
7. Дали субјектот на ревизија смее да го ограничи обемот на испитувањата на ревизорите?
а) Да
б) Не
в) Понекогаш
Извор: Закон за државната ревизија
8. До Собранието на Република Македонија се доставуваат:
а) Сите конечни извештаи
б) Само конечните извештаи за единиците на локалната самоуправа
в) Само конечните извештаи за субјектите предмет на ревизија во кои државата е доминантен акционер
Извор: Закон за државната ревизија
9. Испит за стекнување на звање овластен државен ревизор може да полага лице кое:
а) Има најмалку три години работно искуство како државен службеник
б) Има најмалку пет години работно искуство на сметководствени или финансиски работи, односно три години работно искуство на работи на ревизија или контрола
в) Има соодветно образование за извршување на работи на ревизија или контрола
Извор: Закон за државната ревизија
10. Овластениот државен ревизор и државниот ревизор:
а) Не можат да бидат повикани на одговорност за даденото мислење во врска со извршувањето на службените овластувања
б) Можат да бидат повикани на одговорност за даденото мислење во врска со извршувањето на службените овластувања
в) Во исклучителни случаи утврдени со закон можат да бидат повикани на одговорност
Извор: Закон за државната ревизија
11. Законскиот застапник на субјектот на ревизија и лицето кое било одговорно на субјектот на ревизија во периодот за кој е вршена ревизијата можат да поднесат забелешки до Државниот завод за ревизија во рок од:
а) 20 дена од денот на приемот на нацрт-извештајот,
б) 30 дена од денот на приемот на нацрт-извештајот,
в) Веднаш по добивање на нацрт-извештајот
Извор: Закон за државната ревизија
12. Овластениот државен ревизор и државниот ревизор се должни со класифицираните информации да постапуваат во согласност со одредбите од:
а) Законот за судир на интереси
б) Законот за класифицирани информации
в) Закон за спречување на корупцијата
Извор: Закон за државната ревизија
13. При градење на принципот на објективност, кој од подолу наведените одговори е дел од овој принцип:
а) избегнување на учество во активности или односи со кои би се довеле во прашање способноста за професионално просудување или би предизвикале конфликт на интереси
б) да обезбеди објективна проценка на сите релевантни околности и процеси со цел да се обезбеди ревизорско мислење засновано исклучиво на ревизорски докази , постапки и методологија и елиминирање на можноста за субјективно оценување или влијание на други интереси
в) постојано да се едуцира со цел стекнување на квалитети и достигнување на особините карактеристични за идеален член на ДЗР
Извор: Кодекс на деловна етика и однесување на вработените во ДЗР
14. Принципи на државната ревизија според Кодексот на етика на ДЗР, кои особини треба да ги поседуваат ревизорите во ДЗР:
а) Карактерност, комуникативност, конструктивност, политичка припадност, некооперативност, креативност, културност
б) Зависност, креативност, некомуникативност, кооперативност, куражност, културност, конструктивност
в) Карактерност, Комуникативност, Конструктивност, Кооперативност, Креативност, Културност, Куражност
Извор: Кодекс на деловна етика и однесување на вработените во ДЗР
15. При градење на принципот на конфликт на интереси, кој од подолу наведените одговори НЕ Е ДЕЛ од овој принцип:
а) својот статус да не го употребува за приватни цели и интереси
б) да ги избегнува ситуациите кои би можеле да предизвикаат конфликт на интереси со одбивање на подароци и услуги кои му се нудат или ветуваат
в) да избегнува било какви нелегални или други неетички активности кои може да ја дискредитираат ревизорската професија, водејќи сметка личниот и интегритетот на ДЗР да не биде компромитиран
Извор: Кодекс на деловна етика и однесување на вработените во ДЗР
II Прашања од средна сложеност
1. Државната ревизија задолжително еднаш годишно се врши на:
а) Буџетот на Република Македонија и на буџетите на фондовите
б) Буџетите на единиците на локалната самоуправа и на корисниците на буџетите на единиците на локалната самоуправа
в) Буџетот на Република Македонија
Извор: Закон за државната ревизија
2. Овластениот државен ревизор и државниот ревизор не смеат да вршат ревизија доколку:
а) Претходно биле во работен однос или биле законски застапници на субјектот на ревизијата најмалку две години пред вршењето на ревизијата
б) Претходно биле во работен однос или биле законски застапници на субјектот на ревизијата најмалку три години пред вршењето на ревизијата
в) Претходно биле во работен однос или биле законски застапници на субјектот на ревизијата најмалку пет години пред вршењето на ревизијата
Извор: Закон за државната ревизија
3. Законскиот застапник на субјектот на ревизија е должен да го извести Државниот завод за ревизија и органот надлежен за надзор и контрола за преземените мерки во врска со наодите и препораките во ревизорските извештаи во рок од:
а) три месеци
б) 90 дена
в) 60 дена
Извор: Закон за државната ревизија
4. Коj од следниве НЕ Е услов за финансиската независност на ВРИ, согласно ISSAI 10 - Декларација за независност, Мексико:
а) ВРИ треба да имаат на располагање човечки, материјални и монетарни ресурси, онолку колку што ќе посакаат
б) Извршната власт не треба да го контролира или насочува пристапот до ресурсите на ВРИ
в) Парламентот или некоја од неговите комисии е одговорен за обезбедување на неопходни ресурси кои ќе овозможат на ВРИ да ги реализира своите надлежности
Извор: ISSAI 10
5. Според ISSAI 1240 (МСР240), кој има примарната одговорност за спречување и откривање на измами и грешки:
а) Раководството
б) Внатрешните ревизори
в) Органите надлежни за управување
Извор: ISSAI 1240 (МСР 240)
6. Која од следниве изјави во однос на измамата е точна?
а) Измамата секогаш е намерен акт
б) Измамата подразбира ненамерна грешка во финансиските извештаи
в) Измамата подразбира превид или погрешно толкување на сметководствените политики
Извор: ISSAI 1240 (МСР 240)
7. Независно од целите, ревизорскиот ангажман ги вклучува следните фази:
a) Претпланирање, планирање, извршување, известување и фаза по известувањето
б) Планирање, извршување и известување
в) Претланирање, планирање и извршување
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
8. Во зависност од целта и намената за која се спроведуваат одредени тестови од страна на ревизорот истите се делат на:
а) Тестови на придржување (тестови на контрола) и директни/детални постапки (суштински тестови)
б) Тестови на придржување и аналитички постапки
в) Директни /детални постапки ( суштински тестови) и аналитички постапки
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
9. Ревизорските докази треба да ги поседуваат следните атрибути:
а) Релевантност, непристрасност, објективност и убедливост
б) Објективност и убедливост
в) Пристрасност и објективност
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
10. Основни концепти на утврдување на материјалноста се:
а) Материјалност според вредност (квантитативна), материјалност според природата на ставката која се тестира (квалитативна), материјалност според контекстот
б) Одреден процент од добивката или вкупните приходи
в) Одреден процент од вкупниот капитал
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
11. „Инхерентен ризик“ е:
а) Ризик дека ќе настанат грешки поради окружувањето во кое работи субјектот предмет на ревизија
б) Ризик дека ревизорот ќе даде несоодветно ревизорско мислење
в) Ризик дека контролите на ревидираниот субјект нема да успеат да спречат или откријат материјални грешки
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
12. Дали 'ревизорски ризик' е:
а) Ризик дека ќе се појават грешки поради окружувањето во кое работи субјектот предмет на ревизија
б) Ризик дека ревизорите ќе даде несоодветно ревизорско мислење
в) Ризик дека контролите на субјектот предмет на ревизија нема да успеат да ги спречат или откријат материјалните грешки
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
13. При извршување на ревизијата ревизорите ги имаат на располагање следните ревизорски пристапи:
а) Индиректен пристап и системски базиран пристап
б) Системски базиран пристап и директен пристап на тестирање
в) Основен пристап и директен пристап
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
14. Кој од наведените искази е точен:
а) Фази во примената на методата на примерок во ревизијата: планирање на примерокот; избор (селектирање) на ставките коишто треба да бидат тестирани; тестирање; и вреднување на резултатите
б) Фази во примената на методата на примерок во ревизијата: планирање на примерокот; избор (селектирање) на ставките коишто треба да бидат тестирани; и вреднување на резултатите
в) Фази во примената на методата на примерок во ревизијата: планирање на примерокот; избор (селектирање) на ставките коишто треба да бидат тестирани и тестирање
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
15. Како дел од ревизорските постапки за проверка на системот на интерните контроли, ревизорот има обврска да спроведе:
а) Тестови на усогласеност и суштински тестови
б) Несуштински тестови
в) Суштински тестови
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
16. Од аспект на природата на ревизорскиот доказ истиот може да биде:
a) Документиран, визуелен и устен
б) Визуелен и документиран
в) Визуелен и устен
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
17. Ревизорските докази се најверодостојни кога се добиени:
a) Од независни експерти од трета страна
б) Од организацијата на ревидираниот субјект
в) Од сопствената работа на ревизорот
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
18. Што од следното е предност на статистичкиот примерок во однос на не статистичкиот примерок:
а) Му дава на ревизорот научна проценка за износот на грешка во популацијата
б) Не бара обука за соодветна примена
в) Ги елиминира сите ревизорски расудувања од процесот на селектирање на примерокот
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
19. Ревизорските тестови кои треба да се извршат на одреден примерок од популацијата може да се изберат со:
а) Статистички и не статистички метод
б) Метод на случаен избор и не статистички метод
в) Не статистички метод и теорија на веројатност
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
20. Секој наод утврден од страна на ревизијата кој е содржан во делот на наоди од ревизорскиот извештај потребно е да ги содржи следните елементи:
a) Состојба, критериум, причина и ефект
б) Состојба, критериум и ефект
в) Критериум, причина и ефект
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
21. За извршената ревизија на финансиските извештаи ревизорот може да ги изрази следните мислења:
а) Мислење без резерва, неповолно мислење или да се воздржи од давање на мислење
б) Позитивно мислење, неповолно мислење или да се воздржи од давање мислење
в) Мислење без резерва, мислење со резерва, неповолно мислење или да се воздржи од давање на мислење
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
22. Кога ревизорот ќе заклучи дека погрешните прикажувања, поединечно или во вкупен износ се материјални, но не преовладувачки, ќе изрази:
а) Мислење со резерва
б) Неповолно мислење
в) Воздржување од мислење
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
23. Кога ревизорот не е во можност да добие достатен соодветен ревизорски доказ врз основа на кој ќе го базира мислењето, и можните ефекти од таа неможност се материјални и преовладувачки, ќе изрази:
а) Квалификувано мислење
б) Поволно мислење
в) Воздржување од давање мислење
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
24. Ревизијата на успешност воглавном е концентрирана на испитување на:
a) Финансиските извештаи
б) Усогласеност со законите
в) Економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето
Извор: Прирачник за ревизија на успешност
25. За целите на ревизијата на успешност, субјектите кои се предмет на ревизија:
a) Треба целосно да бидат запознаени преку известувањето во писмена форма
б) Треба целосно да бидат запознаени преку известувањето во усна форма
в) Треба целосно да бидат запознаени преку известувањето во писмена форма, најмалку седум дена пред почетокот на ревизијата
Извор: Прирачник за ревизија на успешност
26. Според МСС 16 – Недвижности, постројки и опрема, средствата се мерат според:
а) Мерење при признавање
б) Мерење по признавање
в) Мерење при признавање (според набавна вредност) и мерење по признавање (според ревалоризирана вредност/објективна вредност)
Извор: Меѓународни сметководствени стандарди МСС 16
27. Приходите според МСС 18 – Приходи, претставуваат:
а) Зголемување на економските користи во текот на пресметковниот период во форма на приливи или зголемување на средствата,
б) Зголемување на економските користи во текот на сметководствениот период во форма на приливи или зголемување на средствата или намалување на обврските,
в) Зголемување на економските користи во текот на сметководствениот период во паричен облик
Извор: Меѓународни сметководствени стандарди МСС 18
28. Клучни елементи на апликациските контроли се :
а) Контроли на влез, контроли на обработка, контроли на излез и контроли за безбедност на апликацијата
б) Контроли на контроли на обработка, контроли на излез и контроли за безбедност на апликацијата
в) Контроли на влез, контроли на обработка, и контроли за безбедност на апликацијата
Извор: Прирачник за ревизија на информациски системи
29. КПРТ (Компјутерски поддржувани ревизорски техники) претставуваат:
а) Компјутерски програми за извршување на ревизорски тестови
б) Компјутерски програми за изработка на план за ревизијата
в) Компјутерски програми за изработка на ревизорскиот извештај
Извор: Прирачник за ревизија на информациски системи
30. Поимот независност се однесува на независност на ревизорот од:
а) Субјектот предмет на ревизија
б) Членовите на ревизорскиот тим
в) Државните ревизори
Извор: Кодекс на етика на ИНТОСАИ ( ISSAI 30)
31. Кодексот на етика на ИНТОСАИ е наменет за:
а) Ревизорот, главниот државен ревизор, вработените во субјектот предмет на ревизија
б) Ревизорот и вработените во субјектот предмет на ревизија
в) Ревизорот, главниот државен ревизор, сите кои работат за или во име на Врховната ревизорска институција и се ангажирани во ревизорската работа
Извор: Кодекс на етика на ИНТОСАИ ( ISSAI 30)
32. Дали во случај кога ревизорите даваат совети или услуги на субјектите на ревизија претставува:
а) Нарушување на независноста
б) Конфликт на интереси
в) Конфликт на интереси, доколку таквите совети или услуги навлегуваат во сферата на одговорноста и моќта на менаџментот
Извор: Кодекс на етика на ИНТОСАИ ( ISSAI 30)
III Прашања од висока сложеност
1. Системот на контрола на квалитет дефиниран со ISSAI 1220 (МСР 220) вклучува политики и постапки кои се однесуваат на следните барања:
a) Лидерските обврски за квалитет во фирмата, релевантните етички барања, прифаќање и одржување на односите со клиентот и поединечните ангажмани, човечки ресурси, извршување на ангажманот и надгледување
б) Извршување на ангажманот, надгледување и релевантните етички барања
в) Прифаќање и одржување на односите со клиентот и поединечните ангажмани, одлучување за временскиот распоред за извршување на ревизијата
Извор: ISSAI 1220 (МСР 220)
2. Формата, содржината и обемот на ревизорската документација согласно ISSAI 1230 (МСР 230) е дефинирана од повеќе фактори меѓу кои и:
а) Големината и сложеноста на ентитетот, природата на ревизорските постапки кои треба да се извршат, идентификуваните ризици од материјално погрешно прикажување, значајноста на добиените ревизорски докази, ревизорската методологија и користените алатки
б) Природата на ревизорските постапки кои треба да се извршат, барањата на ентитетот предмет на ревизија, ревизорската методологија и користените алатки
в) Големината на ентитетот, природата на ревизорските постапки кои треба да се извршат, барањата на ентитетот предмет на ревизија и значајноста на добиените ревизорски докази
Извор: ISSAI 1230 (МСР 230)
3. Под терминот измама подразбираме:
а) Намерен акт од страна на еден или повеќе поединци од раководството, оние кои се задолжени за управување со ентитетот, вработените или трети страни, вклучувајќи го и користењето на измамата за да се стекне неправедна или незаконска предност
б) Намерна грешка во финансиските извештаи
в) Превид или погрешно толкување на сметководствените политики
Извор: ISSAI 1240 (MСР 240)
4. Доколку ревизорот идентификувал измама или добил информации кои укажуваат на можности за постоење на измама, ревизорот:
a) Треба навремено да ги пренесе овие наоди на соодветното ниво на раководството
б) Нема обврска да го известува раководството
в) Има основна одговорност за спречување и откривање на измама
Извор: ISSAI 1240 (MСР 240)
5. Согласно ISSAI 1315 (МСР 315), ревизорот треба да обезбеди разбирање за контролните активности кои се релевантни за ревизијата. Релевантни контролни активности се:
а) Оние за кои ревизорот ќе процени дека се важни за да ги разбере и да може да ги процени ризиците од материјално погрешно прикажување на ниво на тврдења и оние за кои ревизорот ќе процени дека се важни за дизајнирање на идни ревизорски постапки со кои ќе се одговори на проценетите ризици
б) Сите контролни активности поврзани со сите значајни класи на трансакции, салда на сметки и обелоденување во финансиските извештаи или на ниво на секое тврдење кое е релевантно за финансиските извештаи
в) Оние кои ќе бидат посочени од раководството како значајни
Извор: ISSAI 1315 (МСР 315)
6. Кое од следниве тврдења во однос на ISSAI 1501 (МСР 501) НЕ Е точно:
а) Ревизорот ќе побара од раководството и онаму каде е соодветно од оние кои се одговорни за управувањето со ентитетот, да дадат писмени изјави дека сите познати фактички или потенцијални судски спорови и тужбени барања, чии ефекти треба да се земат предвид при подготовка на финансиските извештаи, му се обелоденети на ревизорот и истите се вклучени и обелоденети во согласност со применливата рамка за финансиско известување
б) Доколку ревизорот не е во состојба да присуствува на физичкиот попис на залихите на планираниот датум поради непредвидени околности, ревизорот треба да направи или набљудува некои физички пописи на алтернативен датум и, да изврши ревизорски постапки на трансакциите кои се случиле во меѓувреме
в) Кога залихите под старателство и контрола на трета страна се материјални за финансиските извештаи, ревизорот нема обврска да прибави достатни и соодветни ревизорски докази во врска со постоењето и состојбата на залихите
Извор: ISSAI 1501 (МСР501)
7. Согласно ISSAI 1510 (МСР 510), доколку ревизорот прибави ревизорски доказ дека почетните салда содржат погрешни прикажувања кои може да имаат материјално влијание на финансиските извештаи за тековниот период, ревизорот:
а) Ќе изврши дополнителни ревизорски постапки
б) Нема да го утврди ефектот врз финансиските извештаи од тековниот период
в) Нема обврска да извести за погрешните прикажувања
Извор: ISSAI 1510 (МСР 510)
8. Кое од следниве тврдења во однос на ISSAI 1570 (МСР 570) е точно:
а) Ревизорот не треба да го распраша раководството за неговото познавање во однос на настани или услови по периодот на процената на раководството кои може да наметнат значајно сомневање во способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет
б) Ревизорот не треба да разгледа дали постојат настани или услови кои може да наметнат значајно сомневање во способноста на ентитетот да продолжи врз основа на претпоставката за континуитет
в) Ревизорот треба да разгледа дали процената на раководството ги вклучува сите релевантни информации со коишто ревизорот е запознаен како резултат на ревизијата
Извор: ISSAI 1570 (МСР 570)
9. Кој од следните НЕ Е дел од фазата на планирање на ревизијата:
а) Изготвување на ревизорски план
б) Оценка дали се прибрани доволно ревизорски докази
в) Запознавање со субјектот
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
10. Што од следното НЕ е аналитичка постапка:
а) Потврдување на исплатените плати во платниот список
б) Споредба на финансиските информации со очекуваните, предвидени или планирани, резултати, вклучувајќи ги и споредбите со екстраполираните резултати
в) Споредба на финансиските информации со споредливи информации од претходни периоди
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
11. Основни концепти на утврдување на материјалноста се:
а) Материјалност според вредност (квантитативна), материјалност според природата на ставката која се тестира (квалитативна), материјалност според контекстот
б) Одреден процент од добивката или вкупните приходи
в) Одреден процент од вкупниот капитал
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
12. Согласно методолошките упатства донесени во Државниот завод за ревизија во фазата на планирање ниво/праг на материјалност се поставува на ниво на двоцифрени групи на конта/позиции во Билансот на приходи и расходи/Билансот на успех и Билансот на состојба на субјектите предмет за ревизија во следните граници:
а) 3%, 6% и 10%;
б) 3%; 8% и 10%;
в) 5%; 8% и 10%;
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
13. Во донесување на одлука за обемот и видот на ревизорските докази, ревизорот ќе ја земе предвид оценката на нивото на:
а) Инхерентен ризик
б) Контролен ризик
в) Детекционен ризик
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
14. Тестовите на усогласеност се спроведуваат од страна на ревизорот со цел да се обезбеди ревизорски доказ дека:
а) Постапките на интерната контрола функционираат онака како што се дизајнирани од страна на раководството
б) Постапките на интерната контрола не функционираат онака како што се дизајнирани од страна на раководството
в) Постапките на интерната контрола функционираат онака како што се дизајнирани од страна на ревизорот
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
15. Целта на ревизијата на усогласеност на постапките е:
а) Да му овозможи на ревизорот да изрази мислење за тоа дали финансиските извештаи се подготвени, од сите материјални аспекти, во согласност со применливата рамка за финансиско известување
б) Да се утврди степенот до кој ревидираниот субјект ги следи правилата, законската регулатива, буџетските насоки, политиките, воспоставените кодекси или услови од договорите
в) Систематско испитување на активностите на претпријатието, или дел од него, од аспект на ефикасното и ефективното користење на ресурсите
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
16. Постојат два вида на директни постапки/тестови:
а) Тестови на детали на салда, тестови на детали на трансакции и аналитички постапки
б) Тестови на детали на трансакции, насочено тестирање
в) Тестови за искажување помал износ
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
17. Основните видови на аналитички постапки се:
а) Анализа на трендови, едноставен пристап на моделирање и анализа на предвидувања
б) Анализа на трендови, анализа на индекси/соодноси и статистички временски/хронолошки анализи
в) Анализа на трендови, анализа на индекси/соодноси и анализа на предвидувања
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
18. Која од наведените е статистичка метода на примерок со метода на случаен избор (sample random sampling):
а) Оваа метода на селекција е метода со која секоја ставка од популацијата има еднакви шанси да биде избрана, и се применува оваа метода кога ставките не се хомогени и каде што има висок ризик
б) Со користење на оваа метода ревизорот го селектира примерокот без да следи некои устроени техники, избегнувајќи какво било мешање или свесно прогнозирање. Анализите на примероците селектирани според оваа метода можеби нема да водат до валиден заклучок за целата популација
в) Оваа метода е метода која трансакции со поголем износ имаат поголема шанса да бидат избрани отколку оние со мал износ. Оваа метода ревизорот треба да ја примени само ако верува дека финансиските извештаи се ослободени од значајна грешка
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
19. Кој од следниве е вид на нестатистички метод за избор на примерок:
а) селекција со користење на професионално расудување
б) метода на системска селекција
в) метода според монетарната единица (ИПМЕ)
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
20. Кои елементите треба да ги содржи еден ревизорски извештај согласно ISSAI 1700/МСР 700
а) Наслов, примател, воведен пасус, опис на одговорноста на раководството за финансиските извештаи, опис на одговорноста на ревизорот, мислење на ревизорот, потпис на ревизорот, датум на ревизорскиот извештај, адреса на ревизорот;
б) Наслов, примател, воведен пасус, опис на одговорноста на ревизорот, мислење на ревизорот, потпис на ревизорот, датум на ревизорскиот извештај, адреса на ревизорот
в) Наслов, примател, воведен пасус, опис на одговорноста на раководството за финансиските извештаи, мислење на ревизорот, потпис на ревизорот, датум на ревизорскиот извештај, адреса на ревизорот
Извор: ISSAI 1700 (МСР 700)
21. Кое од следниве е вид на мислење што може да биде дадено од страна на ревизорот за сетот на финансиски извештаи:
а) Квалификувано
б) Ограничено
в) Условно
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
22. Формулацијата „Според наше мислење, поради значењето на прашањата изнесени во точките од ... до ..., активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи на (назив на субјектот), не се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.“, се користи за изразување на следното мислење за усогласеност со закони и прописи:
а) Мислење со резерва
б) Неповолно мислење
в) Воздржување од мислење
Извор: Прирачник за ревизија на регуларност
23. Под поимот ефективност подразбираме:
а) Степенот до кој целите се реализирани и односот помеѓу планираните резултати и остварените резултати
б) Намалување до максимум на трошоците на средствата кои се користат за една активност
в) Однос помеѓу производството и вложувањето во однос на добра, услуги и средствата кои се користени за нивно произведување
Извор: Прирачник за ревизија на успешност
24. Кој од подолу наведените елементи не е содржан во Предлогот за ревизија на успешност:
а) Наслов на ревизијата
б) Целите на ревизијата
в) Заклучок за ревизијата на успешност
Извор: Прирачник за ревизија на успешност
25. Аналитичките докази во ревизија на успешност:
а) Произлегуваат од анализата, пресметка и проверката на податоците
б) Произлегуваат од набљудување на луѓе и настани
в) Произлегуваат од интервјуа
Извор: Прирачник за ревизија на успешност
26. Одложени даночни обврски, согласно МСС 12 – Даноци на добивка, претставуваат:
а) Износ на даноци на добивка што треба да се плати во наредниот период како резултат на оданочиви временски разлики
б) Помали идни даночни плаќања
в) Тековна даночна обврска
Извор: Меѓународни сметководствени стандарди МСС 12
27. Класификацијата на наемите согласно МСС 17 – Наеми, се врши врз основа на:
а) Намената на изнајменото средство, дали е за финансиски или оперативни цели
б) Дали ризиците и наградите на изнајменото средство остануваат кај наемодавателот или се пренесуваат на наемателот
в) Дали се работи за финансиски средства или наем на постојано средство
Извор: Меѓународни сметководствени стандарди МСС 17
28. Според МСС 2 – Залихи, набавната вредност на залихите треба да ги опфати:
a) Трошоците за набавка, трошоците за конверзија и другите трошоци направени за да се доведат залихите до нивната локација и состојба
б) Трошоците за набавка
в) Трошоците за набавка и другите трошоци направени за да се доведат залихите до нивната локација и состојба
Извор: Меѓународни сметководствени стандарди МСС 2
29. Залихите според МСС 2 – Залихи се средства:
а) Кои се чуваат за продажба во текот на работењето, во процесот на производството, во форма на суровини или помошни материјали кои се користат во процесот на производство или во давањето на услуги
б) Кои ги опфаќаат материјалите, трговската стока и биолошките средства
в) Наменети за сопствени потреби (материјали, трговска стока)
Извор: Меѓународни сметководствени стандарди МСС 2
30. Кои се критериуми за признавање на нематеријалните средства (МСС 38 – Нематеријални средства):
а) Да бидат идентификувани, да се разграничуваат од другите средства, да се под контрола на субјектот кој ги поседува и да бидат способни да генерираат идни економски користи
б) Да бидат идентификувани и да се разграничуваат од другите средства
в) Да се под контрола на субјектот кој ги поседува
Извор: Меѓународни сметководствени стандарди МСС 38
31. Целта на контролите на влез е да се осигура дека процедурите и контролите даваат разумно уверување:
а) Дека податоците кои треба да се процесираат се автентични, комплетни, точни и потврдени од овластено лице и дека податоците се внесуваат точно и без повторување
б) Дека податоците кои треба да се процесираат се автентични, комплетни, точни и потврдени од овластено лице и дека податоците се внесуваат точно
в) Дека податоците кои треба да се процесираат се автентични, комплетни, точн, и дека податоците се внесуваат точно и без повторување
Извор: Прирачник за ревизија на информациски системи
32. Контролни елементи кај излезните контроли се:
а) Потврда за целосност и точност на податоците, нивно усогласување; преглед и следење на излезни податоци; надзор и следење на спроведување на апликациите - извештаи за утврдени исклучоци; постапки за означување, управување, чување и доставување на излезни податоци
б) Потврда за целосност и точност на податоците, нивно усогласување; преглед и следење на излезни податоци; надзор и следење на спроведување на апликациите - извештаи за утврдени исклучоци; потврда на автоматизирани пресметки
в) Потврда за целосност и точност на податоците, преглед и следење на излезни податоци; надзор и следење на спроведување на апликациите- извештаи за утврдени исклучоци; постапки за означување, управување, чување и доставување на излезни податоци
Извор: Прирачник за ревизија на информациски системи
Б. XI. Прашања од областа која е релевантна за работењето на Дипломатијата
ПРАШАЊА ОД ОБЛАСТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА
НИСКА СЛОЖЕНОСТ
1. Меѓународните договори што се ратификуваат во согласност со Уставот:
а) се дел од внатрешниот правен поредок
б) се дел од внатрешниот правен поредок ако така одлучи надлежниот суд
в) не се дел од внатрешниот правен поредок
2. Кога е потпишана Венската конвенција за договорно право?
а) на 27 јуни 1968
б) на 27 мај 1969
в) на 27 мај 1997
3. Точното име на Конечната спогодба меѓу Р. Македонија и Грција од јуни 2018 е:
а) Конечна спогодба за надминување на разликите опишани во резолуциите 812 (1996) и 835 (1996) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за преставување на важноста на Привремената спогодба од 1995г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните;
б) Конечна спогодба во врска со разликите опишани во резолуциите 817 (1996) и 845 (1996) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за преставување на важноста на Привремената спогодба од 1995г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните;
в) Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за преставување на важноста на Привремената спогодба од 1995г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
4. Што е држава договорна страна согласно Виенската конвенција за договорно право од 1969?
а) државата која учествува во преговорите за склучување на меѓународен договор;
б) државата која учествува во преговорите и е правно обврзана со меѓународниот договор;
в) државата која се согласила да биде правно обврзана со меѓународниот договор и за која договорот е во сила
5. Дали секоја држава има право да склучува меѓународни договори?
а) да, секоја држава има право да склучува меѓународни договори;
б) не, државата мора да биде членка на ОН
в) да, доколку е во постапка за зачленување во ОН
6. Во кој меѓународен правен документ е утврдена дефиницијата за држава?
а) Конвенцијата од Монтевидео за правата и обврските на државите од 1933 г.
б) Повелбата на Обединетите нации од 1945 г.
в) Европската конвенција за имунитетот на државите од 1972 г.
7. Кој има целосен субјективитет во меѓународното право?
а) индивидуите, меѓународните организации и државите
б) државите
в) државите и меѓународните организации
8. Според Конвенцијата од Монтевидео од 1933 г. кои се елементите кои ја дефинираат државата?
а) постојано население и власт
б) дефинирана територија, постојано население и власт
в) дефинирана територија, постојано население, власт и способност да влегува во односи со други држави
9. Кој е основачкиот акт на Обединетите нации?
а) Универзалната декларација за човекови права;
б) Повелбата на ОН
в) Статутот на Меѓународниот суд на правдата
10. Норвешка е држава членка на:
а) НАТО и ЕУ
б) НАТО и држава-кандидат за членство во ЕУ
в) НАТО
11. Швајцарија е:
а) федерација
б) уставна монархија
в) конфедерација
12. Главен град на Бразил е:
а) Сао Паоло
б) Рио де Женеиро
в) Бразилија
13. Главен град на Казахстан е:
а) Алмата
б) Астана
в) Ташкент
14. Кој воспоставува дипломатски и конзуларни односи со други држави?
а) Претседателот на РМ
б) Владата на Р. Македонија
в) Министерот за надворешни работи
15. Во системот на ООН службени јазици за дипломатско комуницирање се:
а) англиски, француски, кинески, германски, арапски и индиски
б) англиски, француски, кинески, руски, шпански и арапски
в) англиски, француски, руски, италијански, шпански и германски
16. Република Македонија е членка на ОН од:
а) 1991 г.
б) 1993 г.
в) 1995 г.
17. Именувањето на шефот на конзуларното претставништво во државата на приемот, според прифатената практика, се врши со:
а) Патентно писмо
б) Акредитивно писмо
в) Вербална нота
18. Вербалната нота:
а) не се потпишува, само се потврдува со печат
б) се потпишува долу десно под името и се потврдува со печат
в) се парафира под текстот и се потврдува со печат
19. Во современата меѓународна практика, дипломатските претставништва се организираат како:
а) Амбасади, конзулати и почесни конзулати
б) Амбасади, постојани мисии и специјални мисии
в) Амбасади, Постојани мисии, специјални мисии и одредени претставништва на институции на државите
20. Според Законот за надворешни работи, амбасадорот може да биде акредитиран во:
а) само една држава
б) само две држави
в) истовремено за повеќе држави или меѓународни организации
21. Која е основната функција на конзуларниот работник (конзулот) во Дипломатско-конзуларните претставништва на Р. Македонија во странство?
а) унапредување на билатералната соработка со земјата на приемот
б) заштита на интересите на македонските државјани во странство
в) економско, културно и научно преставување на Р.Македонија во земјата на приемот
22. Носител на законодавната власт во Р. Македонија е:
а) Собранието
б) Владата
в) Претседателот на Републиката
23. Уставот е:
а) највисок економски акт во правниот систем на Р. Македонија
б) највисок правен акт во правниот систем на Р. Македонија
в) акт на самоопределување
24. Главен орган на ОН за одржување на меѓународниот мир и безбедност е:
а) Генералното собрание на ОН
б) Советот за безбедност
в) ЕКОСОК
25. Исланд е:
а) Членка на Европската Унија и НАТО
б) Членка на НАТО, но не е членка Европската Унија
в) Членка на Европската Унијa
26. Право на потпишување на меѓународен договор без посебно овластување имаат:
а) шеф на држава, премиер и сите министри
б) шеф на држава, премиер и министерот за надворешни работи
в) шеф на држава и шефовите на дипломатските мисии
27. Според законот за надворешни работи од 2006 г., колку пати годишно Министерот за надворешни работи треба да поднесе извештај за остварувањето на надворешната политика пред работното тело на Собранието надлежно за надворешна политика?
а) не мора да поднесе извештај
б) најмалку еднаш во годината
в) најмалку два пати во годината
28. Која година е потпишана Виенската конвенција за дипломатски односи?
а) 1961 г.
б) 1963 г.
в) 1964 г.
29. САД има:
а) претседателски систем на власта
б) мешовит систем
в) парламентарен систем
30. Кој воспоставува дипломатски и конзуларни односи со други држави?
а) Претседателот на Р. Македонија
б) Владата на Р. Македонија
в) Министерот за надворешни работи
31. Како централен депозитар на домашни и странски документи и меѓународни договори од областа на меѓународните односи на Р. Македонија во Министерството за надворешни работи, се води:
а) надворешен архив
б) внатрешен архив
в) дипломатски архив
32. Именувањето на шефот на конзуларното претставништво во државата на приемот, според прифатената практика, се врши со:
а) патентно писмо
б) акредитивно писмо
в) вербална нота
33. Законот за надворешни работи, ги предвидува следните дипломатски звања
а) амбасадор, ополномоштен министер, министер-советник, советник, прв секретар, втор секретар, трет секретар, аташе
б) амбасадор, министер советник, советник, прв секретар, втор секретар, трет секретар, аташе
в) амбасадор, ополномоштен министер, советник, прв секретар, втор секретар, трет секретар, аташе
34. Според Законот за надворешни работи, акредитивното писмо со кое се потврдува дека лицето именувано за амбасадор е ополномоштено на оваа функција од страна на Владата на Република Македонија е:
а) Парафирано од Претседателот на Владата и потпишано од Претседателот
б) Парафирано од Министерот за надворешни работи и потпишано од Претседателот
в) Парафирано од Министерот за надворешни работи и потпишано од Претседателот на Владата
35. Агреман е:
а) согласност за потпишување на билатерален договор
б) согласност на државата - примател за личноста која треба да биде шеф на мисијата на државата-испраќач
в) договор меѓу две држави за предавање на лица со нелегален престој
36. Која е основната функција на конзуларниот работник (конзулот) во ДКП на РМ во странство?
а) унапредување на билатералната соработка со земјата на приемот
б) заштита на интересите на македонските државјани во странство
в) економско, културно и научно преставување на РМ во земјата на приемот
37. Која институција е надлежна за издавање визи во Р. Македонија?
а) Влада на Р. Македонија
б) ДКПа на Р. Македонија и во одредени случаи МВР
в) Министерство за правда
38. Привилегиите и имунитетите на конзуларните службеници се:
а) на исто ниво со привилегиите и имунитетите на дипломатските агенти
б) поголеми од привилегиите и имунитетите на дипломатските агенти
в) помали во однос на привилегиите и имунитетите на дипломатските агенти
39. Која од овие три земји е монархија?
а) Индонезија
б) Тајланд
в) Виетнам
40. Бишкек е главен град на:
а) Казахстан
б) Таџикистан
в) Киргистан
41. Официјален јазик во Бразил е:
а) шпански
б) португалски
в) бразилски
42. Законодавната власт во Соединетите Американски Држави ја сочинуваат:
а) Претставничкиот дом и Сенатот
б) Собранието и Домот на Лордови
в) Домот на советници и Сенатот
43. Шеф на државата во Австралија е:
а) Претседателот
б) Премиерот
в) Генералниот гувернер
44. Функцијата Министер за надворешни работи во САД се нарекува:
а) Секретар за надворешни работи
б) Државен секретар
в) Национален советник за безбедност
45. Официјалното име на Израел е:
а) Еврејска Држава Израел
б) Државата Израел
в) Демократска Република Израел
46. Најголемата земја во светот според својата површина е:
а) Кина
б) САД
в) Русија
47. Какво дипломатско претставништво има Република Македонија во Вашингтон?
а) Амбасада
б) Генерален Конзулат
в) Постојана Мисија
48. Република Македонија нема воспоставено дипломатски односи со:
а) Демократска Народна Република Кореја
б) Република Кореја
в) Кувајт
49. Покрај Република Србија, која подоцнежна држава беше една од единиците на Сојузна Република Југославија:
а) Црна Гора
б) Војводина
в) Босна и Херцеговина
50. Како е точното име на договорот од 1 август 2017 г., потпишан меѓу Република Македонија и Република Бугарија:
а) Договор за надминување на недоразбирањата од минатото меѓу Република Македонија и Република Бугарија
б) Договор за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија
в) Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија
51. Која држава, наследничка на СФР Југославија, во моментот, пропагира политика на неутралност во однос на воено-политичките сојузи:
а) Босна и Херцеговина
б) Република Србија
в) Република Македонија
52. Во кој град се наоѓа седиштето на Совет за регионална соработка (RCC)?
а) Загреб
б) Белград
в) Сараево
53. Која држава не е членка на Централно Европската Иницијатива?
а) Република Молдавија
б) Република Хрватска
в) Грција
54. Кои две поранешни републики на југословенската федерација и сегашни ЕУ-членки имаат нерешен граничен спор на море, кој и по арбитражна одлука сè уште не е решен?
а) Црна Гора и Хрватска
б) Словенија и Хрватска
в) Црна Гора и Србија
55. Која од следните не е дел од “четирите слободи“ на ЕУ?
а) Слобода на движење на услуги
б) Слобода на движење на капитал
в) Слобода на движење на мигранти
56. Кои се официјални јазици на ЕУ?
а) Англиски, Германски и Француски
б) Англиски, Француски, Шпански
в) 24-те официјални јазици на земјите членки
57. Во која година дури 10 земји се приклучија на ЕУ?
а) 2004
б) 2002
в) 2005
58. Актуелен Европски комесар за Европска соседска политика и проширување е:
а) Федерика Могерини
б) Кристијан Даниелсон
в) Јоханес Хан
59. Главен трговски партнер на Република Македонија во ЕУ е:
а) Швајцарија
б) Грција
в) Германија
60. СР Германија е:
а) Федерална република
б) Конфедерална држава
в) Уставна монархија
61. Вишеградската Група или популарно наречена “В4“ е формирана од кои четири држави?
а) Грција, Бугарија, Турција и Израел
б) Унгарија, Полска, Словачка и Чешка
в) Шведска, Данска, Норвешка и Финска
62. Колку постојани и непостојани членки има Советот за безбедност на ОН?
а) Пет постојани и пет непостојани
б) Пет постојани и десет непостојани
в) Пет постојани и петнаесет непостојани
63. Кои земји имаат право на вето во рамки на Совет за безбедност во ОН?
а) Кина, Франција, Руска Федерација, Обединетото Кралство и САД
б) Германија, Франција, Руска Федерација, Велика Британија и САД
в) Кина, Бразил, Руска Федерација, Велика Британија и САД
64. Чија дипломатска иницијатива е т.н. Берлински процес и кога е отпочната?
а) На СР Германија во 2014 година
б) На СР Германија и Француска Република во 2015 година
в) На германски Бундестаг во 2015 година
65. Мандатот на Европската Комисија и Европскиот Парламент е фиксен термин во времетраење од:
а) 5 години
б) 3 години
в) 7 години
66. Одржливиот развој се однесува на:
а) Економски раст кој е континуиран во подолг временски период
б) Збир на методи за создавање и одржување развој кој е во усогласеност со обновливата способност на природната средина
в) Развој за кој е задолжена Европската Банка за Обнова и Развој
- 67. Во која од овие организации не учествува Република Македонија:
- а) Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД/OECD)
- б) Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ/OSCE)
- в) Совет на Европа (Council of Europe)
68. Руската Федерација е земја-членка на која од следните организации:
а) Северноатлантската алијанса (НАТО/NATO)
б) Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ/OSCE)
в) Европскиот совет (European Council)
69. Кој е основачот на Република Турција:
а) Реџеп Таип Ердоган
б) Мустафа Кемал Паша
в) Мустафа Кемал Ататурк
- 70. Која од следниве не е дел од Обединетото Кралство:
- а) Ирска
- б) Шкотска
- в) Северна Ирска
- 71. Која од овие земји има најголем број жители?
- а) Соединетите Американски Држави
- б) Кина
- в) Русија
72. Која од следните држави не произлезе од поделбата на Индија во 1947:
а) Пакистан
б) Индија
в) Танзанија
73. „Движењето на неврзаните“ е меѓународна организација основана по иницијатива на кои од следните лидери:
а) Кисинџер и Никсон
б) Тито и Нехру
в) Ганди и Лумумба
74. Која од следните институции е одговорна за реализирање на монетарната политика на Република Македонија:
а) Министерството за финансии
б) Народната банка
в) Европската централна банка
75. „Движењето на жолтите елеци“ е протестно движење кое започна во која од следните држави:
а) Швајцарија
б) Франција
в) Обединетото Кралство
- 76. Во која година Собранието на Република Македонија ја усвои првата Резолуција со која се утврдува определбата за евроатлантско интегрирање на Република Македонија
- а) 1991 г.
- б) 1992 г.
- в) 1993 г.
- 77. Од која година Република Македонија е членка во Партнерство за мир?
- а) 1991 г.
- б) 1995 г.
- в) 1993 г.
- 78. На кој Самит на земјите членки на НАТО беше донесена одлука со која Република Македонија доби покана да ги започне пристапните разговори за полноправно членство во Алијансата?
- а) на Самитот на НАТО во Чикаго, мај 2012
- б) на Самитот на НАТО во Брисел, јули 2018
- в)на Самитот на НАТО во Варшава, јули 2016
79. Кој претседава со Комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО?
а) Претседателот на Република Македонија
б) Претседателот на Владата на Република Македонија
в) Министерот за Надворешни работи на Република Македонија
80. Која земја во 2017 година стана 29-та членка на НАТО?
а) Албанија
б) Бугарија
в) Црна Гора
81. Како се усвојуваат одлуките во НАТО?
а) Со консензус на сите земји-членки
б) Со двотретинско мнозинство гласови од земјите-членки
в) Со мнозинство од гласовите на земјите-членки
82. Кои се двата официјални јазика во рамките на НАТО Aлијансата?
а) Англиски и Германски
б) Француски и Шпански
в) Англиски и Француски
83. Кој член од Вашингтонскиот Договор го имплицира основниот принцип на колективната одбрана на Алијансата (нападот или акт на агресија против една или повеќе членки на Алијансата претставува напад врз сите нејзини членки)?
а) член 10
б) член 5
в) член 6
84. Кога НАТО за првпат во својата историја се повика на член 5 од Вашингтонскиот договор?
а) во 2014 година, како одговор на руската нелегална анексија на Крим
б) во 2001 година, по терористичките напади врз САД
в) во 2012 година, како одговор на ситуацијата во Сирија
85. Политиката за отворени врати е основен принцип на НАТО и значи дека секоја земја во евроатланската област може слободно да се приклучи на Алијансата доколку:
а) придонесува за безбедноста на Алијансата и ги дели НАТО вредностите за демократија, реформи и владеењето на правото
б) ги исполни стандардите и обврските од членството, придонесува за безбедноста на Алијансата и ги дели НАТО вредностите за демократија, реформи и владеењето на правото.
в) ги исполни стандардите и обврските од членството и придонесува за безбедноста на Алијансата
Литература:
- Закон за надворешни работи
- Виенска конвенција за дипломатски односи
- Виенска конвенција за конзуларни односи
- Интернет страницата на МНР
- Арбитражен спор Словенија-Хрватска: https://www.total-croatia-news.com/politics/29161-eu-remains-neutral-in-croatia-slovenia-arbitration-dispute
- http://www.europarl.europa.eu/portal/en
- https://ec.europa.eu/commission/index_en
СРЕДНА СЛОЖЕНОСТ
1. Која од долунаведените НЕ е институција на Европската Унија?
а) Европската служба за надворешни работи (EEAS)
б) Европскиот Суд за човекови права
в) Судот за правда на ЕУ
2. Кои пет суверени држави членуваат во Нордискиот Совет?
а) Шведска, Данска, Норвешка, Исланд и Финска
б) Латвија, Литванија, Естонија, Полска и Украина
в) Гренланд, Фарски Острови, Исланд, Ирска и Гибралтар
3. Good Friday Agreement е:
а) мировен договор со кој се ставил крај на деценискиот конфликт помеѓу Унионистите и Републиканците во Северна Ирска
б) Договор за воспоставување на попусти
в) билатерален договор помеѓу Обединетото Кралство и Шпанија за анексија на Гибралтар
4. Која е најбројна политичка група во моменталниот состав на Европскиот Парламент?
а) Европските народни партии/Христијан-Демократи (EPP)
б) Прогресивната Алијанса на Социјалисти и Демократи (S&D)
в) Зелените/Европската Слободна Алијанса (Greens/EFA)
5. Солунскиот Самит на ЕУ од 2003 година е особено важен за политиката на проширување на ЕУ бидејќи:
а) Интеграцијата на земјите од Западен Балкан ја поставува како приоритет на натамошното ЕУ проширување
б) Усвојува одлука за почеток на пристапните преговори за Кипар и Малта
в) Го трасира патот на интеграција на Бугарија и Романија во Унијата
6. Европските Комесари:
а) се избираат директно на изборите за Европскиот Парламент
б) се избираат индиректно од страна на Европскиот Парламент
в) се назначуваат од Европскиот Совет, со претходна потврда од Европскиот Парламент
7. Европската Комисија е составена од:
а) тим од 28 Комесари, по еден од секоја земја членка
б) тим од 28 Комесари, без еднаква застапеност на земјите членки
в) Претседател, потпретседатели и тим од 28 Комесари, без еднаква застапеност на земјите членки
8. Република Македонија формално го започна процесот на зачленување во Европската Унија преку:
а) Потпишувањето на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација од 2001 година
б) Стекнувањето кандидатски статус во 2005 година
в) Поднесувањето на апликацијата/барањето за членство во 2004 година
9. Како земја кандидат, Република Македонија секоја година од Европската Комисија добива
а) Извештај за постигнатиот напредок во основните реформски области и 33-те пристапни Поглавја
б) Извештај за постигнатиот напредок во Дијалогот на високо ниво (ХЛАД)
в) Извештај за постигнатиот напредок во делот на основните реформски области – политички критериуми, владеење на правото и регионални прашања и меѓународни обврски
10. Кога за прв пат Европската Комисија му препорача на Советот на ЕУ донесување одлука за почеток на пристапните преговори со Република Македонија?
а) 2007
б) 2012
в) 2009
11. Граѓаните на Република Македонија во 2009 година за прв пат стекнаа право на без-визно патување (“визна либерализација“) во:
а) земјите-членки на Европската Унија и НАТО
б) земјите-членки на Европската Унија и Европската Економска Област (ЕЕА)
в) земјите потписнички на Шенгенскиот договор
12. Под покровителство на која меѓународна организација се водеше процесот кој доведе до склучување на Договорот во Преспа од 17 јуни 2018 година и согласно коja правна основа?
а) Европска унија, Лисабонска Декларација од 1991 на Совет на Европска Заедница;
б) Обединети нации, резолуциите на Советот за безбедност 817 (1993) и 845 (1993);
в) НАТО, член 5 од Вашингтонскиот договор
13. Во кој период Република Македонија претседаваше со Комитетот на Министри на Совет на Европа?
а) мај - ноември 1992 година
б) мај - ноември 2010 година
в) јануари - декември 2010 година
14. Која година Република Македонија потпиша Спогодба за стабилизација и асоцијација со ЕУ и каде?
а) во 2001 година во Луксембург
б) Во 1995 во Брисел
в) Во 2006 во Брисел
15. Кои се трите димензии на ОБСЕ?
а) политичка, безбедносна и димензија на владеење на право
б) политичко - воена, економско - еколошка и хумана димензија
в) набљудување на избори, малцинства и превенција на конфликти
16. Каде се одржуваат пленарни сесии на Европскиот парламент?
а) Брисел
б) Брисел и Луксембург
в) Брисел и Стразбур
17. Кои се официјални јазици на ОБСЕ?
а) англиски, француски, германски, италијански, руски и шпански
б) англиски и француски
в) англиски, француски, германски, руски
18. Која меѓународна организација доби Нобелова награда за мир во 2013 година?
а) Високиот комесар за човекови права на ОН
б) ОБСЕ
в) Организацијата за забрана на хемиско оружје
19. За време чие претседавање со Совет на ЕУ, Република Македонија се стекна со кандидатски статус за членство во ЕУ?
а) за време на ирско претседавање
б) за време на британско претседавање
в) за време на германско претседавање
20. Кој ден е прогласен од страна на ОН за Ден на човекови права?
а) 24 Октомври
б) 25 Ноември
в) 10 Декември
21. Која е најголема регионална безбедносна организација во светот, која ја покрива територијата од Владивосток до Ванкувер?
а) Совет на Европа
б) НАТО
в) ОБСЕ
22. Кој е sine qua non услов за членство во Совет на Европа?
а) Државата да има воведено мораториум на смртна казна
б) Државата да ги има ратификувано сите конвенции и протоколи на Совет на Европа
в) Против државата да нема пресуди од Европскиот суд за човекови права каде се констатирани прекршувања од потежок вид
23. Што означува концептот R2P?
а) право на приватност
б) одговорност да се заштити
в) право на мир
24. Дали Република Македонија го има ратификувано Парискиот климатски договор?
а) Не
б) Го потпиша во 2016 година, но сè уште го нема ратификувано
в) Да
25. Меѓународно право е:
а) збир на правни правила прифатени од државите со кои се регулираат нивните заемни односи и нивните односи со други ентитети кои можат да бидат субјекти во меѓународното право
б) збир на правила прифатени од Организацијата на обединетите нации кои мораат да ги почитуваат земјите членки
в) збир само на пишани правни правила прифатени од државите со кои се регулираат нивните взаемни односи, но не и односите со други ентитети кои можат да имаат субјективитет во меѓународното право
26. Кои се изворите на меѓународното право согласно Статутот на Меѓународниот суд на правдата?
а) меѓународните обичаи потврдени во пракса
б) генералните принципи на правото и судските одлуки
в) меѓународните договори, обичаите потврдени во пракса, генералните приципи на правото и други извори (судски одлуки и теоретски доктрини)
27. Кои се субјектите во меѓународното приватно право?
а) само државите
б) само индивидуите
в) индивидуите и најмалку две држави
28. Која е клучната разлика меѓу меѓународното приватно право и националното приватно право?
а) меѓународниот елемент, правниот систем на друга држава
б) постоење на меѓународна судска одлука
в) постоење одлука на домашен и меѓународен суд
29. Согласно Виенската конвенција за договорно право од 1969 меѓународен договор е:
а) меѓународно пишано спогодување склучено меѓу најмалку две држави, независно дали е составено од еден документ или два или од повеќе поврзани документи и независно од неговиот назив
б) меѓународно усно или пишано спогодување склучено меѓу најмалку две држави, независно од неговиот назив
в) меѓународно пишано спогодување склучено меѓу најмалку три држави, независно дали е составено од еден документ или два или од повеќе поврзани документи
30. Според бројот на договорните страни меѓународни договори можат да бидат:
а) конвенции и декларации
б) спогодби и протоколи
в) двострани (билатерални) и повеќе (мултилатерални) страни
31. Според правниот ефект и значење меѓународните договори можат да бидат:
а) правно обврзувачки и деклараторни
б) конвенции
в) декларации
32. Согласно Виенската конвенција за договорно право полномошно (Full powers) е:
а) документ издаден од надлежен државен орган со кој се одредува лице или лица да потпише/ат меѓународен договор
б) документ издаден од надлежен државен орган со кој се одредува лице или лица да ја претставува/ат државата во преговорите, усвојување или парафирање на текст на меѓународен договор, да ја изразат согласноста на државата да биде обврзана од меѓународниот договор, или за извршување на било кој друг акт во врска со меѓународниот договор
в) документ издаден од надлежен државен орган со кој се одредува лице или лица да ја претставува/ат државата во преговорите, усвојување или парафирање на текст на меѓународен договор
33. Дали индивидуите можат да бидат субјект во меѓународното право?
а) не се, само државите се субјекти во меѓународното право;
б) да, и индивидуите се субјекти во меѓународното право и имаат делумен субјективитет;
в) да, но само преставени преку државата во рамки на меѓународните владини организации.
34. Европскиот суд за човекови права е тело на:
а) Европската Унија
б) Советот на Европа
в) Организацијата за безбедност и соработка во Европа
35. Кој суд обезбедува единствена меѓународно-правна судска заштита на човековите права во светот:
а) Европскиот суд на правдата
б) Европскиот суд за човекови права
в) Меѓународниот суд на правдата
36. Пресудите на Европскиот суд на правдата се правно обврзувачки за:
а) земјите членки на ЕУ
б) сите земји членки на Организацијата на обединетите нации
в) земјите членки на ЕУ и земјите кандидати кои преговараат
37. Меѓународниот суд на правдата е тело на
а) Европската унија
б) Организацијата на обединетите нации
в) Организацијата за безбедност и соработка во Европа
38. Согласно Виенската конвенција за конзуларни односи од 4 април 1963 г. изразот конзуларно подрачје означува:
а) територија околу конзулатот, оградена со специјална ограда
б) територија одредена на конзулатот за вршење на конзуларни функции
в) градот во кој што е сместен конзулатот (пр. Битола, Скопје и сл.)
39. Привилегиите и имунитетите на конзуларните службеници се:
а) На исто ниво со привилегиите и имунитетите на на дипломатските агенти
б) Поголеми од привилегиите и имунитетите на на дипломатските агенти
в) Помали во однос на привилегиите и имунитетите на дипломатските агенти
40. Дипломатските привилегии се кодифицирани:
а) само со Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 г.
б) со Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 г., но можно е да се договорат дополнителни привилегии со спогодби меѓу државите
в) Исклучиво со посебни спогодби за привилегии склучени меѓу државите регистрирани кај ООН
41. Според Законот за надворешни работи, акредитивното писмо со кое се потврдува дека лицето именувано за амбасадор е ополномоштено на оваа функција од страна на Владата на Република Македонија е:
а) Парафирано од Претседателот на Владата и потпишано од Претседателот
б) Парафирано од Министерот за надворешни работи и потпишано од Претседателот
в) Парафирано од Министерот за надворешни работи и потпишано од Претседателот на Владата
42. Мирното решавање на одреден меѓународен спор во постапката пред непристрасен орган кој посредува, избран во согласност со соперниците во спорот, се врши со помош на:
а) меѓународна медијација
б) меѓународна арбитража
в) Меѓународен Суд на правдата
43. Советот на Европската Унија:
а) го сочинуваат шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ
б) го сочинуваат постојани претставници на земјите членки во Брисел
в) го сочинуваат министри од земјите членки на ЕУ
44. Совет на Европа е:
а) Европска регионална меѓународна организација
б) највисокото тело на Европската унија
в) регионално тело во Организацијата на обединетите нации
45. Меѓународните договори што се ратификуваат во согласност со Уставот:
а) се дел од внатрешниот правен поредок и се директно применливи
б) се дел од внатрешниот правен поредок доколку така одлучи надлежниот суд
в) не се дел од внатрешниот правен поредок и не се директно применливи
46. Кој воспоставува дипломатски и конзуларни односи со други држави?
а) Претседателот на РМ
б) Владата на РМ
в) Собранието на РМ
47. Со која резолуција Република Македонија стана членка на ООН?
а) резолуцијата бр. 817 (1993) на Советот за безбедност на ООН
б) резолуцијата бр. 845 (1993) на Советот за безбедност на ООН
в) резолуцијата бр. 47/225 (1993) на Генералното собрание на ООН
48. Меморандум за разбирање е:
а) декларација
б) ратификација на меѓународен договор
в) писмен документ во кој е содржана усна согласност за одредени прашања меѓу субјектите во меѓународното право
49. Времената спогодба меѓу Грција и Република Македонија е потпишана на:
a) 20 јуни 1995 г.
б) 13 Септември 1995 г.
в) 20 февруари 1996 г.
50. Цејлон е старото име на:
а) Шри Ланка
б) Индија
в) Бангладеш
51. ASEAN е кратенка за регионална меѓувладина организација на нации од:
а) Јужна Америка
б) Средна и Источна Европа
в) Југо-Источна Азија.
52. Која од овие три земји не е членка на Групата 7 најразвиени економии во светот:
а) Канада
б) САД
в) Кина
53. Процесот за Соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа во полето на инвестициите, транспортот, финансиите, науката, образованието и културата се нарекува и:
а) Процес 16+1
б) Патот на свилата
в) Појас и Пат
54. Најмладата држава во Африка која прогласи независност во 2011 година е:
а) Судан,
б) Јужен Судан
в) Уганда.
55. Која пацифичка земја не е членка на НАТО, а е еден од најголемите контрибутори во НАТО со свои воени сили во Авганистан:
а) Индонезија,
б) Малезија,
в) Австралија
56. Американската програма за обнова на Европа по II светска војна била наречена по американскиот генерал и државен секретар на САД:
а) Џејмс Монро
б) Џорџ Маршал
в) Хенри Кисинџер
57. OAS е кратенка за:
а) Организација на американски држави
б) Терористичка организација во Колумбија
в) Организација на продавачи на оружје
58. Државата Мозамбик била поранешна колонија на:
а) Франција
б) Шпанија
в) Португалија
59. Кој индиски писател, правник, политичар и општествен активист се смета за татко на независна Индија и творец на политиката на ненасилен протест во постигнување политички цели и социјален прогрес:
а) Индира Ганди
б) Махатма Ганди
в) Марендра Моди
60. По прифаќањето од страна на Владата на кандидатот за Генерален Конзул, Министерството за надворешни работи од земјата на прием бара?
а) агреман
б) егзекватура
в) пресеанс
61. Според Виенска Конвенција за дипломатски односи именување на времен вршител на работите, во отсуство на Амбасадор, врши:
а) Министерот (Министерството)
б) Претседателот
в) Највисокиот по ранг дипломат во ДКП
62. Законот за надворешни работи ги предвидува следните дипломатски претставништва:
а) амбасади, постојани мисии при меѓународни организации, канцеларии за врски и специјални мисии
б) амбасади, генерални конзулати, конзулати и постојани мисии при меѓународни организации
в) амбасади, генерални конзулати, конзуларно – информативни центри и економски претставништва.
63. Доајенот на дипломатскиот кор е:
а) Највозрасниот шеф на мисија во земјата на акреитацијата, кој патем има и највисок дипломатски ранг
б) Најискусниот шеф на мисија, којшто има службувано во неколку држави во текот на својата кариера
в) Шефот на мисијата кој има највисок ранг и кој акредитивите ги има предадено пред сите останати шефови на мисии
64. Согласноста за именување на почесен конзул, на барање на државата која именува, ја дава:
а) Претседателот
б) Владата
в) Министерот за надворешни работи
65. Кој ги прима акредитивните и отповикувачките писма на странските дипломатски претставници?
а) Претседателот на Владата на Р. Mакедонија;
б) Претседателот на Р. Македонија;
в) Министерот за надворешни работи
66. Кој ги прима копиите на акредитивните писма на странските дипломатски претставници?
а) Претседателот на Владата на Р. Македонија;
б) Претседателот на Р. Македонија;
в) Министерот за надворешни работи
67. Со Дејтонскиот договор, потпишан во ноември 1995 г., во Дејтон,Охајо:
а) се ставил крај на војната меѓу Туците и Хуту, во Руанда
б) проширено изборното право во Охајо
в) запрена војната во Босна и Херцеговина и договорени модалитетите на уставно- правното уредување во оваа држава
68. На 24 мај 2018 година, Република Македонија стана членка на која регионална организација:
а) Јадранско-Јонската иницијатива
б) Централно-Европската иницијатива
в) Јадранската повелба
69. Што претставува RACVIAC?
а) кратенка за регионална соработка во рамките на подготовките за членство во НАТО
б) меѓународен механизам за спречување на пролиферацијата на оружјето за масовно уништување
в) Регионален центар за верификација на контролата на вооружувањето
70. Според Бадинтеровата арбитрациска комисија од ноември 1991 г., само две југословенски републики ги исполнуваа условите за меѓународно признавање:
а) Р. Македонија и Босна и Херцеговина
б) Р. Македонија и Словенија
в) Србија и Хрватска
- 71. Меѓународната заедница, продолжува да има свое присуство (и авторитет) во Босна и Херцеговина и преку:
- а) Канцеларијата на високиот претставник на ОН за човекови права (водена од Мишел Башле)
- б) Високиот претставник на меѓународната заедница (Валентин Инзко)
- в) Дипломатско конзуларните претставништва со кои оваа држава има дипломатски односи
72. Њу дил (анг. New Deal = Нов договор), е програма на социјални и стопански реформи што ги спроведувала владата на САД од 1933 под претседателството на:
а) Франклин Рузвелт
б) Вудро Вилсон
в) Роналд Реган
73. Кои од следните се сметаат за карактеристики на „неолиберализам“:
а) Приватизација, мерки за штедење, дерегулација, слободен пазар и префрлање на контролата врз економијата од државата на приватниот сектор
б) Зголемено и континуирано трошење на државни средства и намалување на улогата на приватниот сектор во економијата и општеството
в) Политички, општествени и економски мерки за постигнување на одржлив развој и редистрибуција на доход
74. Г-20 големи економии (G20) е:
a) Група за соработка и консултации по прашања кои се однесуваат на меѓународниот финансиски систем
б) Програма на Европската Унија за периодот до 2020 наменет за зголемување на конкурентноста на европската економија, за која на располагање се 80 милијарди евра
в) Форум на 20 земји членки на Обединетите нации за соработка и консултации по прашања кои се однесуваат на климатските промени
75. Која од следниве земји не е членка на НАТО:
а) Црна Гора
б) Финска
в) Норвешка
76. Периодот во Грција од 1967-1974 е познат како:
а) Грчка воена хунта
б) Грчка граѓанска војна
в) Транзиција кон либерална демократија и слободен пазар
77. Дел од Вишеградската група (В4) НЕ е следната држава :
а) Полска
б) Романија
в) Словачка
78. Револуцијата од 1979 година ја трансформираше која држава од кралство под водство на Мохамад Реза Шах во Исламска република:
а) Ирак
б) Иран
в) Пакистан
79. Која од овие земји е најмал трговски партнер на Република Македонија:
а) Грција
б) Германија
в) САД
80. Суецката војна е воен конфликт од 1956 година помеѓу Израел, Велика Британија и Франција од една страна и која држава од другата страна:
а) Египет
б) Тунис
в) Јордан
81. Седиштето на Европската Централна Банка е во:
а) Минхен
б) Брисел
в) Франкфурт
82. Која од овие земји НЕ е членка на НАТО?
а) Австрија
б) Исланд
в) Естонија
83. Во Евроатлантски партнерски совет (ЕАПС) членуваат:
а) Само земјите-членки на НАТО
б) Само земјите-партнери на НАТО
в) Земјите-членки и земјите партнери на НАТО
84. Кои земји, заедно со НАТО, се вклучени во „НАТО Медитеранскиот дијалог„?
а) Алжир, Египет, Израел, Јордан, Кувајт, Мароко Тунис
б) Алжир, Египет, Израел, Јордан, Катар, Мароко Тунис
в) Алжир, Египет, Израел, Јордан, Мавританија, Мароко Тунис
85. Кои земји, заедно со НАТО, се вклучени во „Истанбулската иницијатива за соработка„?
а) Бахраин, Кувајт, Катар, Саудиска Арабија
б) Бахраин, Кувајт, Катар, Обединети Арапски Емирати
в) Бахраин, Кувајт, Катар, Иран
- 86. Каде се одржа воената вежба на НАТО Trident Juncture 2018?
- а) на територијата на Данска
- б) на територијата на Франција
- в) на територијата на Норвешка
- 87. Кои земји партнери, заедно со сите членки на НАТО, учествуваа на воената вежба на НАТО Trident Juncture 2018?
- а) Финска и Австрија
- б) Финска и Шведска
- в) Финска и Швајцарија
- 88. Двете стратешки команди на НАТО на највисоко ниво се:
- а) сојузничките командни операции, со седиште во Монс, Белгија; и Сојузничката командна трансформација, со седиште во Норфолк, САД
- б) сојузничката командна трансформација, со седиште во Норфолк, САД и Командата на здружените сили на НАТО во Неапол
- в) сојузничките командни операции, со седиште во Монс, Белгија и Командата на здружените сили на НАТО во Неапол
- 89. Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, им помага на Алијансата да предвиди и да одговори на кризите што се појавуваат во:
- а) нејзиното источно соседство
- б) нејзиното јужно соседство
- в) нејзиното северно соседство
- 90. Кога формално е одобрен Концептот на НАТО силите за брз одговор (NRF)?
- а) во 2003 година
- б) во 2008 година
- в) во 2010 година
- 91. Кога започна неборбената Мисија на НАТО во Авганистан “Решителна поддршка“ (Resolute Support) ) за обука, советување и помош на авганистанските безбедносни сили и институции?
- а) Август 2003
- б) Јануари 2015
- в) Јули 2016
- 92. Во Мисијата на НАТО во Авганистан “Решителна поддршка“ (Resolute Support) учествуваат:
- а) Само земјите-членки на НАТО
- б) Само земјите-партнери на НАТО
- в) Земјите-членки и земјите партнери на НАТО
- 93. Која е првата жена претседател на Европскиот парламент?
- а) Никол Фонтен
- б) Катрин Лалумиер
- в) Симон Веј
- 94. Кој е првиот канцелар на Западна Германија?
- а) Хелмут Кол
- б) Вили Бранд
- в) Конрад Аденауер
Литература:
Закон за надворешни работи
Виенска конвенција за дипломатски односи
Виенска конвенција за конзуларни односи
Интернет страницата на МНР
http://www.china-ceec.org/eng/
https://asean.org/
https://www.nato.int
www.state.gov
http://www.oas.org
ВИСОКА СЛОЖЕНОСТ
1. Колку членки има Советот за човекови права на ОН, каде му е седиштето и во кој период Република Македонија беше негова членка?
а) 47 членки, во Женева, од 2014 до 2016 година
б) 46 членки, во Њујорк, од 2015 до 2017 година
в) 57 членки, во Виена, во 2016 година
2. На што се однесува резолуцијата на СБ 1325 усвоена во 2000 година?
а) на милениумски развојни цели
б) на климатски промени
в) на жени и мир и безбедност
3. На кој начин земјите учеснички во ОБСЕ усвојуваат одлуки и дали се со правна сила?
а) консензуално и истите се политички заложби без правна сила
б) консензуално и истите може да имаат и политичка и правна сила
в) со дво-третинско мнозинство и истите се политички заложби без правна сила
4. Дали основачкиот документ на ОБСЕ има правна сила и која година е усвоен?
а) Хелсиншкиот завршен акт е со правна сила и е усвоен во 1975 година
б) Хелсиншкиот завршен акт е политички документ без правна сила и е усвоен во 1975 година
в) Хелсиншкиот завршен акт е политички документ без правна сила и е усвоен во 1972 година
5. Која област генерално ја регулира т.н. Истанбулска конвенција на Совет на Европа?
