СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСПИТИ, ИНТЕРВЈУ И ТЕСТ НА ЛИЧНОСТ


УПР0101В04000 Помлад соработник

Мераљ Шерифи
Тел: 3094-260
m.sherifi@aa.mk
Ниво и звање: В4 - помлад соработник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за спроведување на испити и интервју


Работни цели:
- ефикасно спроведување на испитите и интервјуата
- обезбедување превод од македонски на ангилски јазик и обратно, за потребите на Агенцијата


Работни задачи и обврски:
- ги следи и применува прописите за селекција и вработување во јавниот сектор;
- изработува нацрт-записници за спроведени испити и интервјуа;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на  директорот на Агенцијата;
- врши превод од македонски на албански јазик и обратно, за потребите на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и во други институции;
- по потреба, учествува како претседател или заменик, во работата на Комисиите за селекција за вработување по јавен оглас;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:
- познавање на прописите за селекција и вработување во јавниот сектор;
- познавање на англиски јазик


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Општествени науки
- за нивото В4 со или без работно искуство во струката.


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.