СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НОРМАТИВНО-ПРАВНИ РАБОТИ И СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР


УПР0101Б04000 Раководител на Одделение 
Димитар Каранфиловски
Тел: 3094-206
d.karanfilovski@aa.mk
Ниво и звање: Б4 - раководител на одделение
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Сектор за правни работи


Работни цели:
- обезбедување нормативно–правна поддршка при работењето на Агенцијата;
- соработка со институциите во јавниот сектор заради исполнување на обврски од посебните закони;
- заштита на правата на административните службеници кои произлегуваат од службеничкиот однос.


Работни задачи и обврски:
- раководи со Одделението (ја организира, насочува и координира работата, врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите, ги распоредува работите и задачите на вработените во Одделението, се грижи за работната дисциплина на вработените во Одделението и дава стручна помош, совети и врши менторство на  административни службеници од Агенцијата);
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- изработува предлози на: стратешки план, програма за работа, буџет, извештај за работа, функционална анализа, акти за внатрешна организација и систематизација на работните места и план за обуки на вработените во Одделението, како и месечни, квартални, полугодишни и годишни извештаи од аспект на делокругот на работа на Одделението;
- ги предлага и спроведува процедурите од делокруг на работа на Одделението во рамки на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2008;
- ги оценува вработените во Одделението и може да учествува  во оценување на административни службеници во Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- соработува со административни службеници од Агенцијата и од институциите од јавниот сектор, за прашања од делокруг на работа на Одделението;
- изработува документи кои произлегуваат од соработката со институциите од јавниот сектор, заради исполнување на обврските на Агенцијата кои произлегуваат од посебните закони;
- изработува одговори и укажувања во врска со поднесените претставки и предлози до Агенцијата, во согласност со Законот за постапување по претставки и предлози;
- ги изработува и ажурира  плановите за одбрана на Агенцијата и соработува со овластени лица од Министерството за одбрана;
- врши контрола на правното оформување на процедурите од Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2008 од надлежност на Агенцијата.


Други посебни услови:
- познавање на посебните закони од областа за која што е надлежен, а кои произлегуваат од описот на работните задачи и обврски


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Правни науки
- за нивото Б4 најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици  на  Европската Унија (англискифранцускигермански),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
- потврда за положен испит за административно управување


Потребни општи работни компетенции на напредно ниво се:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење;  и
- финансиско управување.