а) правата на децата
б) превенција и борба против насилство врз жените и домашно насилство
в) меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог
6. Меѓународните договори што се ратификуваат во согласност со Уставот:
а) можат дополнително да се менуваат со национален закон
б) се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон
в) можат да се менуваат ако така одлучи Уставниот суд на Република Македонија
7. Меѓународните договори во име на Република Македонија ги склучува:
а) претседателот на Р. Mакедонија исклучиво;
б) претседателот на Р. Македонија и Владата кога тоа е определено со закон;
в) само Владата на Р. Македонија
8. Субјект во меѓународното право може да биде ентитет кој може да поседува меѓународни права и обврски:
а) точно;
б) неточно;
в) делумно е точно
9. Субјекти во меѓународното право се:
а) државите, со целосен субјективитет и индивидуите, меѓународните организации, транснационалните корпорации, невладините организации и други ентитети кои можат да поседуваат меѓународни права и обврски
б) исклучиво државите
в) државите како целосен субјект и меѓународните организации, транснационалните корпорации, невладините организации и други ентитети кои можат да поседуваат меѓународни права и обврски
10. Главен орган на ОН за промоција и заштита на човекови права во Светот е:
а) Генералното собрание на ОН
б) ЕКОСОК
в) Советот за човекови права
11. Кои од наведените држави членки на Организацијата на обединетите нации се постојани членки на Советот за безбедност на ООН?
а) Велика Британија, Франција, Германија, САД , Кина, Индија и Руска Федерација
б) Обединетото Кралство, Франција, САД, Кина и Руска Федерација
в) Велика Британија, Франција, Германија, САД, Кина, Бразил, Индија и Руска Федерација
12. Советот на Европа е:
а) најстара меѓународна владина организација во Европа и водечка европска меѓународна владина организација за заштита и промоција на човековите права;
б) тело на Европската унија за заштита и промоција на човековите права;
в) регионално тело на Организацијата на обединетите нации за надминување на конфликти меѓу европските држави
13. Пресудите на Европскиот суд за човекови права се:
а) правно обврзувачки за државите договорни страни на Европската конвенција за човекови права
б) правно обврзувачки за државите членки на Европската унија
в) препораки и немаат правно обврзувачки карактер за државите членки на Советот на Европа
14. Европскиот суд за човекови права е воспоставен со:
а) Европската повелба за човекови права
б) Европската конвенција за човекови права
в) Универзалната декларација за човекови права
15. Република Македонија:
а) е членка на Советот на Европа од 2 ноември 1998
б) е членка на Советот на Европа од 9 ноември 1995
в) не е членка се уште и води преговори за членство
16. Статутот на Меѓународниот кривичен суд беше усогласен на Дипломатска конференција на ООН, на 17 јули 1998 година во:
а) Прага
б) Рим
в) Осло
17. Во кој град е седиштето на Меѓународниот суд на правата?
а) Њујорк
б) Брисел
в) Хаг
18. Целта на Хашката конвенција за меѓународно приватно право е:
а) унифицирање на правилата за меѓународно приватно право
б) Регулирање на меѓународно - правните односи меѓу државите
в) Решавање на спорови меѓу две страни
19. Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Заедница и нивните земји-членки (САА) е потпишана во 2001 година, а влезе во сила во:
а) 1 јуни 2003 г
б) 1 април 2004 г
в) 1 мај 2005 г
20. Кои се трите столба на Европската Заедница, воведени во 1992 година со Договорот од Мастрихт?
а) Заедницата; Заедничка и безбедносна политика; Правда и внатрешни работи,
б) Заедницата; Институциите и земјите членки
в) Институции, Агенции и меѓу-институционални тела
21. Што е дисолуција на една држава?
а) распаѓање/поделба на една држава во повеќе суверени држави со што престанува да постои претходната држава
б) отцепување на повеќе нови суверени држави од државата во чии состав биле;
в) припојување на една суверена држава кон територијата на друга сувертена држава со што престанува да постои претходната држава
22. Што е сецесија на една држава?
а) отцепување на нова суверена држава од територијата на постоечка држава која продолжува да постои понатаму со намалена територија;
б) спојување на две суверени држави во една нова држава;
в) отцепување на нова суверена држава од територијата на постоечка држава која престанува да постои
23. Цесија е:
а) трансфер на територија од една во друга држава по што и двете држави продолжуваат да постојат
б) размена на територии меѓу две држави по што и двете продолжуваат да постојат, но, под ново име
в) трансфер на територија од две суверени држави во трета држава по што двете држави престануваат да постојат
24. Кои од наведените примери се дисолуции:
а) СФРЈ, СРЈ, Чехословачка, Австро-Унгарија
б) Косово, Источен Тимор, Јужен Судан
в) Сојузна Република Германија и Демократска Република Германија
25. Самоопределувањето на народите, во денешен пост-колонијален контекст е:
а) е апсолутно загарантирано право
б) е принцип на меѓународното право
в) е исклучиво индивидуално човеково право
26. “Pacta sunt servanda“ е:
а) генерално правило на меѓународното право и значи дека договорите мора да се почитуваат
б) генерален принцип на националното право и значи дека договорот ги обврзува сите
в) генерален принцип на националното и меѓународното право и значи дека договорот мора да биде во пишана форма за да биде задолжителен за страните
27. Согласно Виенската конвенција за договорно право „Bona fide“ е генерално правило за:
а) преговарање на меѓународен договор
б) ратификација на меѓународен договор
в) интерпретација на меѓународен договор
28. Jus cogens норми се:
а) не задолжителни правила на меѓународното право кои важат за сите;
б) задолжителни правила на меѓународното право кои важат за сите, но кои државите можат да ги дерогираат
в) задолжителни правила на меѓународното право прифатени и признати од меѓународната заедница на држави во целина кои важат за сите и кои државите не можат да ги дерогираат
29. Конечната спогодба меѓу Р. Македонија и Грција од јуни 2018 има:
а) правно обврзувачки карактер за страните
б) деклараторен карактер за страните
в) правно обврзувачки карактер за страните и деклараторен за трети страни
30. Дали Конечната спогодба меѓу Р. Македонија и Грција од јуни 2018 покрај од страните е потпишана и од меѓународни гарантори?
а) да
б) не
в) да, но со посебен анекс
31. Политиката на Хуманитарна интервенција, на просторот на поранешна Југославија, примарно се поврзува со:
а) Ј. В. Сталин, В. Черчил и Ф. Д. Рузвелт
б) Ф. Митеран и Х. Кол
в) Б. Клинтон и М. Олбрајт
32. Што претставува Берлинскиот процес?
а) политика на проширување на ЕУ на Евро-Азискиот простор
б) меѓувладин форум за соработка на неколку земји од Западен Балкан со земји-членки на ЕУ, како и форум за регионална соработка и развој
в) проект на германско-француска и германско-полска соработка и приближување на младите, предводен од канцеларката А. Меркел
33. Согласно мировниот договор од 1995 г., Босна и Херцеговина е:
а) унитарна држава, составена од три ентитети (Република Српска, Република Херцег Босна и Муслиманската Федерација)
б) Сложена држава составена од Република Српска и Федерација на Босна и Херцеговина
в) унитарна држава со една централна власт
34. Што претставува Централно-Европската Иницијатива?
а) организација на поранешни држави од просторот на Централна Европа, кои се приклучија на ЕУ во 2004 г., со што ЦЕИ престана да постои
б) меѓувладин форум преку кој се промовира европската интеграција и одржливиот развој меѓу земјите-членки и со ЕУ, меѓународни организации и други јавни и приватни институции и НВО. Формирана 1989 г.
в) регионална организација на земји од Централна Европа, составена од Унгарија, Полска, Чешка и Словачка
35. Со резолуцијата 827 на Советот на Безбедност на ОН, во мај 1993 беше формиран Меѓународниот суд за воени злосторства на просторот на бивша Југославија (ICTY), надлежен за?
а) воени злосторства и етничко чистење
б) тешки повреди на Женевската конвенција, кршење на законите и обичаите на војната, геноцид и злосторства против човештвото
в) геноцидот како категорија не беше опфатен
36. Која од државите на регионот на Југо-источна Европа има колективно претседателство, од чии редови се избира ротирачки претседател, на начин како што беше со СФР Југославија, последната деценија на нејзиното постоење?
а) Србија (заради Војводина)
б) Босна и Хереговина
в) Романија
37. Кои земји го сочинуваат Источното партнерство (ЕаP)?
а) Ерменија, Азербејџан, Украина, Белорусија, Молдова и Татарстан
б) Ерменија, Азербејџан, Грузија, Украина, Белорусија, Молдова и ЕУ како целина
в) Ерменија, Азербејџан, Грузија, Украина и Молдова и земјите-членки на ЕУ кои граничат со поранешниот Варшавски блок
38. Согласно Законот за надворешни работи конзуларни претставништва се:
а) Генерален конзулат, конзулат, конзуларна канцеларија и почесен конзулат;
б) Генерален конзулат, конзулат, канцеларија за врски;
в) Амбасада, конзулат, конзуларна канцеларија и почесен конзулат
39. Која година е потпишана Виенската конвенција за конзуларни односи?
а) 1961 г.
б) 1963 г.
в) 1964 г.
40. Кој одлучува за визниот режим на Р. Македонија со други држави и субјекти во меѓународните односи?
а) Владата на Р. Македонија
б) Претседателот на Р. Македонија
в) Министерството за надворешни работи
41. Организациони единици во Министерството за надворешни работи се:
а) Институт, Академија, Директорат, Сектор и Одделение;
б) Институт, Секретаријат, Директорат, Академија и Сектор
в) Секретаријат, Академија, Директорат, Сектор и Одделение
42. Отворање на ново дипломатско-конзуларно претставништво и друго претставништво се врши со:
а) одлука на Владата, на предлог на Министерството
б) решение на Владата, на предлог на Министерството
в) заклучок на Владата, на предлог на Министерството
43. Според законот за надворешни работи, Министерот за надворешни работи треба да поднесе извештај за остварувањето на надворешната политика пред работното тело на Собранието надлежно за надворешна политика:
а) не мора да поднесе извештај
б) најмалку еднаш во годината
в) најмалку два пати во годината
44. Ако шеф на дипломатско претставништво - амбасада е амбасадор, тогаш шеф на дипломатско претставништво - канцеларија за врски е:
а) Амбасадор
б) Генерален конзул
в) Ополномоштен министер
45. Мандатот на амбасадорот трае до четири години и започнува од:
а) денот на добивање на решението за упатување
б) денот на преземањето на должноста
в) денот на објавување на указот за поставување на амбасадор
46. Претседателот, за посебни прашања од неговата уставна надлежност и од утврдената надворешна политика на Република Македонија, по претходна консултација со министерот во рок од 45 дена, испраќа:
а) специјален пратеник;
б) емисар
в) посебен советник
47. Кој ги прима копиите на патентните писма на генералните конзули на странските држави:
а) Претседателот на Владата на Р. Македонија или претставник на Владата
б) Претседателот на Р. Македонија или претставник на Кабинетот на Претседателот
в) Министерот за надворешни работи или претставник на министерството
48. Амбициозната развојна стратегија на Народна Република Кина „Појас и пат“, позната и како новиот Пат на свилата, има за цел:
а) воспоставување на нов исклучиво поморски пат за извоз на кинеските производи во Азија, Африка и Европа
б) воспоставување на нов исклучиво копнен пат за извоз и увоз на кинеските производи во и од Азија, Африка и Европа
в) подобрување на поврзаноста и продлабочување на соработката преку зајакнување на инфраструктурите, трговските и инвестициските врски помеѓу Народна Република Кина и над 60-тина земји од Азија, Африка и Европа
49. Јапонија е значајна земја донатор која својата меѓународна помош ја канализира преку:
а) Министерството за економија
б) Јапонската Агенција за меѓународна соработка
в) Јапонската Организација за надворешна трговија
50. Која земја од Блискиот Исток во 2017 беше обвинета од своите три соседи Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати за „поддршка на тероризмот“ и со која ги истите ги прекинаа дипломатските односи:
а) Јемен
б) Катар
в) Оман
51. Која од следниве држави има територијален спор со Русија за Курилските или Северните острови?
а) Украина
б) Јапонија
в) Кина
52. Индија и Пакистан се во повеќе-дециниски спор околу:
а) Утар Прадеш
б) Пенџаб
в) Кашмир
53. Во која земја започнаа сенародните анти-режимски протести познати под општото име ,,Арапска пролет“:
а) Египет
б) Либија
в) Тунис
54. Немирите во Украина кои во 2014 доведоа до паѓање од власт на тогашниот претседател Виктор Јанукович, познати се под името:
а) Портокалова револуција
б) Мајданска револуција
в) Киевска пролет
55. Која држава има територијални спорови со речиси сите свои соседи:
а) Народна Република Кина
б) Демократска Народна Република Кореја
в) Индонезија
56. Фронтот Полисарио се залага за создавање на независна држава на територијата на:
а) Источен Тимор
б) Западна Сахара
в) Јужен Судан
57. Во 2008 година, Република Македонија и Соединетите Американски Држави потпишаа:
а) Декларација за стратешко партнерство и соработка
б) Договор за пријателство
в) Декларација за пријателство и сојузништво
58. Кои се двата иницијални главни договори на кои е основана Европската Унија?
а) договорот од Париз и договорот од Брисел
б) Договорот за Европска Унија (Мастрихт Договорот) и Договорот за функционирањето на Европската Унија (Договорот од Рим)
в) договорот од Амстердам и договорот од Лисабон
59. Што е КОРЕПЕР (COREPER)?
а) Основен подготвителен орган на Советот на ЕУ
б) НАТО Комитет на постојани воени претставници во Европа
в) ЕУ мировна мисија во Чад, Африка
60. Што е ЕУ директива?
а) Вид легислатива што ги обврзува земјите членки во однос на резултатот што треба да се постигне, но им остава избор во насока на методот/начинот на постигнување на резултатот
б) Највисока форма на ЕУ легислатива, директно апликативна за сите земји членки
в) Политичка директива која што не е обврзувачка за земјите членки
61. Одлуките во ЕУ се носат преку:
а) Федерално тело наречено Европска Комисија
б) Мешавина од “супранационални“ институции (вклучително и Европската Комисија) и “интер-владини“ преговори
в) Поделба на власта меѓу претседателот на Европската Комисија и претседателот на Европскиот Парламент
62. Европската служба за надворешни работи (EEAS) е главно надлежна за:
а) Спроведување на Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ
б) Координација и давање директиви за надворешно-политичкото делување на поединечните земји членки
в) Дипломатско претставување на земјите членки надвор од границите на Европа
63. Популарно наречениот “Извештај на Прибе“ претставува:
а) Дел од редовниот годишен Извештај на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија во клучните реформски области
б) Анализа на германското Сојузно министерство за надворешни работи за системските проблеми во областа на владеењето на правото
в) Сет на препораки и мерки изработени од Група независни високи експерти ангажирана од Европската Комисија за брза анализа на системските проблеми во областа на владеењето на правото, а кои произлегуваат од објавувањето на разговорите од незаконското следење на комуникациите во 2015 година
64. Колку пати од своето формирање во 1949 година до денес, бил активиран Членот 5 за колективна безбедност на НАТО Алијансата?
а) еднаш, по терористичките напади од 9 септември 2001 г.
б) два пати, пред интервенцијата во Косово 1999 г. и по терористичките напади од 9 септември 2001 г.
в) ниту еднаш
65. Штабот на НАТО, во Брисел, Белгија, како високо политичко тело на НАТО за донесување одлуки претставува:
а) командна структура на НАТО одговорна за трансформацијата на НАТО
б) командна структура на НАТО за операции на сојузничките сили
в) политичко седиште на Алијансата и постојан дом на Северноатлантскиот совет
66. Кога е формиран Советот на НАТО и Русија (NRC),
а) 1991
б) 1994
в) 2002
67. Во август 2008 година беа суспендирани/прекинати формалните состаноци на Советот на НАТО и Русија (NRC). Причината за тоа беше:
а) воената интервенција на Русија и агресивните акции во Украина
б) Непропорционалната воена акција на Русија во Грузија
в) неодговорна и агресивна нуклеарна реторика на Русија
68. По агресивните акции на Русија против Украина, сојузниците побараа поголемо присуство на НАТО во регионот. Како одговор, во текот на 2016 година НАТО распореди четири мултинационални борбени групи - или "засилено напредување" – во следните земји:
а) Естонија, Латвија, Литванија и Полска
б) Чешка Естонија, Латвија и Полска
в) Естонија, Латвија, Словачка и Полска
69. Составен дел од придонесот на НАТО кон „сеопфатниот приод“ за управување со кризи и операции е неговата соработка со други меѓународни организации. Во тие рамки НАТО развива зајакната соработка со:
а) Обединетите нации (ОН), Европската Унија(ЕУ) и Советот на Европа (СЕ)
б) Обединетите нации (ОН), Европската Унија(ЕУ), Организацијата за безбедност и соработка во Европа(ОБСЕ) и Советот на Европа (СЕ)
в) Обединетите нации (ОН), Европската Унија (ЕУ), Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)
70. Во областа на Сајбер-одбраната (која е дел од основната задача на НАТО за колективна одбрана) НАТО и Европската унија (ЕУ) соработуваат преку:
а) Постојаната структурирана соработка за безбедност и одбрана (Permanent Structured Cooperation on security and defence PESCO), декември 2017
б) Заедничката декларација за ЕУ-НАТО соработка, јули 2018
в) Техничкиот аранжман за сајбер-одбраната, февруари 2016 година
- 71. Република Македонија, како земја партнер на НАТО, има свое учество во следните мисии предводени од НАТО:
- а) Мисијата на НАТО во Авганистан “Решителна поддршка“ (Resolute Support), Мисијата на НАТО во Косово (KFOR) и поморската безбедносна операција „Море Гардијан„ (Sea Guardian) во Медитеранот
- б) Мисијата на НАТО во Косово (KFOR) и поморската безбедносна операција „Море Гардијан„ (Sea Guardian) во Медитеранот
- в) Мисијата на НАТО во Авганистан “Решителна поддршка“ (Resolute Support), и Мисијата на НАТО во Косово (KFOR)
72. Кои земји се членки на САД Јадранската Повелба (А5)
а) Соединетите Американски Држави и Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Словенија
б) Соединетите Американски Држави и Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина
в) Соединетите Американски Држави и Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија
73. Како членка на Глобалната коалиција во борбата против Исламската држава, НАТО својата поддршка на Коалицијата ја реализира преку ангажманот на нејзините воздушни капацитети:
а) силите за одговор на НАТО (НРФ) The NATO Response Force (NRF)
б) силите за специјални операции (СОФ) Special Operations Forces (SOF)
в) разузнавачките летови на АВАКС (AWACS intelligence flights)
74. Ото фон Бизмарк бил:
а) првиот канцелар на обединета Германија
б) Канцелар на Германија за време на првата Светска војна
в) Првиот министер за надворешни работи на пост-воена Германија
75. Таканаречениот Молотов-Рибентроп Пакт е:
а) Договор за вооружување на германската армија склучен меѓу Германија и СССР во 1934 година
б) Спогодба за поделба на Полска склучена меѓу нацистичка Германија и СССР по окупацијата на Полска во 1939
в) Германско-Советски Договор за не-напаѓање склучен во 1939 година, според кој Источна Европа се дели на Германска и Советска сфера на влијание
76. Хегемонски систем на меѓународни односи подразбира:
а) една доминантно силна држава
б) две исто/слично доминанти сили или блокови
в) неколку приближно изрманети сили
77. “Концертот на Европа“ е период во меѓународната политика познат по:
а) Систем на резолуција на конфликти во Европа воспоставен на Конгресот од Виена одржан по крајот на Наполеонските војни
б) Систем на баланс на силите во Европа воспоставен во како резултат на Седум-Годишната војна 1756-1763
в) Мировен систем воспоставен со Мирот од Вестфалија од 1648 година
78. Магна Карта е:
а) Првиот светски Атлас изработен во Шпанија кон крајот на 12 век
б) Колоквијално име на Уставот на Француската република
в) Договорна рамка/повелба на права потпишана меѓу Кралот Џон од Англија и побунетите барони во 1215 година
79. Хенри Кисинџер е поранешен американски Државен Секретар, политичар, политички мислител и познат практичар на политиката на:
а) détente (релаксација на односите)
б) Appeasement (помирување)
в) Humanitarian intervention (хуманитарна интервенција)
80. Raison d’Еtat е концепт што во својот фокус ги става:
а) Интересите на државата
б) Интересите на соседите
в) Интересите на суверенот
81. Главната разлика меѓу термините геноцид и етничко чистење е:
а) Намерата физички да се елиминира цела или делови од една етничка, религиска, расна, национална или друга група
б) Геноцидот се однесува само на расни и религиозни групи, додека етничкото чистење се однесува само на етнички групи
в) Нема разлика
82. Историскиот период познат како “Студена војна“ е карактеристичен по:
а) Мултиполарен баланс на силите во меѓународниот систем
б) Изразен хегемонизам и интервенционизам на СССР
в) Биполарен блоковски меѓународен систем
83. Тероризам е:
а) Систематска употреба на насилство наменета за создавање на општа клима на страв меѓу населението за постигнување и промоција на одредена политичка цел
б) Систематска употреба на насилство наменета за создавање на општа клима на страв меѓу населението за постигнување и промоција на одредена лукративна цел
в) Систематска употреба на насилство наменета за создавање на општа клима на страв меѓу населението за постигнување и промоција на одредена незаконска цел
84. Mutual Assured Destruction (MAD) претставува:
а) Доктрина на воена стратегија и национална одбранбена безбедносна политика карактеристична за периодот на Студената војна и базирана на теоријата на “одвраќање“ (deterrence)
б) Доктрина на воена стратегија и национална одбранбена безбедносна политика карактеристична за периодот на Првата светска војна и базирана на концептот на “Рововско војување“
в) Доктрина на воена стратегија и национална одбранбена безбедносна политика карактеристична за периодот на Втората светска војна и базирана на концептот на “брза војна“
85. Тукидит, Сун Цу и Карл фон Клаузевиц се припадници на која теорија на меѓународната политичка теорија:
а) Реализам
б) Либерализам
в) Конструктивизам
86. “Кризата од Заливот на свињите“ претставува:
а) Кратка воена конфронтација меѓу САД и Панама од 1961 година
б) 13 дневна нуклеарна криза меѓу САД и СССР од 1962 година
в) Неуспешна воена инвазија на Куба од 1961 година со цел промена на режимот на Фидел Кастро
87. Операцијата “Барбароса“ е кодно име за:
а) Операција на војската на нацистичка Германија за инвазија на Полска од 1939 година
б) Операција на војската на нацистичка Германија за инвазија на Франција од 1940 година
в) Операција на војската на нацистичка Германија за инвазија на СССР од 1941 година
88. Што означува концептот на „промена на режим“ и со кој американски претседател е особено поврзан?
а) вообичаен циклус на промена на власт во Соединетите Држави, поврзан со сите американски претседатели
б) концепт на промена на (недемократските) режими по терористичките напади од 11 септември 2001, поврзан со Џорџ В. Буш
в) промена на власта во сите недемократски системи
Литература:
Закон за надворешни работи
Виенска конвенција за дипломатски односи
Виенска конвенција за конзуларни односи
Интернет страницата на МНР
- www.jica.go.jp/english
- www.mfa.gov.mk
- службената интернет страница на Меѓународниот суд за воени злосторства во бивша Југославија http://www.icty.org/
- Централно-Европската иницијатива: http://www.cei.int/
- Устав на Босна и Херцеговина: http://www.ohr.int/ohr-dept/legal/laws-of-bih/pdf/001%20-%20Constitutions/BH/BH%20CONSTITUTION%20.pdf
- Источно партнерство: https://eeas.europa.eu/diplomatic-network/eastern-partnership_en
https://www.coe.int/en/web/portal
https://www.osce.org/
АНАЛИТИЧКИ ПРАШАЊА
- 1. „Портпаролот на Европската комисија истакна дека Јункер во неколку наврати и’ изрази поддршка на Меј и на нејзината улога во овој многу тежок процес. Тој не прецизира дали Јункер и Меј разговарале за денешното гласање за недоверба на Меј за лидер на Конзервативната партија“.
На кој процес се мисли во текстот:
а) „Брегзит преговорите“ помеѓу Англија и Европската унија за повлекување на Англија од Европската Унија
б) Процесот за проширување на Европската унија со земји членки од Западниот Балкан
в) „Брегзит преговорите“ помеѓу Британија и Европската унија за повлекување на Британија од Европската Унија
- 2. „Според последниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), зголемувањето на средната глобална температура до крајот на векот не смее да биде повисока од 1,5 степени целзиусови. Во спротивно, ефектите од глобалното затоплување ќе бидат катастрофални и донекаде непредвидливи. Ако државите не би преземале ништо, експертите за климатски промени проценуваат дека растот на средната температура до крајот на векот би бил дури 4,5 степени целзиусови што би значело дека планетата би била едно изразено негостопримливо место.“
Според текстот, може да се заклучи дека препорачливо е:
а) Државите да не преземаат ништо
б) Само големите држави треба да преземат соодветни активности
в) Државите треба да преземат активности кои би придонеле за намалување на средната глобална температура
- 3. „Apple повеќе во Кина не смее да продава iPhone 6 до X, одлучи кинескиот суд за интелектуална сопственост. Имено, американскиот производител на чипови Qualcommподигна тужба против Apple поради кршење на патент и побара прекин на продажбата на сите уреди во кои се користат тие патенти. Интересно е дека забраната не се однесува на најновите модели XS, XS Max и XR и тоа поради една едноставна причина – тие модели не беа на пазарот во Кина кога е подигната тужбата.“
Според текстот, кои модели сега не може да се купат во Кина:
а) iPhone 5s
б) iPhone 7
в) iPhone XS
- 4. „ ‘Мислам дека ако некој го прочита Договорот од Преспа, но и ако се потруди да ги види одредбите од ревизијата на Уставот, но и содржината на ревизијата кај соседот, ќе сфати дека без сомневање, не остава никаков простор барем правно, но и политички за иредентизам во соседната земја. Мислам дека сето ова е многу јасно во Договорот од Преспа и затоа не треба да оставиме сомневањата и реакциите од националистички карактер да не одведат до тоа да изгубиме огромна политичка, дипломатска и историска шанса за решавање на едно прашање што не’ измачува и нас и нашите соседи, но и целиот Балкан, речиси 30 години – вели тој’, - изјави портпаролот на грчката влада, Ѕанакопулос во интервјуто за „Реал фм”
Текстот погоре е во иста линија со следниот исказ:
а) Договорот од Преспа остава делумен простор за иредентизам.
б) Договорот од Преспа не остава простор за иредентизам, но одредбите од ревизијата на Уставот отвораат сомнежи за иредентизам.
в) Договорот од Преспа не остава никаков простор за иредентизам.
- 5. „Значајна причина за лажните вести, лежи и во фактот што денес, медиумите значитело се изменети , т.е. поради хипперпродукцијата на онлајн изворите на вести кои сите меѓусебно се натпреваруваат за вниманието на потрошувачите, а ова е непосредно поврзано со онлајн рекламирањето што не ретко зависи од бројот на кликови. За да се зберат што повеќе кликови, содржината на таканаречената вест е упростена, лесна за разбирање и достапна за секого, со што објективните информации и сериозни истражувачки стории стануваат неатрактиви.“
Според текстот НЕ е точен следниот исказ:
а) Причина за лажните вести е неатрактивноста на објективните информации и сериозни истражувачки стории
б) Онлајн рекламирањето зависи од бројот на кликови
в) Онлајн изворите на вести меѓусебно се натпреваруваат за вниманието на потрошувачите, што често зависи од бројот на кликови
- 6. „Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека повеќе сојузници во Алијансата се загрижени поради формирањето на војската на Косово и оцени дека постапката на Приштина е избрзана. Новоименуваниот американски амбасадор во Приштина, пак, Филип Коснет, деновиве изјави дека Вашингтон смета оти Косово треба да има сопствена војска.“
Според текстот, кој од следните искази е точен:
а) Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета оти Косово не треба да има сопствена восјка
б) Поголемиот број на сојузници во НАТО Алијансата се загрижени поради формирањето на војската на Косово
в) Ниту еден од наведените
- 7. „Русија прогласи еден словачки воен дипломат за персона нон грата, откако Братислава минатиот месец протера еден руски дипломат осомничен за шпионажа. Оценувајќи го словачкиот потег како „непријателски акт“, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска рече дека на словачкиот дипломат од амбасадата во Москва му биле дадени два дена да ја напушти државата.“
Според текстот, кој од следните искази е точен:
а) Протерувањето на словенечкиот дипломат од Русија е реакција на протерување на руски дипломат еден месец пред тоа.
б) Протерувањето на рускиот воен дипломат од Братислава беше проследено со протерување на словачки дипломат од Русија
в) Ниту еден од наведените
- 8. „Рекорден број новинари во светот се наоѓаат зад решетки поради својата работа, вклучително и двајца новинари на „Ројтерс“ чие затворање во Мјанмар предизвика реакција во меѓународната заедница. Според извештајот, 70 проценти од затворените новинари се за дела против државата. Единаесет отсто се обвинети за „лажни вести“, а 13 проценти за одмазда.“
Според текстот, кој од следните искази не е точен:
а) Извештајот предизвика реакција во меѓународната заедница
б) Според извештајот, 24% од затворените се обвинети за „лажни вести“, или за одмазда
в) Рекорден број новинари се затворени денес
- Која од следниве вести најмногу потсетува на наслов на „лажна вест“:
а) Шокантно откритие:Титаник не доживеал несреќа поради санта мраз, документарецот открива дека бродот потонал поради катастрофална одлука (Извор: online портал)
б) Француската полиција издаде потерница по терористот од Стразбур (Извор: МИА)
в) Пентагон загрижен за планираната турска офанзива во Сирија (Извор: Р.С. Европа)
10. „Недоволната доверба на граѓаните во институциите како последица на копруцпијата, го блокира целокупниот развој на општествата, наведувајќи го примерот со земјава, за тоа како лошата борба против корупцијата, како што рече, доведе до недоволна доверба и до политичка криза во земјата, што траеше долги години.“
Според текстот, кој од следните искази не е точен:
а) Недоволната доверба на граѓаните во институциите го блокира развојот во општествата
б) Недоволната доверба на граѓаните во институциите доведе до политичката криза во земјата, што траеше долги години
в) лошата борба против корупцијата доведе до долгогодишна политичка криза во земјата
НАТО-АНАЛИТИЧКО ПРАШАЊЕ
Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео, во изјава за медиумите од 5 декември 2018 објави дека САД ќе престанат да се придржуваат кон Договорот за нуклеарни сили од среден опсег (The Intermediate-Range Nuclear Forces-INF), доколку Русија не преземе ништо за итно да ја обезбеди својата целосна усогласеност со Договорот.
Помпео ова го изјави веднаш после неговото учество на Состанок на Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што се одржа на 4 и 5 декември 2018 година во Брисел.
Прашањето за Договорот за нуклеарни сили од среден опсег-ИНФ, беше и една од главните теми на Министерскиот состанок во Брисел и за истото од Состанокот произлезе заедничка изјава на Министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата.
* * *
Во продолжение е дел од изјавата на Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео, (5 декември 2018) дадена за медиумите, како и текстот на Заедничката изјава на Министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата (4 декември 2018) во врска со Договорот за нуклеарни сили од среден опсег-ИНФ.
Молиме да дадете ваши погледи и појаснувања за контекстот на безбедносните прашања врзани за Договорот ИНФ, како и импликациите што би произлегле од неговото непочитување
1.CNN December 5, 2018
U.S. withdrawing from the INF treaty
Washington (CNN) Secretary of State Mike Pompeo announced Tuesday that the US will stop adhering to a decades-old nuclear treaty in 60 days unless Russia returns to compliance with the agreement.
"The United States declares today it has found Russia in material breach of the treaty and will suspend our obligations as a remedy effective in 60 days unless Russia returns to full and verifiable compliance," Pompeo said at a NATO meeting in Belgium.
Pompeo said Russia's violations of the Intermediate-Range Nuclear Forces Treaty undermine American national security and as such, the US should not be "constrained" by a treaty that hampers its ability to respond.
Pompeo cast Russia's violation of the treaty, which the Kremlin denies, as part of a wider web of destabilizing behavior, including Moscow's recent clash with Ukraine in the Kerch Strait.
On Wednesday, Russian President Vladimir Putin said Moscow would respond in kind if the US leaves the treaty.
"Many other countries — about a dozen of them there already, probably — produce such weapons, while Russia and the United States have limited themselves bilaterally," he said. "Now, apparently, our American partners believe that the situation has changed so much that the United States should also have such weapons. What is the answer from our side? Yes, simple: then we will do it too."
2.Statement on the Intermediate-Range Nuclear Forces (INF) Treaty
Issued by the NATO Foreign Ministers, Brussels, 4 December 2018
- The Intermediate-Range Nuclear Forces (INF) Treaty has been crucial in upholding NATO's security for over 30 years.
- Allies have concluded that Russia has developed and fielded a missile system, the 9M729, which violates the INF Treaty and poses significant risks to Euro-Atlanticsecurity. We strongly support the finding of the United States that Russia is in material breach of its obligations under the INF Treaty.
- For over five years, Allies and the United States in particular, have repeatedly raised their concerns with the Russian Federation, both bilaterally and multilaterally. As we stated in the Brussels Summit Declaration in July, Russia has responded to our concerns with denials and obfuscation. Russia only recently acknowledged the existence of the missile system, but without providing the necessary transparency or explanation.
- The United States has remained in full compliance with its obligations under the INF Treaty since it entered into force. Allies have emphasized that the situation whereby the United States and other parties fully abide by the Treaty and Russia does not, is not sustainable.
- Russia's violation of the INF Treaty erodes the foundations of effective arms control and undermines Allied security. This is part of Russia's broader pattern of behaviour that is intended to weaken the overall Euro-Atlantic security architecture.
- Allies are committed to preserving strategic stability and Euro-Atlantic security. NATO will continue to ensure the credibility and effectiveness of the Alliance's overall deterrence and defence posture.
- We will continue to consult each other regularly with a view to ensuring our collective security. We will continue to keep the fielding of Russian intermediate-range missiles under close review.
- Allies are firmly committed to the preservation of effective international arms control, disarmament and non-proliferation. Therefore, we will continue to uphold, support, and further strengthen arms control, disarmament and non-proliferation, as a key element of Euro-Atlantic security, taking into account the prevailing security environment.
- We continue to aspire to a constructive relationship with Russia, when Russia's actions make that possible. As most recently confirmed at the Brussels Summit, we remain open to dialogue with Russia, including in the NATO-Russia Council.
- We call on Russia to return urgently to full and verifiable compliance. It is now up to Russia to preserve the INF Treaty.
АНАЛИТИЧКО ПРАШАЊЕ - ЈИЕ
Двајца државјани на Босна и Херцеговина, во 2006 г., покренаа тужба против својата држава пред Европскиот суд за човекови права (Sejdic and Finci vs Bosnia and Heryegovina), поради нарушување на нивното пасивно гласачко право, односно забраната да се кандидираат на изборите за претседател на државата и пратеник во Домот на народите на Парламентарното собрание (едно од двата дома на Парламентот на Босна и Херцеговина).
Три години подоцна, ЕСЧП пресуди во корист на тужителите, тврдејќи дека со забраната да се кандидираат нарушено им е нивното гласачко право, спротивно на Европската конвенцијата за човекови права.
Во текстот во прилог, се прикажува контекстот околу случајот, како и импликациите поврзани со уставно-правното уредување на оваа држава.
Молиме за појаснување - што лежи во позадината на случајот?
ПРИЛОГ 1: Сејдич-Финчи случај
Аналитичко прашање - Конзуларно:
Во Романија во сообраќајна несреќа починува македонски државјанин. Неговиот син, уште истиот ден пристигнува во Романија каде што контактира со компанијата во која неговиот татко имал купено патничко осигурување, обезбедува полициски извештај и извештај од болница. Во полициската станица и во болницата му сугерираат да ја контактира амбасадата на Република Македонија во Букурешт. Синот со себе го има и пасошот на починатото лице и не се јавува во амбасадата. По собирањето на горенаведените документи, тој, со помош на пријатели најмува специјализирана компанија за пренос на телото до Република Македонија.
Но, кога пристигнуваат на македонската граница, полициските службеници одбиваат да дозволат влез на телото во Република Македонија.
Прашање: Зошто македонската полиција одбива да дозволат влез на телото во Република Македонија?
Аналитичко прашање - Воневропски
Што е суштината на текстот подолу, што подразбираат преземените еднострани чекори од земјите и кои се причините за истите?
Four countries cut diplomatic ties with Qatar as Gulf rift deepens
Four Arab nations cut diplomatic ties to Qatar early Monday morning, further deepening a rift among Gulf Arab nations over that country's support for Islamist groups.
Bahrain, Egypt, Saudi Arabia and the United Arab Emirates all announced they would withdraw their diplomatic staff from Qatar, a gas-rich nation that will host the 2022 Fifa World Cup. Saudi Arabia also said Qatari troops would be pulled from the ongoing war in Yemen.
All the nations also said they planned to cut air and sea traffic to the peninsular country. It wasn't immediately clear how that would affect Qatar Airways, one of the region's major long-haul carriers. The airline and Qatari government officials did not immediately respond to a request for comment.
Abu Dhabi's state-owned Etihad Airways said it would suspend all flights to and from Doha from Tuesday morning until further notice.
Qatar is also home to the sprawling al-Udeid Air Base, which is home to the US military's Central Command and some 10,000 American troops. It wasn't clear if the decision would affect American military operations. Central Command officials did not immediately respond to a request for comment.
Dana Shell Smith, the US ambassador to Qatar, retweeted posts that praised the country's efforts in combating terrorism.
Bahrain blamed Qatar's "media incitement, support for armed terrorist activities and funding linked to Iranian groups to carry out sabotage and spreading chaos in Bahrain" for its decision. Other countries issued similar statements.
The decision comes after Qatar alleged in late May that hackers took over the site of its state-run news agency and published what it called fake comments from its ruling emir about Iran and Israel. Its Gulf Arab neighbours responded with anger, blocking Qatari-based media, including the Doha-based satellite news network Al-Jazeera.
Qatar long has faced criticism from its Arab neighbours over its support of Islamists. The chief worry among them is the Muslim Brotherhood, a Sunni Islamist political group outlawed by both Saudi Arabia and the UAE as it challenges the nations' hereditary rule.
Gulf countries led by Saudi Arabia fell out with Qatar over its backing of then-Egyptian President Mohammed Morsi, a Brotherhood member. In March 2014, Saudi Arabia, the United Arab Emirates and Bahrain recalled their ambassadors from Qatar over the rift.
Eight months later, they returned their ambassadors as Qatar forced some Brotherhood members to leave the country and quieted others. However, the 2014 crisis did not see a land and sea blockade as threatened now.
In the time since, Qatar repeatedly and strongly denied it funds extremist groups. However, it remains a key financial patron of the Hamas-controlled Gaza Strip and has been the home of exiled Hamas official Khaled Mashaal since 2012. Western officials also have accused Qatar of allowing or even encouraging funding of Sunni extremists like al-Qaida's branch in Syria, once known as the Nusra Front. The crisis also comes after US President Donald Trump's recent visit to Saudi Arabia for a summit with Arab leaders. Since the meeting, unrest in the region has grown.
At that Saudi conference, Mr Trump met with Qatar's ruling emir Sheikh Tamim bin Hamad Al Thani."We are friends, we've been friends now for a long time, haven't we?" Trump asked at the meeting. "Our relationship is extremely good."
Извор: https://www.telegraph.co.uk/news/2017/06/05/four-countries-cut-diplomatic-ties-qatar-gulf-rift-deepens/
Аналитичко прашање Мултилатерала/МП
Што преставува овој документ?
ETS No.009
Protocol to the Convention for the Protection of Human Rights and Fundamental Freedoms
Reservation contained in the instrument of ratification, deposited on 10 April 1997 - Or. Eng.
In accordance with Article 64 of the Convention for the Protection of Human Rights and Fundamental Freedoms, the Republic of Macedonia makes the following reservation with regard to the right guaranteed by Article 2 of the Protocol to the abovementioned Convention:
Pursuant to Article 45 of the Constitution of the Republic of Macedonia, the right of parents to ensure education and teaching in conformity with their own religious and philosophical convictions cannot be realised through primary private education, in the Republic of Macedonia.
Article 45 of the Constitution reads as follows:
"Citizens have a right to establish private schools at all levels of education, with the exception of primary education, under conditions determined by law".
Period covered: 10/04/1997 -
Articles concerned : 2