СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБИ И ПРИГОВОРИ НА ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ


УПР0101Г04000 Помлад референт
Ивана Момироска Танеска
Тел: 3094-202
i.momiroska@aa.mk
Ниво и звање: Г4 - помлад референт
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за одлучување по жалби и приговори на државни службеници


Работни цели:
- обезбедување на ефикасна административна поддршка на фунциите на Одделението во врска со работата на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен, под надзор и контрола на раководителот на Одделението.


Работни задачи и обврски:
изработува предлог за работа на седница на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен;
изработува и доставува известување до Претседателот и членовите на Комисијата за  одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен за времето и местото на одржување на седницата;
води записник за одржана седница на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен;
ги подготвува пропратните писма за доставување на одлуките, решенијата или заклучоците на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен до првостепениот орган;
ги архивира завршените предмети на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен;
води евиденција на донесените одлуки, решенија и заклучоци на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен до првостепениот орган;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни  службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:
- познавање на општи прописи од административната област и прописите за канцелариско и архивско работење


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование и работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Гимназиско
- за нивото Г4 со или без работно искуство во струката;


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување.