СЕКТОР ЗА СТРУЧНО - АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТРУЧНИ РАБОТИ И АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ


УПР0101Г02000 Виш референт

Верица Ѓеорѓиева
Тел: 3094-200
v.gorgieva@aa.mk
Ниво и звање: Г2 - виш референт
Број на извршители: 1 (еден)
Одговорен пред: раководителот на Одделение за стручни работи и архивско и канцелариско работење


Работни цели:
- ефикасно и квалитетно извршување на административно-технички работи за потребите на Секторот и Агенцијата 


Работни задачи и обврски:
- ги доставува интерните доставни книги до раководните административни службеници и се грижи за нивно враќање во писарницата  на Агенцијата;
- помага во извршување на работите на писарницата и архивата на Агенцијата;
- врши фотокопирање на материјали и документи и навремено информира за потребата  од  сервисирање на апаратите за фотокопирање на Агенцијата;
- врши прием на телефонските повици на централата на Агенцијата;
- ги прима, дава на користење, врши средување и се грижи за безбедно чување и заштита од оштетување на „Службен весник на Република Македонија“ и издава реверси за примероците дадени на користење;
- во својство на овластено лице, се грижи за доследна примена на Законот за заштита од пушење;
- учествува во работата на комисии и други работни тела, формирани со решение на директорот на Агенцијата;
- учествува во оценувањето на административните службеници од Агенцијата и на административни службеници во други институции;
- соработува со другите административни службеници во Агенцијата.


Општите услови за работните места од членот 6 на овој правилник се утврдени со Законот за административните службеници, и тоа: 
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


Стручни квалификации за сите нивоа - ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование и работно искуство, и тоа:
- вид на образование: Гимназиско  
- за нивото Г2 најмалку две години работно искуство во струката;


Посебни работни компетенции, и тоа:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење


Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување.