ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

УПР0101В04000 Помлад соработник
Марјана Зафировска
Тел: 3094-203
m.zafirovska@aa.mk
Ниво и звање: В4 - помлад соработник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за управување со човечки ресурси


Работни цели:
- ефикасно спроведување на прописите и постапките за стручно усовршување на вработените во Агенцијата;
- ажурни евиденции од областа на трудот.


Работни задачи и обврски:
- изработува Годишен план за обуки и Извештај за негова реализација, го координира процесот и води евиденција за стручното усовршување на вработените во Агенцијата;
- врши комплетирање и безбедно чување на работните досиеа на вработените и грижа за заштитата на личните податоци содржани во персоналните досиеа на вработените во Агенцијата;
- ја води и ажурира Книгата за евиденција на вработените и работната карта (табеларен преглед) на вработените во Агенцијата;
- изработува потврди во врска со службеничкиот однос на вработените;
- врши пријавување-одјавување на вработените во Агенцијата за вработување на Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Фондот за здравствено осигурување и преземање и предавање на електронските здравствени картички;
- ги координира активностите за изработка на Прегледот за присутност на работа за вработените во Агенцијата;
- организира пополнување на Анкетните листи и Изјавите за судир на интереси на вработените, нивно чување и доставување до надлежните институции;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Правни науки, Социологија или Политички науки
- за нивото В4 со или без работно искуство во струката.


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.