СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТРУЧНИ РАБОТИ И АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ


УПР0101В04000 Помлад соработник

Трајче Мишевски
Тел: 3094-237
t.misevski@aa.mk
Ниво и звање: В4 - помлад соработник
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за стручни работи и архивско и канцелариско работење


Работни цели:
ефективен, ефикасен и квалитетен прием, евиденција и издавање на техничките средства, канцелариски и друг потрошен материјал на Агенцијата


Работни задачи и обврски:
- прием, евиденција, изработување и издавање на реверси за техничките средства, канцеларискиот и друг потрошен материјал од магацинот на Агенцијата;
- изработува периодични извештаи за состојбата на материјалите  и ситниот инвентар во магацинот во Агенцијата, извештаи за издадени реверси и др.
- следење на состојбата со залихите во магацинот и навремено предлага набавување на средства и материјали;
- водење на картотека и евиденција за примените и за издадените технички средства  и друг потрошен материјал;
- составување приемници и издавање листи за примените, односно издадените материјали;
- по потреба презема и  доставува предмети и други документи за и од Агенцијата, управува со патничките моторни возила на Агенцијата и врши превоз на вработените за службени потреби;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници од Агенцијата и други институции;
- соработува со другите административни службеници во Агенцијата.


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за нивоата B2, В3 и В4 ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- вид на образование: Организациони науки и управување (менаџмент)  или Економски науки  
- за нивото В4 со или без работно искуство во струката;


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување.


Други посебни услови:

Возачка дозвола „Б“категорија