СЕКТОР ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВЕН ОГЛАС И АДМИНИСТРАТИВНА СЕЛЕКЦИЈА


УПР0101В03000 Соработник

Александра Трпкоска
Тел: 3094-245
a.trpkoska@aa.mk
Ниво и звање: В3 – Соработник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговарен пред: раководител на Одделение за јавен оглас и административна селекција

 

Работни цели:

- ефикасно и навремено спроведување на административната селекција


Работни задачи и обрски:

- врши проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, приложените докази кон пријавата и нивно бодирање за секој кандидат посебно;
- изработува нацрт: Записник за спроведена административна селекција;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- дава стручна помош, совети и врши менторство на административните службеници од пониските нивоа;
- учествува во оценувањето на административните службеници во Агенцијата и други институции;
- по потреба учествува како претседател или заменик, во работата на Комисиите за селекција за вработување по јавен оглас;
- соработува со другите административни службеници од Агенцијата.


Други посебни услови:

– познавање на прописите за селекција и вработување во јавниот сектор


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации и работно искуство, и тоа: 
- за нивото В3 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- вид на образование: Социјална работа и социјална политика, Правни науки или Јавна управа и администрација
- за нивото В3 најмалку една година работно искуство во струката.


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;   
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување.